Јас сум ПРОТИВ! Кај нас дома не се пуши, тој што сака да пуши си оди на тераса, без разлика дали е домашен или гостин.
Муабетов може не е баш за овде, ама многу се нервирам кога во пушачките делови во некои кафичи (каде има пушачки дел) ќе видам мајка со бебе/дете . Јас таму никогаш не седам, но отстрана се гледаат облаци од чад и кога ќе поминам низ тој дел, од 1 секунда целата се смрдувам на чад, а не пак тоа нежно суштество да седи тука 1-2 часа. Какви мајки се тоа ???
И јас мислам дека не доаѓа во предвид да се пуши дома...Јас сум бремена и досега никако немам седено во зачадена просторија...Супер што и во локалите не се пуши И кога ќе дојде бебето и тогаш сигурно нема да се пуши бидејќи како што слушам полошо е да си пасивен пушач отколку активен За додуша и луѓето што доаѓаат се свесни и самите не пушат но сепак не е страмота да си кажеш кога се работи за нешто многу важно .......
Во собата каj син ми не давам ... а и искрено до сега никоj не ни прашал. А за во дневната ако видам дека палат одма го носам во собата и не го изнесувам.
пушењето е штетно за возрасен а не пак за бебе... не доаѓа предвид... ма каков срам бре да му кажам да испадне надвор да пуши.. ма се работи за здравје на мое дете... (кога ќе имам ) нема срам ниту перде се знае НАДВОР или пак нека издржи без цигара
не дозволувам да се пуши во собата кај шо е малата, им кажувам пред да запалат на оние што немаат осет.. а за на гости не ја носиме кај страсни пушачи шо неможат 2 сати да издржат без цигара..мм пуши (само надвор )и баш на еден преглед др Камбовска му објаснуваше за тоа колку е штетно пасивното пушење...
Мислењево не е за овде, ама не најдов подобра тема... Секогаш кога одам на кафе, во деловите за пушење, т.н пушални се почесто гледам мајки со количките кои си пушат. Зарем не ви е грам жал за тоа бебе да го смрдите и чадите во пушалната ???
Kaj nas doma ne se pusi,nie so mm mi sme antipusaci,gostite koga idat pusat na balkon.Na gosti koga odime nikoj ne pusi doma,site si pusat nadvor.Dosega ne sme bile na gosti so bebusot oti 40 dena doma si gi sedime (na vozduh pred zgrada 15 min ili na balkon izleguvame)Ako nekade se pusi doma fino bi go zamolila dodeka sme tamu cas ili dva da ne pusat vo prisustvo na kerka mi.Znam deka ne bi me odbile bidejki rodnini i prijateli posakuvaat dobro za moeto dete i sekoj bi me razbral.
Јас не сум пушач, додека пак мојот сопруг си пуши. Многу ми е глупо да го терам на балкон да запали цигара, истото не би го направила ни на гости... Сакам да сум гостопримлива и кај мене да се осеќаат опуштено, па и да си запалат цигара. Но откако ќе се роди бебушот планирам да ги менувам правилата во мојот дом, пушењето го забранувам за сите кои ќе ми дојдат дома кај мене. Не сакам мојот бебуш да се труе во дим од цигари и очекувам моите блиски да ја почитуваат мојата волја. Новите правила можеби ќе се привремени, но додека да потпорасне бебушот сакам чист воздух околу него. За среќа и мажот ми го дели истото мислење, и тој не би пушел пред бебушот, па ќе видиме .
Па секако дека нема да дозволуваш да се пуши пред бебушот.Јас уште со првото породувањето,кога си дојдов дома реков стоп на пушењето дома и никој ама баш никој нема запалено цигара кај нас веќе 4 години.А да ви кажам право оној кој ме почитува навистина како пријател и доаѓа за да ме види мене и моето семејство нема да му пречи тоа што не се пуши и да излезе фино лепо на тераса.А кој доаѓал само за да запали цигара затоа што од х причини не смее или не може да пали дома или му е премногу ладно на тераса,нека не ни доаѓа.Вистинските пријатели ќе те разберат и секогаш ќе бидат тука за тебе.А можеш да бидеш гостопримлива и на други начини без да му штетиш на детото и да го труете со цигари.Семејството и децата ми се секогаш пред се.Јас имав едни пријатели значи пушеа во простории каде што спиеше детето и кога и да отидев кај нив тие ми велеа абе запали си нека се учи.И никогаш не сум запалила кај нив цигара затоа што јас за разлика од нив сум имала барем малку жал за тоа малечко суштество.И како може едно мало бебе да се учи на цигари.Абе ајде си се тешат пушачите само за да не ги гризе совеста што ги трујат своите деца.
Барав ваква тема па еве најдов слична и морав да искоментирам. Морам да кажам дека сум многу против пушење во присуство на бебиња и деца воопшто, без разлика дали е во соба или не. Дури и кога сум надвор мразам кога некој пуши и чадот оди директно во мене, а камоли кон детето. Пред некој ден бевме на слава и не се пушеше внатре само заради нас, ама кога вратата беше отворена чадот од цигарите автоматски влегуваше внатре затоа што се пушеше точно пред вратата. Но тоа не ме изиритира толку колку негодувањата од пушачите. Не можам да замислам колку себична категорија луѓе се пушачите. Навредени оти биле дискриминирани...Дури рекоа дека наредната година не не канеле Да не знаеш дали да се смееш или да ги жалиш. Што е тоа што го носат на раменици?
Не, не и не!!!! Јас како пушач одвреме на време ( ама никогаш за време на бременост и доење) ги разбирам и тие што пушат и тие што не, ама нема шанси да дозволам некој да ми пуши дома ( балкон имам 20 квадрати изволте) и да седам во близина на некој што пуши со моето бебе/дете. Исто внимавам кај одам, кај седнувам летно време и сл.
Најголемо не за пушење пред бебе/дете воопшто. Кај нас дома не се пуши. Јас понекогаш палам цигара но исклучиво надвор. И пред да се роди малата сум си пушела надвор и воопшто не ми пречи. Не сакам детето да си го трујам пасивно. Кога ќе дојде некој пушач, самите си знаат дека надвор треба да си излезат за цигара. И кога ќе отидам некаде каде што има мали деца, секако дека не ни помислувам да прашам, туку земам кафето и право си излегувам на тераса ако сакам да пушам. Па и да нема деца, некако ми е шубе да пушам внатре. Дали се одвикнав којзнае.
Не!! Јас како пушач и надвор не палам пред бебе/дете туку се тргам на страна. И не само во соба туку во целиот стан. Бебето не седи само во соба. Треба и да смени просторија, па пак да го носиш во димот не иде. А гостите, си има тераса па нек излезат, ако не им чини нек не доаѓаат.
Kakvo pusenje kakvi bakraci.Mislam veke sovesta na narodot proraboti I veke nikoj doma vnatre vo soba ne pali cigara site idat nadvor bez razlika dali ima dete ili ne.
Кај нас дома не се пуши од кога се преселивме во куќата, а сега со бебе воопшто. Кој и да дојде знае дека не се пуши и одма на балкон излага
Јас и мм сме страсни пушачи.Можам слободно да кажам дека три часа во денот ни се собираат да седиме на тераса и да пушиме. И еве втора зима ќе ни биде нон стоп надвор на тераса.Врне,дува,пече гајле ни е, нема шанси да го труеме малиот. Цврсти сме на одлуката и понатаму да не пушиме дома,а не пак кога беше бебе или сега како тодлер. Едно големо НЕ за пушење во присуство на бебиња и деца!
Нема шанса. Кај мене дома не пушат цигари, а кога одиме кај дедовци и баби или останати гости, си искачаат на балкон, друга соба или било каде.в