Пуштено или врзано куче

Дискусија во 'Дом' започната од papagal4e, 27 мај 2012.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Во врска со случајот со ротвајлерот ќе кажам само дека не е криво кучето, воопшто, газдарицата е крива, која постојано си го шета кучето без каиш или градник, а да не зборам па за маска.
    Колку пати само јас сум го шетала мојот питбул во Неготино, а овие како оваа со нивните кучиња,без разлика дали е ротвајлер или лабрадор или бул мастиф, ги шетаат така пуштени, и само им довикуваат на име, ајде ајде, и ова моето нормално по други кучиња лае и се загнува, такво е, ама јас го носам на дебел кожен градник и маска, пошто ептен е масивен а воедно и страшен како појава за другите одма шом видат дека е питбул, иако ние си знаеме дека е најпаметен и воспитан, и има карактер на пудлица, но ова не важи надвор од дома, на улица, и не може да им се докаже на соодветни луѓе, и така е, секој има страв од нешто, а некои имаат огромен од кучиња, и нема шо заради мене пошто не сакам да го шетам врзано да им вршам тортури и да им влевам стравови по улиците со мојот миленик.
    Значи има многу безобразни и прости луѓе, е како госпожава која не го врзува никогаш нејзниот ротвајлер, само му довикува на име, е за неа треба казна, а не за кучето, кое си е куче и си реагира како куче, она е таа што треба да обезбеди безбедност за него и за тие околу него да не дојде до вакви ситуации. Ако не е свесна за тоа, не ни треба да чува куче како прво, законите ни се смешни а никој не може никако да издејствува еднаш засекогаш да се донесе добар правилник и законик за милениците, кој ќе е еднакво добар и одговорен како за сопствениците, така и за милениците, и луѓето од другата страна.
     
    На bile454, Edie.S, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Моето куче нема шанса да го оставам пуштено,огромен шарпланинец,2 пати поголем од мене :D Поради тоа нема и многу шанси за шетање,бурен си по малку.Ама направено му е низ цел двор како една сајла,се шета како да е пуштен и има огромна куќарка,не се жали :D
    Се залагам за пуштени кучиња,ама оние помалите и помирните,или пак ептен добро дресирани да се.
    Во секој момент можат да избувнат и се многу непредвидливи.
     
  3. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Пуштено во двор само , заграден да не мрда никаде или најверојатно бокс.Вчера го шетам и едни полицајци ми викаат девојче казната е 50 евра ако го шеташ кучето без маска за да не повреди некој.Кажувам дома и татко ми ни 2 ни 3 „Само нека ги изеде јас ќе платам и 500 :D
     
  4. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    6.566
    Пол:
    Женски
    Имам две кучиња.
    Првото е машко. Дојде период кога не можам да го шетам секојдневно и го однесовме на еден објект каде има голем заграден двор.
    За да не биде само, му земавме другарка, да си прават друштво.
    И живееа така среќно околу 7-8 месеци, ама откако и дојде време за парење на женката, почна да ја корне оградата и да прави дупки за да бега.
    Ја откорна околку 5-6 пати оградата и ја однесовме на ветринар, и ставија инкеција за да го скокне периодот.
    Потоа, пак проба да бега и почнавме да ја врзуваме. Веке месец дена пратикуваме да ја врзуваме навечер и сега 2-3 дена веке изгуби апетит (facepalm)
    Не знам дали е депресивна па затоа прави револт или едноставно нема апетит. :|
    Не ми се сеедно дека се грижиме околу нив, но не можам да ја држам пуштена кога бега. Со заби корне ограда.
    Значи тие 5-6 пати кога бегаше, по неа одеше и машкото. Прошетуваат по малку, па кога одиме на обејктот пак не чекаа пред врата, но не смееме да дозволиме да шетат така слободни. Во близина има пазар, луѓе + не ми е фино да залутуваат со скитниците по патот.

    Мислење? Оваа женката е депресивна или можно е некои глисти да фатила?

    едит: Значи не сака да јаде виршли. Излупени. Свежи. :whew: Да беше леб ќе разберев.
     
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    @Momichka

    Каков и е изметот? Доколку е нормален и нема промени, тогаш протестира и е депресивна.
    Навиките кај кучињата се стекнуваат додека се мали. Кучето на другар не беше врзувано како мало. Пред еден месец се обидоа да го врзат. Лаеше и квицкаше се додека не го одврзаа и не го пуштија внатре.
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Додека чував куче го вржував, но не цел живот да седи завржано до куќичка.:?: Го пуштав често. Кога ќе го пуштав скокаше по мене, се тркалаше.. Па се жалија комшиите дека им сметало па го вржував.:^) Накрај ми го отруја.:x Не знаете колку ми беше криво, 5 години го чував. ;(
     
  7. Lolo1612

    Lolo1612 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Пуштено и затоа ми е најмирно куче до сега. Не како претходниве бесни.Си трча,си игра и на улица не ми бега.Кога го врзувам се лути и седи тажно, се плаши до мене да дојде.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.541
    Допаѓања:
    174.405
    Пуштено, внатре го чуваме.
    На шетање-на поводник ,ради луѓе кои се плашат од кучиња,не дека она не би слушала .
     
  9. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Пуштено. Куче некаса без причина, освен ако има беснило. Имам многу примери: куче ме касна. Зошто? Па го удрив.
     
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Дома кучето ми е третирано исто како детето. И во куќа кога ќе се преселиме нема да е на ланец. Незамисливо ми е тоа.

    На поводник обавезно кога сме надвор. Го пуштам само на места каде со сигурност знам нема да се појави човек или во парк за миленици каде е очекувано куче да има пуштено.
     
  11. simonagj

    simonagj Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2019
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Пуштено, дома го чуваме. Само додека е сам дома си седи во транспортер затоа што прави бељи ако е пуштен. Ама не е он крив, така е навикнат, јас го земав кога веќе имаше една година. Инаку шетаме секој ден по 5км каде што нема луѓе и е пуштен.
     
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    34.006
    Пол:
    Женски
    Кога мм имаше куче беше пуштено, дворот не доволно заграден и кога и беше времето за парење ништо не можеше да ја сопре .Па така и тој кобен март кога ја убија;( Мм толку се нервираше што не ја научи каишка да носи.Се велеше ако имам друго куче одма ќе го врзам.Ама после неа не собра храброст да си земе друго:(
     
  13. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.713
    Пол:
    Женски
    Исклучиво врзано, ме нервира да прави хаос по дворот.
     
    На Aleksandra9999, KuklickaMoja, Недопирлива5 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Јас немам срце да го врзам :D во двор си е, заградено е, нема можност да излегува, а кога го шетам е на поводник.
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Само безосетна будала може да врзе куче во двор.