Со оглед на тоа што и двајцата родители ми се пушачи кај нас во дневна и кујна се пуши.Но во собата моја не дозволувам да се пуши.И така никоја од другарките или другарите не е пушач.Се случило само еднаш на една другарка дечкото да пуши но со отворен прозор и не се чувствуваше ништо.Тоа ми е многу глупаво на гостин да му кажам не се пуши.Ај на моите дома нормално можам да им кажам а и ни они не се осмелуваат кај мене во децка да запалат цигара, но на гостин не ми иде некако.Освен ако има мало детенце или поради некои здравствени причини.Тогаш претпоставувам и самите гости би се воздржале.
До сега не ми се случило некој да ми дојде дома и да си запали цигара без да праша. Кај мене не се пуши, никаде. Никој по дома не е пушач, и многу сум среќна заради тоа, мразам мирис на цигари по облека, коса и општо низ дома.
Само татко ми пуши. Летен период секогаш надвор,вака кога е зима,по ладно може некад така да запали и дома. А кога ќе ни дојдат гости,сите пушат и не се гледа прст пред очи.
Кај мене татко ми пуши, но мајками не му дава внатре. Сирот тој надвор во зимо си мрзне за цигара, а во лето си пуши на тараса кога си сака.
Само татко ми пуши и тоа не дома, туку надвор на тераса. Исто и гости кога ќе ни дојдат не пишат дома излегуваат до тераса на 5 минути и се враќаат
Нема пушење внатре. За во зима имам еден дебел дуксер , стои на тераса и кој сака да пуши, го облекува
Татко ми не пуши, ги откажа уште пред 8 години. А мајка ми некогаш зема по некоја цигара, ама тоа една цигара во неделата. Кога е лето пуши на тераса, а кога е зима никаде.
Мразам кога некој пуши цигари во домот. Мајка ми постојано пуши цигари, па и кога другарка и ќе дојде, цела соба чад. А, го мразам мирисот на цигари, и се поврзано со цигарите.
Не сум тип што не поднесува цигари, дури може да ми се деси и да запалам една-две на подолг временски период ако излезам на кафе со другарка што пуши и ме фати мерак. Мајка ми пуши дома и тоа без осет пуши она, некогаш знае да ми присмета поготово сабајле нерасонета или пред спиење ама тоа е тоа, навикната сум од мала. Кога ќе имам сопствен дом нема да има пушење дома, и онака дечко ми мрази цигари од дното на душата и некогаш кога ќе дојде девојката на брат му и пуши во соба тој кога ќе си дојде од работа одма осеќа и се нервира, се вади од такт. Така да ако веќе сме непушачи не би сакала ни јас пушење дома, но од друга страна па многу е глупаво на гости да им забраниш, така да за во дневна мислам дека ќе правам исклучок. Инаку брат ми бидејќи спортува и тој не поднесува цигари и нон стоп се кара со мајка ми на таа тема. И мајка ми и татко ми пушат, а јас и брат ми непушачи.
Целосно ги разбирам пушачите,и дека сакаат да пијат кафе со цигари,дека не можат подолго време да издржат без нив,ама и тие треба да имаат осет.Кога ќе отидеш кај непушач,запали 1-2 цигари,ако има можност излези на тераса,во двор.А не,дојдат на гости и цигара за цигара.Па чекај бре,ако јас самата себе не се трујам пушејќи цигари,зарем некој друг тоа да ми го прави индиректно.Ако сум сакала да вдишувам чад самата ќе пушам цигари,а не некој да ми става цигара под нос и да се губам во чад како гуска во магла.
Воопшто не ги сакам цигарите.Кога ќе дојде некој на гости што пуши косата ми се крева!Незнам како тие немаат осет и разбирање дека сите ние не ги поднесуваме цигарите.Ми седи дома и уште ме труе.
кај нас дома пушевме цигари додека да останам трудна бидејќи и јас и мм бевме пушачи, ама откако останав трудна почна да ми смета мирисот на цигари и од тогаш престанав да пушам и не ни планирам пак да почнам, сум била глупа што сум пушела вака ми е многу подобро. Мм сеуште пуши ама надвор на тераса и кој и да дојде на гости си пуши надвор, имам мало бебе не планирам да го трујам и гушам со чадот од цигарите па ако сака некој нека се лути ми е гајле
И ние непушачи. А не давам на гости да ми пушат дома. Ни една цигара! Повеќето од нив и дома пушат на тераса и ужасно ме нервира кога ќе ми дојдат дома и ќе ми бараат да ми пушат внатре. Они без срам јас без уште поголем. Нема да се трујам за никого.
Дома нема шанси. Кој сака да пуши културно ќе си излезе на тераса. Или евентуално во кујна со затворена врата и отворен прозор. Стварно не поднесувам цигари, така да ако си дошол да пушиш, подобро ич не доаѓај!
Никој не е пушач дома али гости коа идат не ми е згодно да му речам да не пушат. Е сеа иам една екипа стварно една по друга палат и им викам да намалат, а коа више ептен не се дише ладно - не ладно им отварам врата од тараса.