Јас палам понекогаш, ретко, ама никако не палам дома оти превише ми смета да седам во соба што мириса на цигари или некој да ми дојде во собата и да мириса. Кај нас дома никој друг не е пушач ама, кога ќе дојдат гости се пуши внатре. Посебно тетка ми, таа пуши по две кутии на ден, на гости останува по неколку дена и без осет е значи, татко ми има 3 операции правено, ама таа маки нема, му магли по цело време. А секогаш кога ќе и кажеме да не пуши дома таа се лути, доаѓа во мојата соба и таму ми пуши и кога ќе и кажам дека и мене ми смета, дека не можам да спијам, пак се лути, си излегува или ќе се направи дека не ме слуша и нареден ден пак си почнува одново.
Татко ми чуреше дома до ноември.Јас ретко палам во дневна.Пушам во ВЦ или на тераса.Во соба палам само преку лето кога е отворено сè.И тоа ретко кога, ич не сакам да ми пуши некој во соба и да ми смрди на цигари
Не ми е проблем, иако сум непушач. Што се однесува до гостите, инсистирам да пушат внатре. На повеќето им е поубаво на тераса. Кога е зима пушат внатре. Маж ми по навика пуши на тераса.
Ние дома не пушиме ама ако дојде некој пали цигара. Има некои не палат излегуваат ама повеќето внатре
Строго не. Дома никој не пушиме. Кој толку сака, надвор на тераса. Дури и едно да е дома после смрди со денови.
Еее...кај нас дневната е пушарна... А, пак кога ќе дојдат и пушачи на гости кај нас...во дневната не се дише, дури и не се види убаво од тој чадот.
Не се пуши кај нас. Јас и маж ми не пушиме и досега никој и нема прашано да пали внатре, сите излегуваат надвор за цигара.
Растев во семејство на непушачи и тие навики ги продолжив и понатаму во животот, кога и не живеев со нив. Со пушач не можам да живеам никако, ниту би дозволил пушење во мојот дом. Имам среќа што со луѓето кои се дружам, скоро па сите се непушачи и немам никаков проблем. А, тие што се, без око да ми трепне покажувам на балкон. Па, ако не можат да издржат неколку часа додека се на гости, нека повелат, нека пушат на ладното. Всушност, дури и така ми смета димот од цигарите, затоа што самите мирисаат на него, облеката им мириса. Толку многу ми сметаат цигарите што кога се враќам дома од место каде што се пушело, прво што правам, ги фрлам сите алишта за перење, и удирам туш.
Исто скроз и кај мене, никој не пуши цигари и ич не сум навикната, многу ми сметаат. За среќа и во мое друштво никој не пуши цигари, па немам вакви маки. Ретко да доаѓал некој на гости дома што пуши цигари, па ептен ако не можел да издржи на тераса излегувал да испуши некоја цигара, зошто знаеле дека ни пречи димот и не сме пушачи, бар за тоа имале разбирање луѓето, немало проблем. Во иднина и со дм кога ќе живеам исти правила би важеле, ако на некои гости наши им се пуши цигара на тераса слободно, во мој дом тие се правилата, ми смета димот од цигари и не би сакала никој да ми пуши цигари по дома.
Ќе се фајтаме Живеам со непушачи.Надвор ме мрзи последниве година дена да искачам, си отварам прозор, главата низ него и Или во вц А сама кога сум ширум прозорот и И прскам после и не мириса Ама чајџилница дома да правам не.
Кај нас дома не се пуши внатре, многу го мразам тој мирис, јас сум непушач, мм пуши или надвор кога е топло, зимно време имаме посебна просторија средена со маси,столици, кревет, може некој пушач и да си легне хаха. Ретко од гостите да пушат, тие што се пушачи сами си одат на тераса, ама зимно време во просторијата. Исто комшика што доаѓа таму си пуши па дури и таму си мезиме и седиме на пролет/лето. Повеќето пријатели ни се непушачи, а пушачите не се налутиле до сега, освен стрина на мм си палеше ама додека бевме во заедница и не ни беше реновирано, знаејќи дека свекрва ми има бронхитис, она и дозволува и доле кај неа, додека свекор ми нема шанси, непушачи се фала Богу, доле и на мм не му дозволува, си излегува надвор. И мајка ми е пушач и пуши на тераса или во летната кујна зимно време, си има греење таму и на гости негде кај што се пуши не пали, вика уште јас да запалам и димница, кај мене на тераса. Исто кога одиме на гости кај пушачи надвор си пушат и мм излегува, освен кај бивши колега на мм, сите внатре ни да отворат прозор ни ништо, се угушив, почнав да кашлам, солзи од очи да ми течат и од тогаш не одам таму. И многу ми е чудно што некои викаат срамота било зимно време да им кажете на гостите на тераса, нема да мрзнеле, а не е срамота што немаат осет да пушат внатре и после неколку дена да неможам да излуфтирам, зимно време неможеме да се стоплиме, не да лифтирам неколку дена, не се грееме сите на парно, климата одвај ќе постигне, јас ќе отварам, отварам сабајле и навечер воздух да влезе, гостите ако сакаат да се чувствуваат убаво, исто и домаќините треба, не во свој дом да седам како на трња и одвај да чекам да си одат.