1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пушење цигари во соба кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Melaniiii, 26 октомври 2012.

  1. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ја побарав темава затоа што вчера читав нешто и прочитав дека мн е штетно да се пуши во близина на бебиње, имаше листа од негативни последици ама она што ми остави впечаток е дека пушењето во близина на бебе може да се поврзе со ненадејна смрт на бебето.
    Ние дома не сме пушачи и се знае,кога ќе дојдат гости кои пушат си одат на тараса,
    отсекогаш било така,и кога сме живееле и во стан и во куќа.
    (само еднаш ни се има случено зет му на мм да се направи паметен, јас јасно му покажав дека ми пречи и дека сум лута, вечерта кога си легнаа со жена му она му одржала лекција и веќе не се повтори)
    И сега кога сум бремена исто и тоа нема да се промени кога ќе се роди бебето.
    Кај нас во семјството само мајка ми е пушач ама и кај нив дома она оди на тараса,па за тоа не се секирам.
    Меѓутоа кога одам на гости кај било кој друг не отчекивам посебен третман. Секој со свои правила.
    Се разбира дека се зависи од домаќинот.
    Изминативе неколку месеци оние што знаат дека сум трудна ме прашуваат дали ќе ми пречи да запалат или пак без да речат нешто одат во друга соба или на тараса. Ептен сум благодарна за тоа но не отчекувам секој да се однесува така.
    За одење на гости со бебето, кај повеќето знам каде се пуши,каде не. Таму каде што не знам, ако планирам да одам со бебето ќе прашам, се пуши ли, (ако сме единствени гости) дали ќе ви пречи додека сме таму да пушите во др просторија, и тоа само онаму каде што сум доволно слободна да го прашам тоа.
    Ако знам дека се страсни пушачи воопшто не прашувам, едностано нема да појдам таму. Ќе ги викнам да дојдат кај кај нас на гости :lol:
    А за прослави, родендени итн, пак ако е кај мене дома, се знае каде се пуши (да знам, мн барам, како отчекувам гостите да излегуваат бла бла бал, јас почитувам кај нив дома па отчекувам и тие да почитуваат), а за на др места не одам со бебе, ќе си седам дома. А кога ќе размислам подобро, сум била и на слави каде што гостите (не знам дали сами по себе или некој ги има замолно) излегуваат надвор да пупшат.
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    никако не би сакала бебето да ми биде во близина на пушењто на цигари,никако во негова близина.
    па јас оти не пушам немозам да сум во блинина а не пак тоа мало.
    за среќа немам пушачи во фамилијава :)
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас сум пушач, кај мене дома се пуш. Но, доколку треба да дојде некој со бебе на гости, се луфтира се, буквално се прави промаја што е можно повеќе за убаво да се излуфтира. И затоа, кога доаѓаат ги замолувам ако е возможно бар еден ден унапред да се јават за да биде успешно луфтирањето а и во таа соба кај што ќе седи малото да не се пали цигара пред да дојде па се додека не си отиде.
    Другарка доаѓа со бебето и ми вика ти слободно запали, дома си, кај мене нема пушење тука прај што сакаш, ама јас и велам, јас не гледам дали ти ми дозволуваш, гледам за детето и ич не ми е гајле што тебе не ти смета, јас нема да пушам.
    Дури и да нема бебе, ако во некоја куќа не се пуши, јас не палам цигара иако не ми рекле неможе. А и на оттворено да сум, со бебе, се тргам на страна па палам цигара.
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    :clap: :clap: Среќни се тие што се околу тебе што те имаат.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Мене ми се најинтересни оние од постарите генерации што нон стоп викаат: Е де, ние пушевме кога бевте мали, па што ви е, види колку супер израснавте, да не ви фали нешто?
    :|
    Е ај уште да ни биде нешто. Срамота, без осет, страшно.

    Строго сум против пушењето цигари во соба на бебе, па дури и на помали дечиња.
    Тие се така нежни и кревки и кога ми доаѓаат мали дечиња, средени и бањати, наместо да мирисаат на убавко и Бекутан, они корнат на цигари, па стварно ме фаќа жал, а таа мајката што не може да ја остави цигарата стварно не ја сфаќам. :^) Не ми се јасни, никогаш нема да ги сфатам.
    Си решила да се труеш, твој избор, па барем детето не го труј.
    Ама што остана да се каже пак за оние што не ги оставаат цигарите и во текот на бременоста? :|

    А за гости сме флексибилни. Не сме пушачи, ама здравје ќе дозволувам да се пуши дома. И кај нас дома е така.
    За возрасни е секако друга ситуација (иако не ми е по ќејф), ама повеќе сакам да сум пристојна домаќинка, кај која луѓето ќе сакаат да се вратат на гости. :)

    Ова секако ќе важи додека не дојде бебе во домот. После очекувам од луѓето да имаат усул и осет.
    Ако немаат, не ми е проблем да им кажам, а од нив очекувам разбирање.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Јас сум пушач на пауза :lol:
    Во мојот дом и пред децата немало пушење а сега пак нема шанси некој да запали цигара во присуство на децата.
    Во кола пред да го ставиме седиштето за малиот сум пушела а од кога е наместено ни во кола немам запалено, впрочем тука е $550 казна ако пушиш во кола со деца испод 16 години, мада јас никако ни со туѓи не сум пушела а камоли со мои, не ми треба закон за нешто што би требало да е разумно однесување на секоја возрасна личност.

    Не правам отстапки ниту за родендени, ниту за ништо ако јас како сопственик на домот можам да излегувам надвор тогаш можат и гостите, тука до душа во скоро никаде дома не се пуши, можеби дека нема некоја зима ама скоро секаде надвор се пуши.

    Во Мк некако на гостите многу им се угодува и во домови каде што никој не пуши ти викат слободно запали си, никаде не сум запалила, можам да издржам саат-два без цигара а домаќините не се должни по мене се живо да перат затоа што со луфтирање не се вади смрдеата од цигарите а посебно кога станува збор за непушачи.

    Мене лично ми се качува косата на главата кога ќе видам мајки со цигарата во една рака а бебето во друга или се собрале друштво, мали деца еден куп а внатре димница, ништо немало да им биде на децата. :x
     
    На Edie.S и Mama25 им се допаѓа ова.
  7. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Имаш право за ова bittersweet,нажалост тука премногу им се угодува на гостите вистина е. А дали е потребно така? Според мене ако кај некој одам да го видам битно ми е тие саат време да си помуабетиме да си посветиме едни на други внимание а не кафето да го ставам пред се и мојот ќејф.
    Дури ако не им угодиш не ти ни доаѓаат, мрчат и тука престануваат контактите. Еве јас ќе кажам мој домашен пример. Мм е пушач ама дома не пали излегува на тераса и кога е ладно таму си го пие кафето. Пролетта кога се породив бев доведена во една ситуација кога зет од золва ми доаѓаше на гости и временцево бајаги затоплено мм сервираше мезе надвор на тераса (инаку и тој е пасивен пушач),кога по некое време слушам дека му сметало и престана да доаѓа бич увреден зашто седел надвор. Јас од пристојност никогаш не сум му рекла иако ми е дегутантно пред новороденче да димиш иако и јас сум била претходно пушач,но ги разбирам и едните и другите. Свеки е исто пушач па се караат со мм кога ќе и рече да искочи надвор настанува кавга дома од типот Јас веќе не ти доаѓам на гости,и ништо нема да му биде на детето и јас сум пушела трудна со тебе.Исто велеше и братучетками што ако пушам и тоа кога ќе порасне ќе ме труе :fubar: Млатење празна слама. Незнам зошто толку им смета да се вздржат барем на тој саат. Се си е до човекот!
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    ^Ете баш тој момент не го разбирам, не ми дозволуваш да ти ги трујам децата и да ти го усмрдувам домот, не ти доаѓам веќе..........епа нека не доаѓаат многу ми е гајле, ако некој не ги почитува правилата во мојот дом, не ми ни требаат,good riddance :D

    Не ги разбирам тие што немаат никаква совест и пушат односно ги трујат тие мали душички, јас сум возрасна и свесно бирам да се трујам, синовите мои не се пушачи, тие не одбрале свесно да се трујат туку јас ако си пушам пред нив тогаш свесно ги трујам а тоа според мене не е совесен родител.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Во собата каде што ми спие бебето нема да дозволам па незнам што да е....гости кога ќе има ако биде зачадено и го побараат бебето ќе речам неможе чад има не го изнесувам....а они ако немаат грам совест незнам што да речам.
     
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Не кај што е бебето... Во станот, додека бебето не е јас ќе одлучам кога спремно, нема пушење. Ладно било, незнам што било, ич уво не ми чуе. Мрш на тераса со цигарата, или едноставно не доаѓај! Јас сум бивши пушач ама ептен, и во спална кај што се спие не дозволувам цигари. Мм знаеше да запали во него ва соба, сега не се ни осмелува да се приближи до врата. Само свеки ми влага ко локомотива да оставела, да земела незнам што, па крекам ко луда нон стоп. Трудна сум па не ме штедат луѓево, а не па со мало бебе. Ама па затоа малку сум лоша, па ќе ги доведам во ред! ;) Исто и не сум гостопримлива за луѓе кои не знаат да го почитуваат мојот куќен ред. Не ти чини, не сакаш да почитуваш, не си добредојден. Јас кај тебе дома почитувам се!
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во право си, ама и гостите што доаѓаат не ќе пукнат ако не запалат цигаре еден саат. :^)

    Најтрагично ми е што повеќето дома не пушат или внимаваат, а на гости наголемо си пушат без гајле. :^)
    А, да запалиш цигаре кај бебе (па и кај деца, болни..) треба стварно да си чукнат во главата. :fubar:
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Слободно нека запалат! На тераса, во влез, во логија, секаде каде што е грч ладно и отворено. На топло пушење и бебе, ама ич не ми иде математиката. Јас сум одела кај триста бебиња как пушач, абе не ми текнува да запалам надвор, а не па внатре.
     
  13. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Кога ќе имам бебе,здравје боже,во никој случај нема да дозволам да пушат во негова близина.
    Ама не само во негова близина него општо дома.Си имате тераса бе луѓе,ако ви дошло до цигара и не можете да издржите слободно вратата и надвор.
    Нема лутиш тука,со фино ќе им речам извини ама не дозволувам внатре да се пуши.
    Демек ќе прицркнат ако не запалат цигара,па си дошол на гости кај мене или си дошол цигари да пушиш.
    И не зборувам само за бебе туку и кога ќе потпорасне детенцето. :|
    Јас ова не го оправдувам и не ме интересира.Што читам погоре некои пак и си смислуваат оправдание како ''студено било надвор ова она''-па ако е студено не пали воопшто цигара.
    Реков како сакаат тие,но јас на фин и културен начин ќе ги замолам и ќе им кажам дека не сакам цигари во близина на моето бебе/дете,лутеле или не тоа е. :wasntme:
     
  14. Mihaela.P

    Mihaela.P Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Јас сум пушач, но ниту дома кај мене не пушам внатре, освен кога имам гости. Од друга страна пак кога одам некаде на гости ако гледам дека има и други што пушат внатре, палам и јас, но кога во простооријата има бебиња или пак мали дечиња тоа никогаш не би си го дозволила.
    Јас дури и пред трудници внимавам. Ако сум со трудница во затворен простор секако дека нема да запалам цигара, а ако сме излезени некаде надвор пред да запалам (и покрај тоа што сме на отворено) прашувам, од каде да знам може и пречи или пак може и се лоши од чадот.
     
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Вчера бев на гости.
    Дојде сестрата на домаќинката која е пушач.
    Во собата дневната бевме еден куп луѓе, меѓу кои децата на сестрата и две трудници.
    Кога сакаш да запали побара пепељара и и рекоа дека се пуши на тараса.
    Таа се подналути малце и рече нешто како во стилот како не не идае често на гости, може да запалаи и внатре. Се тргна малце на страна ама пак пушеше внатре, и после неа друга гостинка си зема за дозвола и таа си пушеше внатре.
    Значи има и такви кои немаат осет, што да ви кажам. Забранувале ние или не, тоа тие е.
    Мислам на крај се се сведува на почит
     
  16. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Погрозно нешто-здравје!
    Многу ме иритираат луѓето кои дома мало бебе имаат,и кога им оди некој пушач гостин,му викаат пуши си,нема проблем
    Сеа,океј е да си гостопримлив,ама тоа :x
     
  17. xfactor55

    xfactor55 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    14
    ух,,кај да е и ние ќе имаме бебче за брзо,,и денес со мм баш за ова зборувавме..свеки пуши и тоа ненормално многу,,и јас му викам додека е мало бебчето не го носам во дневна ако пуши..респираторниот систем не е уште развиен па јас да го трујам,,а него па срам муе да му речи на мајкаму,,,тоа го гледа како некоја забрана..абре му викам човече таа сама знај дека не треба пред бебе да пуши,и овој вика е еее ти почна со правила и прописи итн,,абре му викам какви правила,,тоа цел свет го знае..мене чадот ми смета па не на бебето....јас сум голем противник за цигари,,кај мене дома кога бев не мажена никој не пушеше,,откако се омажив свеки нон стоп пуши,,другите ме поштедуваат кога ќе дојдат,,си викаат трудница,смета чадот,,итн,,ама свеки ич не го мисли тоа,,,вика навикната е таа свеки и пуши...и му викам на мм абе тебе ако не ти е гајле за бебето тоа е друга работа,,итн...и ок потоа си ги среди мислите,,и вика добро до 1 година нема да го носиме кај што пушат,,итн,,абе му викам кога ќе потпорасне тоа само ќе си знае,,ако муе ладно ќе бега од ладно,,ако му е жешко исто..ама додека е бебе,,,мора да се чува....не е тоа рака,,сите знаат за цигарите..и му викам ти мислиш кога бебето ќе биде вндевна мајкати ќе сака да пуши,?ќе сака да се занимава со малото,,и тој пак...ама ќе можи да го види кога сака,,абре му викам што ти е лелеееее,колку смешно ги сфајќаш работите..кој рече дека нема фда го гледа,,тоа енормална работа..како м иожи да нме го гледа,,нормално нема да ја фати цигарата и бебето истовремено...аиииииииии срам му е да му речи нешто на мајкаму,,,,божеее
     
  18. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^Не знам дали имаш прчитано некое мое мислење на темава.
    Кај нас дома нема пушачи, а во семејство само мајка ми пуши.
    Пред да забременам, ма и пред да почнам да размислувам за деца сериозно и имав милион пати кажано дека нема да и дадам да ја држи во раце ако пуши. (ова беше и како мотивација за да има за да престане да пуши затоа што се грижам за нејзиното здравје,ама и навистина го мислев).
    Откако дознав дека сум бремена она се спреше, ќе се откажува не знам ти што бла бла бла, се нема откажано.
    Вистина пуши помалце од претходно (барем мислам така затоа што сега не ја гледам често) ама мене тоа не ми прави разлика. Пред некој ден правевме муабет за нешто друго ама темава се протна пак и јас пак и кажав.
    Она ако сака да се труе, нејзин избор ама моето бебе нема да страда поради тоа.
    Вистина она пуши на тараса и дома и кај нас кога ќе дојде ама миризбата останува, алиштата корнат и здивот мн лошо и мириса. А и во една книга прочитав дека и тоа е доволно за да дојде до тоа синдром на ненадејна смрт на новороденче или како и да се вика. пишувше дека е ретко ама зошто да ризликивам јас за нејзина глупост?!
    За други работи може и ќе и прогледам низ прсти(мада тешко :lol: ) ама за ова нема шанси. И реков, имаше 9месеци да се откажеш ако сакаше. твој избор.
    Ако маж ти не сака да и рече нешто на свекрва ти, речи и ти. За здравјето на бебето се работи, ако не сакам мт да се застапува мораш ти. Не викам да се караш со неа, туку на фин начин прашај ја што мисли она на оваа тема и дали би и пречело откако ќе се роди бебето да не пуши околу него.
     
  19. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Jas i mm sme antipusaci.strasno ni smetaat cigarite..noviot stan momentalno go renovirame od koren pa kaj i da e ke se vselime za brzo..za brzo vreme ne ocekuva i imenden...gosti pusaci i nepusaci...imame balkon tamu neka si pusat...nesakam cisto izbeleno perdinjata i zidovite da mi smrdat na cad i da ne mozam da izluftiram edna nedela...ke ni dojde i bebe...istoto ke vazi duri i postrogo ako treba a za odenje na gosti kaj pusaci ke si prasam fino lepo i ke gi zamolam ako treba da ne pusat vo blizina dodeka sme tamu ako se soglasat okk sepak cuzdi dom...pa i rodninite i prijatelite se svesni deka preci na malo bebe... se izv za lat
     
  20. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    строго забрането, маж ми пуши, ама и тој излегува на балкон, штом тој излегува, немам никаков страм да кажам на било кој од гостите да излезе надвор, ако не сака па не мора ни да пуши... штом некој доаѓа на гости каде што има бебе треба самиот да биде на тоа свесен, тука спие бебе...