1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пушење цигари во соба кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Melaniiii, 26 октомври 2012.

  1. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    Па феминки ајде да слушнам ваше мислење за оваа тема.
    Јас сум против пушењето цигари во дневна соба додека престојува бебчето. Но кога би дошла до овој случај како да постапам со таквите луге?
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    пушење кај мене дома не дозволувам а не пак кај бебе :x :x
    инаку ако дојде до таква ситуација мислам дека сидурно би му кажала дирекно и ке го замолам да ја напушти просторијата или јас со бебето ке си заминам во друга соба сега зависи каква е ситуацијата дали маж ти ке пуши или свекор или сасем 3 цовек ама у целина кој сака нека биде ке го измарширам поштено за сите пари
     
  3. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Јас сум многу против пушењето, а посебно во присуствно на малао бебе. Па кој и да дојде на гости треба да е свесен дека оде кај мало бебе и не може да пуши или да се заседнува со саати. Јас јасно ќе се кажам дека кај мене дома не се пуши доколку сака слободно на тераса нека иде. Посебно сега кога собите се затоплуваат и не можеш да седиш со отворени врати, стварно треба да се без осет луѓето па да сакаат да пушат пред мало дете.
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.184
    До сега не сум била во ваква ситуација.
    Децата сега имаат (скоро) 6 и 8, па се уште никој не пали цигара пред нив, или барем застануваат на прозор.
    Ама кога би се случило да има некој што толку нема осет, би го „евакуирала“ бебето во друга соба, ако веќе човекот не го чувствувам за толку близок да му кажам дека ми пречи што пуши во присуство на бебето.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Да отидеш на гости кај што има бебе и да запалиш цигара во истата соба е невиден безобразлук и себичност. Не би ни викнала гостин што нема основна култура и би ми го зачадил цел стан за еден саат.
    Ако некој не може да се врздржи саат-два без цигара додека ми е на гости, ич не мора ни да ми доаѓа,ќе се видиме надвор на отворено во друга прилика.
     
    На girl.23 и Annath им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Ние сме непушачи со сопругот и не дозволуваме да пуши дома никој од гостите во наше присуство. За во присуство на бебето да не станува збор. Нема изговор, не се пуши и готово. Мој дом, мои правила. Кај нас сите блиски роднини и пријатели знаат и кога ќе дојдат ако сакаат да пушат излегуваат право на тераса, знаат каде стои пепеларата. Важно е како ќе се поставиш, ако дозволиш една цигара исто како да си дозволила цела кутија.
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Јас да имам бебе и некој да ми запали цигаре, би му рекла без око да ми трепне.

    Ако тој/таа нема срам, јас да имам срам да речам, што се гуши бебето во чад.?

    Знаеме колку се нежни бебињата. Мене ми сметаат цигарите, не па на бебе... :!:

    Иако, имам видено многу случаеви каде родителите си пушат цигари пред бебето...И го жалам таквото бебе, а родителите би ги треснала од ѕид. :fubar:
     
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома не се пуши и сите почитуваат ! Кој пуши на тераса може да излезе слободно :D
    инаку кога бев кај мајками 3 недели на одмор, им реков дека додека сум таму не сакам да пушат дома , и го почитуваа тоа и излегуваа на тераса за цигара .. и плус предвреме им се најавив да знаат да престанат дома со цигари :$ да се излувтира малце од малце
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас иако сум пушач не дозволувам пушење во присуство на деца ,а особено на бебиња.Избегнувам да одам кај роднини /пријатели каде што се пуши внатре затоа што сметам дека иако во моментот нема запалено цигара во воздухот и по мебелот сеуште има чад.Кога дома ќе ми дојдат пушачи уште од врата им кажувам јасно и гласно дека внатре не се пуши (за да не се доведеме во незгодна ситуација) и дека тоа можат слободно да го сторат надвор исто како што правам и јас.
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.230
    Пол:
    Женски
    Само човек без осет може да пуши во соба каде што има бебе. Јас не сум мајка но сум 4 кратна тетка, и кога и да иделе луѓе кај бебињата без срам и перде ги бркам на тераса да пушат. Инаку јас сум поранешен пушач, и не дозволувам кај мене да се пуши дома. Кој сака на балкон.
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Според мене некој да се дрзне да запали или пак и да праша дали бива да запали, а гледа дека има бебе, е ненормален, со најниско ниво на интелегенција. Крајно неразвиени мозоци :fubar:
    Неодамна видов една слика на нет, беше некој избор за незнам каква слика и бебе сликано како го бањаат, а на масата каде што е ставнео коритцето пепелара полна со пиквци(ама онака , што викаме уште вилушка да се земе и да си мезат од неа). Искрено бебето не го гледав ,зошто ми бидеше очи тоа лево ќоше од сликата. Страшно, а и жално, зошто очигледно домашните(најверојатно родителите) не си внимаваат на детето.
    Кај нас само маж ми пуши, но од кога сме заедно тој дома нема запалено, уште не живеевме заедно кога му кажав дека ми пречи што пуши внатре, тоа беше последен муабет околу таа тема.
    Досега ниту еден од гостите кои дошле не се направил паметен да запали цигара дома, но јас отворено си кажувам, ако треба и се расправам ,па се знае дека не смее да се пуши дома. Додуша уште додека живеев сама мои познаници кои доаѓале знаеле дека не смее да се пуши внатре, па така си остана тоа сега. Често знаеа да се нашалат (можеби и мислеле, но кој ги врти) и да кажат, “Само меУ не дава да пушиме внатре, не мрзне надвор“(обично зимно време), јас искрено од едно уво влегло низ друго излегло, па што сум јас крива што на некој не им иде паметот па се трујат, јас ќе ги мислам дали ќе мрзнат или не :geek:
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Јас, за жал сум пушач.
    Во просторија каде престојува бебе, па и поголемко дете не е во ред да се пуши. Исто така многу ме нервира кога ќе видам во кола некој да пуши, а во нејзе се вози дете. Замислете во тој мал простор ... страшно, а и не ми е јасно како не можат да се воздржат.
    Е сега, пушење дома....
    Да, дозволувам. И да, ми смета кога негде не ми дозволуваат ... но секако проценувам и самата колку е тоа во ред или не. Знаете како, и на нас пушачите не ни е пријатно да пушиме кај непушачи, едноставно не е во ред. Јас ќе си одам од таа куќа, но миризбата од цигарите им ја оставам (за спомен и основа за пцуење по мене).

    Е сега друга е ситуацијата во куќи каде еднаш се пуши, а следниот пат НЕ затоа што биле перени завесите. Го прифаќам и тоа...но враќам мило за драго. Доаѓа кај мене на гости еден другар, кај кој дозволата за пушење зависи од тоа дали жена му чистела, и го прашувам што ќе пие. Вика што имаш? Па ...имам се (сега не баш се, ама тоа де што обично пијат од друштвово :) ). Ок, ај ќе се напијам узо.
    И јас како стаписана..а не, извини, алкохол не служам, зошто јас не пијам, па и не дозволувам пиење, а и ... знаеш мене узото ми мириса и неможам да трпам.

    Поентата беше сватена.

    п.с. А врв на се ми е кога сите дома се пушачи, а пушат на тераса. не разбирам зошто кога доаѓаат на гости не излезат на тераса?
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Несфатливо ми е било кој да пуши внатре во станов згора на тоа со мало бебе. Мм пушеше, ама веќе добра година и пол ги остави. Не би да ми се пуши внатре, имаме затворена тераса која се отвара, па таму може. Инаку секаде каде има деца било дали е дозволено или не цигари никако не би глетка деца и цигари. Толку долго си ги носел во себе, си се пазел,и веќе ако му посакуваш се најдобро на своето дее зошто да го труеш?
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.877
    Допаѓања:
    102.894
    Пол:
    Женски
    Секако и јас сум голем противник да се пуши во близина на деца. Па што е криво тоа душиче да вдишува чад. А многу ме нервираат родители што пушат во близина на децата. :devil:

    Мојот тетин без да размислува кога и да одевме кај нив на гости цигарата е во близина на бебето. Ма секогаш.А пуши по 2 кутии на ден. И сега детево има 8 години и скоро цела зима од ноември до февруари е под антибиотици. И потоа се чудат зашто? Буквално го отруја детево со цигарите..

    Ниту јас ниту мм пушиме и не дозволуваме пушење дома па и во близина на керка ми , кој сака изволте имаме толкав балкон па нека си пуши надвор :)
     
  15. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    јас не дозволувам пушење во соба каде што е малиот....мм пуши но си излегува надвор кога ми идат гости јас фино лепо не ставам пепељара на масата и сите се свесни дека нема пушење кој сака слободно нека оди надвор :) а иначе не правам проблем за еден цигар ;) можеби некој ке рече дека и тоа е многу но јас мислам дека еден цигар не претставува богзнае каква штета :)
     
  16. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Кај нас и јас и мм сме пушачи. За зимно време ни беше адаптирна една соба за пушење, која исто како да си надвор- кочан студено- битно не те врне и не те вее. Таму пушевме и ние, а и гостите кои ни доаѓаа. И сите си почитуваа редот. Или пак надвор.
    Од оваа година, значи детето ми има 2 години, почнавме да пушиме дома, откако ќе го заспиеме малиот.А и тоа пушење се сведува на максимум 3-4 цигари, а не ловење лисици во магла.Сега е летно време, се разотворено, се луфтира нон стоп и е поинаку.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
  18. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    па зарем некој се осмелува да запали цигара во просторија каде што има бебе :fubar: па уште во неговата соба,мислам дека е премногу
     
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Боже зар има некој што тоа го прави? Ненормални
     
  20. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Скоро бевме на гости и човекот си запали цигара пред моето бебенце и му велам еее иде чадот од цирарето право во него а тој ми вели ај ај ништо му нее, јас го земав син ми и излегов надвор. Какви се луѓе има а ај земи ти запали цигара пред неговото внуче у топ ке те стави цццц