1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пуштено или врзано куче

Дискусија во 'Дом' започната од papagal4e, 27 мај 2012.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.411
    Допаѓања:
    105.697
    Пол:
    Женски
    Кога се шета куче - треба секогаш да е врзано , за ова има и закон! (за тие што незнаат :!: )
    колку ме изнервира една , ја однесов во парк ќерка м ии секако детето си трчаше , 14 месечно дете што разбира од кучиња,и ова се стрча накај неа ,а незнам што раса беше.А таа госпоѓата си слика со апарат не гледа каде купето и оди.И кога и се развикав, госпоѓо собери си го кучето,за ова постои закон.И оваа ми викаЧ ејј па добро де не напаѓа..
    А што треба да нападне ли?? :envy: Немате појма колку притисоков ми го крена.И и викам ее сега ке те сликам , и го вадам апаратот и таа брзо го заврза кучето и си отиде. |( Крава!
    Дали ако оди во Грманија,Франција ке прави така,туку си вика овде кој ке ме казни..
    Абе надвор нека го шета ама заврзано и со заштита на устата , а дома ако сака нека спие со него во кревет!
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    И јас имам куче, што некогаш знам да го прошетам без ланец :tmi: ама потполно се согласувам со тебе. Колку и да не напаѓа, со самото тоа што ќе дојде до детето или човек кој се плаши може да предизвика трауми. Од сега стриктно под ланец :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Досега сите кучиња ни биле пуштени освен првото што го имавме шарпланинец(многу беше опасен на татко ми раката му ја гризна). Мислам дека секое кучето треба да биде пуштено, да си биде на слобода ама ако е премногу опасен тогаш ќе мора синџир или маска на муцката. :wasntme:
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Моето во двор си е пуштен. Си шеткара, си спие кај сака, во текот на ноќта од безбедносни причини си спие во бокс затворен, којшто е прилично голем а во самиот бокс има и куќарка па кај сака спие дал куќа или на бекатон плочки. Абе принц.

    Додека за шетање бидејки живеам на мала слепа уличка каде го пуштаме на секои 2-3 часа во текот на денот да се измочка, па тука е пуштен и знае во размак од 30сетина метри оди мочка и се шетка пуштен и се враќа во дворот. Така да тоа е научен од мал да не мочка и да не мириса дворот.

    Додека шетањето надвор од мојата улица е секогаш ама баш секогаш со каивче и од зимово со маска. Не е опасен, но не е дисицплиниран доволно па од негативното искуство со каснување отров, секогаш сега носи и маска. Жал ми е на топлово, ама немам избор. Па од друга страна бар мирна главата ми е.

    Не ги подржувам пуштените кучиња, јес да на моменти си викам ех да знаеше постојано да шета до мене и да не се стрчува на мачки и други кучиња, од чист дисциплински момент. Но знам дека околината се плаши од кучиња па најдобро е да си е до мене, ем сигурно за околината, ем сигурен за мене знам неможе да избега. Убаво кажа Саја каде најмногу се губат животните? Во парк и на Водно. Ќе се стрчаат по нешто и оди најди го.
    Немаме воопшто проблем со каивчето, никаков проблем знае дека со него мора да се шета, но маската не ја сака и секогаш прво ја потргнува главата но потоа ќе е искаран и мора да ја носи. :)
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    И јас имам куче, ама не се сложувам со тебе. Не мора да биде опасно за да предизвика непријатности. Има голем број на луѓе и деца кои се плашат од кучиња, па со самото тоа што кучето и пријателско би им се приближило може да предизвика трауми. Доволна слобода е тоа што ќе му дозволите да ве води и да одите натаму каде што тоа сака. Ако имате двор, тоа веќе е друга работа.
     
    На Anja98 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Јас имам малечко шнауцерче и го шетам врзано зошто сме многу кучкарско маало и стално налетувам на некое куче,сега моево не е нападно ама пак ми е страв,додека татко ми,откако го имаме го шета пуштено... е сега понекогаш има отрови,фрлаат бабите,па мора на каифче за да не изеде нешто како што си е стрвничко :lol: а понекогаш за да не јаде од земја му ставаме маска па пуштено го шетаме зошто знаеме дека и да сака не може да изеде ништо,од прво малце се бунеше и пробуваше да ја извади маската на многу начини,ама кога виде дека не му успева си се помири со фактот дека мора да ја носи :lol:
     
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.214
    Пол:
    Женски
    Јас имам малтешка пудличка и иако е мала по раст, секогаш ја шетам врзана. Татко ми пак ја шета пуштена низ маало. Децава што живеат во околниве згради ја знаат и не се плашат од неа, често знаат да и’ се нафрлат и да ја гњават, а оваа па ќе си легне на земја и си чека да ја погалат :lol: Не е опасна воопшто, ама ако ја носиме некаде подалеку од тревниците пред зграда, обавезно е врзана, пред се поради тоа што не дај Боже може да лапне нешто од земја, а идиотиве од луѓе насекаде расфрлаат отрови... Како само би ги отрула јас нив, еден по еден, па да имаат таква мачна, тешка и бавна смрт каква што доживуваат отруените животни... Малце забегав од темата, ама морав да го изразам револтот кон таквите мразачи на животни :x
     
  8. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Многу нормално дека пуштено..Греота е у стан врзано...
    Незнам воопшто не се согласувам со тие што си ги врзуваат..или што ги остаавт во бокс..многу ми е жал,тоа ти е исто ко дете да врзеш бре..исто..Многу ми е жал за такви кучиња.. :@
     
  9. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Според мене кучето кога го носиш на прошетка треба да е врзано и со корпа на устата особено кога се шета по паркови кадешто има и мали деца.
    Куче како куче и дете како дете не знаеш како ќе изреагира во даден момент.
    Јас толкава возрасна па се плашам од кучиња а не деца. Башка има и други возрасни како мене што се плашат. :lol:
    Дома, си знаат самите сопственици како треба да си ги чуваат, дали им се агресивни или не, во двор нека си ги чуваат пуштени.
    Мене искрено ми е страв да поминам по улица ако видам пуштено куче надвор. Не ги чепкам, не им викам ништо ама страв ми е. :lol:

    Инаку сега видов една слика и морам да ја споделам со вас. Ова воопшто не го оправдувам.
    На фонтаната сите луѓе пијат вода ( и поради таа причина ако морам пијам од фонтаниве) и сега кучево пие тука и после јас да отидам да пијам. :puke:

    Мислам дека сопствениците може да си носат со нив посебен сад во кој би му наполниле вода на своето милениче но ова ми е неприфатливо.
     

    Прикачени фајлови:

    • KUCE.jpg
      KUCE.jpg
      Големина на фајлот:
      117,2 KB
      Прегледи:
      240
  10. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    И јас ја имам видено фотографијата и сум строго против вакво однесување. Јас од моето куче не се гадам, го гушкам, го бацувам, но ова е неприфатливо. Кога ние се шетаме, ги спојувам дланките, полнам вода и му давам од моите раце да пие.
     
  11. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    Ова се случува речиси на секоја фонтана која е во близина на некој парк каде што сопствениците ги шетаат своите кучиња. Голем љубител сум на животни ама ова не го оправдувам во никој случај. Што се однесува до темата дали пуштено или врзано куче, јас моето го чувам врзано во двор меѓутоа има жица од отприлика 2 метри за да може да се движи :)
     
  12. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Моето куче дома си е врзано а не да ми напаѓа луѓе по улица :D пошто нзма мене колку кучиња ме бркале затоа моето дома врзано си е ама +големо е затоа :)
     
  13. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.265
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа ако кучето е во двор,да не биде на ланец,зошто скоро сите кучиња што сум ги видела на ланец,се агресивни ако ги пуштиш.Е сега ова не важи за шетање,шетање секогаш со ланец,па и корпа за муцката ако е големо кучето,прво има луѓе кои се плашат ама буквално паѓаат во несвест од самото тоа што ќе видат пуштено куче,второ не дај боже пуштено и некоја кола излета па го згази,вака што си е сигурно сигурно си е.
     
  14. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Пуштено во двор, а за шетање на ланче :D
     
  15. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    ако не ти бега пуштено, ако не ќе го врзваш
     
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Не е за бегањето, за околината е. Има луѓе, а најмногу деца што се плашат.
     
  17. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    3.419
    Имам две кучиња. Кога беа мали живееа внатре,но сега се надвор.
    Врзани се. Не дека се нешо опасни,али како шо пиша членката погоре - ради околината е,има и деца кои се плашат.
    Иначе,ако се прашувам јас - никогаш не би ги врзала ! :)
     
  18. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Кога ја шетам најчесто на ланец ,имам голем поводник па слободно може да си истражува .Но секогаш кога ке наидеме на некој парк ,зеленило и кога гледам дека нема деца и многу луѓе си ја пуштам да се истрча .
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Јас не чувам куче и можеби не сум многу информирана, но не сум за врзано куче, не смееш на кучето да му ја одземеш таа слобода... Всушност, сега слушам на ТВ дека кучињата го раскинале девојчето... и не знам што да кажам.. :x ваквиве треба да се врзат... ;(
     
  20. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Ние имаме кај баба ми куче, мајка ми не сака. :|
    Инаку го чуваат пуштено, некогаш и не се враќа, кога ќе му текне ќе се врати :lol:
    Битно јас кога сум тука цел ден е :rofl:
    И да, таа живее во село, така да го чува пуштено сите го знаат кученцето
    никој не се плаши, ни каса а и мало е :D