Кај нас маж ми е пушач, ама пуши на тераса заради синчето. Сите гости што доаѓаат кај нас, а пушат цигари, го прават тоа на тераса.
јас како бивши пушач не дозволувам да се пуши по дома . можеби ќе се помирам да е во дневна со отворени прозорци доколку е неизбежно и ќе се луфтираме 3 дена ама таму дека се спие нема шанси никако!
Дома кај нас не доага во предвид некој да запали цигара, пушиме само надвор, е сега ако дојде некој гостин страствен пушач неможеме да го избркаме само затоа што сакал да запали цигара, во тој случај правиме отстапки. Но кога се работи за нас нема отстапки пушење(цигари) само надвор се останато е дозолено. Шала на страна мислам дека е ужасна навика и многу штетна да се пуши внатре бидејќи димот се лепии на се живо и вие можеби не осеќате во моментот но верувајте дека алиштата смрдат одвратно од цигарите. Затоа излезете си надвор во двор или тераса издувајте 1 и потоа вратете се во чисто. Јас искрено не сум голем/а љубител/ка на пушење кога се во прашање цигари, пушам десетина цигари дневно бидејќи не само што е трујат цигарите туку и здивот го упропастуваат и затоа пушам многу малку. ИНАКУ ПРОБА ДА ЃИ ОТКАЖАМ НО НЕМОЖАМ.
Пред да забременам и јас и маж ми бевме пушачи, ама и двајцата ги оставивме цигарите. Претходно сме пушеле и дома и не ми сметало. Сега ми смета цигара, како бивши пушач гледам како им било на тие околу мене што не пушат, пушач не може да го осети тој мирис, тој си го носи со себе, ама јас сега оддалеку намирисувам пушач. Сега со бебе не дозволувам да се пуши дома, а и немам потреба да кажувам, си знаат и си пушат на тераса.
НИКАКО ! И јас знам да запалам цигара со кафе но секогаш на балкон се прави тоа.За гости да бидам искрен ама ИЧ не се замарам знаат дека не се пуши и тоа е тоа .Не ги двојам гостите некој да запали некој не ..и кумот да ми е на гости ке важи и за него ( иако е непушач ) . Не дека толку ми смета или сум педантерија но едноставно си имам принцип кај што престојувам несакам да биде зачадено .Ме нервираат луѓе што немаат осет кога некаде ке отидат и со цигарите се како оџак од железара ,посебно кога е друштво во прашање собрано .Ме нервираат кога дома несакаат да се пуши а 1ви се да ти направат пушнича од станот .Така да кој се лути нека не доаѓа кај мене (ОСВЕН ако не му смета балкон ) или ке се дружиме некаде на др место ....
Пушење - само на балкон!!! Ние сме пушачи ама и во најголемата зима - или најголемите жештини излегуваме надвор. Кога се пушеше внатре ѕидовите пожолтеа, се смрдеше на цигари, кога бришев прашина крпата се правеше скроз жолта од што се налепил чадот. И плус многу пајажини се правеа. Така пред 2 години решивме, пушење само надвор, дири и гости кога доаѓаат.
Колку само ме нервира пушење во куќа . Дома само јас не сум пушач, а дома ми е задимено мислиш се запалило нешто. Колку и да им збори човек дека смета, дома не треба џабе бе човече они си тераат свој филм.
Jас и татко ми пушиме цигари кај нас во куќа, а на мајка ми и смета миризбата, па мораме понекад на тераса.
Јас, сестра ми и мајка ми не пушиме, едноставно ја мразам таквата миризба, но тато да и поради тоа тато секогаш пуши на тераса кога сме ние во истата просторија, а ако не сме иако нема да пуши на тераса сепак мора да ги отвори прозорите и вратите од таа просторија!
Кај мене не смее цигара да се внесе внатре, а камо ли па да се пуши!!! Ми смета миризбата и кашлам од тоа! Неможам да разберам што е „вкусно“ кај пушењето...
Дома никој не пушиме,исто имаме забрана и за гости,за срека повеќето се разбрани не прават никаков проблем па за што некој да ме труе дома ,имавме случаеви од роднини да одиш кај нив дома излегуваат на балкон демек да не си чадат дома,а ќе дојдат кај тебе и одма на маса цигарите,е не може така жал ми е
Кај мене само татко ми пуши, меѓутоа се чини како сите да пушиме, а не само он. Цигара за цигара е работава кај него што искрено многу ми пречи бидејќи пуши во сите соби освен во мојата каде што има забрана од мене. Не ми се седи во иста соба со него, ептен претерува со цигарите.
Не сум активен пушач, но знам да запалам понекогаш и тоа е строго на тераса! И не ми е срам да им кажам на гостите дека не се пуши дома, освен во ретки случаи, кога имаме некоја слава или слично. И да, културно е секој да праша пред да запали цигара, ме нервираат тие што не прашуваат и палат
ОД чиста култура пушачите би требало да прашуваат дали може да запалат цигара... И, ако во сите ресторани и кафичи е забрането пушењето, дома, каде што живееме, јадеме, пиеме, спиеме, имаме деца, треба да биде дозволено? Не ми смета мене лично, зашто мм пуши, но не би сакала секоја вечер да имам магли по дома и да варосувам секоја пролет.
Имам разбирање за пушачите, навика им е, им се пуши, ама треба да имаат осет. Имав дома на чување две внучиња и дојдоа други гости каде мажот пуши. Од гостиве го замолија, никој не пуши, има мали деца тука, оди на балкон ако сакаш. Ма какви! Ај едно цигаре да запалеше, ама минимум 10 тина ги запали. Сите не исчади. Пушач без осет. И себичен. Битно му е само неговото задоволство. И на крајот дотрпнав веќе, го зедов пепелникот и не го донесов назад. А, кај истиов човек дома не смее да се пуши внатре зошто жена му не можела стално да пери завеси и да варосуваат ѕидови. Тоа е најчест проблем дома. Доаѓа пушач и нема разбирање дека дома никој не пуши и дека ни пречи. Од култура нека излези на балкон, или нека запали 1-2 цигариња ако му е до толку. Ама понекогаш по цела кутија ја пушат.