Ми смета но пушат само во дневната, јас и мм сме непушачи и ми е гад ама тоа е.. Понатака кога ќе се преселиме некаде нема да давам
Дома имам двајца пушачи-мама и тато...Може да се пуши во секоја соба,освен во мојата-ретко дозволувам...И гости кога доаѓаат,ќе седнат во кујната(има и маса и столици,на некој начин како дневна соба претставува,сите се научени таму да седат) и пушат.
Кај нас дома само брат ми е пушач и нормално пуши надвор, и гостите знаат дека не се пуши кај нас дома па избегнуваат да пушат. Има некој дури се инатат е зошто не се пуши овде , кога брат ми во својот дом излегува надвор кога температурата е под нула за другите се знае, треба ептен без осет да е човек.
Кај мене дома се пуши,сите четворица пушиме,гостите исто Разбирам кога ке отидам на гости и ти не пушат,го почитувам тоа и одам на тераса,но не ги разбирам оние кои се пушачи а кај нив не смее да се пуши,па тие сигурно не дремат нон стоп надвор на цигара.Кога ке спомнеме така низ муабет за цигари самите велат па да пушиме и внатре понекогаш,а кога ке им отидеш на гости ајдее надвор а кај оние непушачи ми е во ред,го прифаќам тоа најнормално за да излезам надвор,но тие најчесто од култура ти велат да запалиш да не се мрзнеш надвор.
Никако. Не ми сметаат цигарите, ми смета димот. Многу грозно чувство е кога кожата ќе ти мириса на цигари откако си бил во некоја просторија каде што се пушело.
Бев пушач, пушев низ цела куќа и не ми пречеше, од кога ги оставив цигарите сменив мислње и видов колку несовесна сум била,...сфатив дека поубаво се диши, не спијам во чад, облеката и намештајот не мирисаат на цигари, па така замолив и останатите да го почитуваат истото, сега заради приновата во домот секако ќе мора да се придржуваат сите кон тоа ама и во иднина ќе гледаме да остани така
Кај нас дома не се пуши, освен кога ќе ни дојдат гости и нели, неможеш да им кажеш неможе да запалиш. Инаку пушачи сме сите со тоа што сестра ми, не пуши пред моите па се крие. Инаку ние останатите мајка ми, татко ми, и јас кога треба да запалиме излегуваме надвор. Мислам дека нема ништо да ми биде ако цигарата ја испушам надвор а не внатре, затоа што ужасно мириса и чадот се лепи на секаде. Не пушам многу десетина цигари на ден, и свесна сум дека се лепи димот на коса, облека... но што да правам тоа е уште една лоша навика.
Јас сум непушач и голем противник за цигарите. Во мојот дом не се пуши,иако има двајца страсни пушачи.Нивното место за пушење е балконот. Правилото важи и за гостите.Строго го почитуваме законот,а и го спроведуваме дури и во домашни услови
да се пуши во цела куќа бидејќи сме мнозинство пушачи но навистина понекогаш и мене ми смета кога ке влезам во мојата соба и се чуствува мирис на цигари и колку пати сум рекла нема да пушам каде што спијам но залудно
Се пуши кај нас дома. Јас кога сум во близина не пушам, се гушам од димот. А на имендени или поголеми слави кога се собираат луѓе кај нас дома, мајка ми пали свеќа. Демек тоа собирало чадот. Нема врска.. Кога ќе имам свој дом не би дозволила да се пуши дома.
Кај мене дома,внатре,не се пуши.Има си посебно место за тоа-балконот.Родителите на гостите им забрануваат поради здравствени причини,за нас и чисто онака поради непријатниот мирис,димот. А инаку никој од моите родители не е пушач.(Уште една причина зошто да сум горда на нив )
Кај нас никој не пуши цигари освен мајка ми поретко, ама веќе кога пали цигара си излегува на тераса, а гости кога имаме незгодно им е на мојве да им речат не, а и онака не ни прашуваат повеќето од нив и си пушат во дневната и одма после тоа отвораме прозорци да се излуфтира .... А во соба кај мене јас не оставам никој да пуши значи забрането е, само еднаш дечко ми има добиено дозвола да запали цигара, стварно неможам да го поднесам чадот и миризбата од цигарите.
Кај нас не се пуши освен кај мене в соба, после долги преговори и караници со мајка ми. ..а да, и в купатило навечер може да се пуши за да не и чадам на сестра ми дури спие.
Јас не давам да се пуши кај мене. Пред да се преселиме се пушеше, ама сега не давам ( башка се вадам на бебето ) Пушат и мм и баба ми ( со неа сме ), ама си излегуваат надвор. А и гости кога ќе дојдат си излегуваат на тераса. Ептен кога беше ладно им давав да седат во кујна, ама со отворена врата, па исто им се фаќаше
Аман бе луѓе,ко ке слушнам вакви муабети: Aааа кај мене нема шанса ке го убијам, нека проба, не се пуши му велиме... се ежам. Јас да сум никогаш нема на гости да ви стапнам. Па гости се,саат два нема да ви се сруши свилената ви куќа.
Кога ќе ми дојде некој на гости како да му речам ,, Еј не пуши! Тука не се пали цигара!,, Како прво незгодно ми е, како второ знам дека уште еднаш нема да дојдат.
Kај нас не се пуши откако се породив со првото синче,значи тоа се веќе 4 години,и тоа апсолутно во ниедна соба.Оние кои што сакаат да запалат си знаат,правец тераса.И така планирам да остане уште долго иако и јас сум пушач,немам никакви намери да дозволам да ми се пуши дома.