1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пчеларство

Дискусија во 'Барање работа' започната од Silver.E, 25 февруари 2014.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Имам многу пријатели пчелари, па потикната сум во иднина да започнам да се занимавам со пчеларство.
    На почетокот со 2-3 сандачиња, а потоа ако се развива работата, да ја проширам и на повеќе. :)

    Дали има овде некој кој се занимава со тоа? Може да си разменуваме мислења и совети. :)
     
    На corto.maltese му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    10.182
    Убава идеја за домашен бизнис ти е ова, ако не ти е страв тогаш супер. Немам пчели но сум запознаена со темава.
    За домашен квалитетен мед мислам дека во секое време ќе најдеш муштерии, па и за останатите производи иако се поскапи.

    За почеток доста ти се 2-3 сандаци, а и не е којзнае колкава инвестиција, само би те посоветувала покрај останатите информации поубаво да прочиташ за болести и штетници пред да почнеш, за презимувањето и дохраната и секако за роењето, затоа што тие се според мене клучните моменти за да не ти изгубиш пчелите.

    Распрашај се дали се' уште има мини семинари што се одржуваа во стопанска комора, ги организираа професори од Земјоделскиот факултет од Скопје, за разни теми. Фина работа се, се дискутира за најчестите проблеми во пчеларството, се запознаш со многу луѓе од таа област, во секој случај ќе ти бидат од корист.

    Со среќа и прашај ако нешто те интересира, можеби ќе можам да ти помогнам :)
     
    На Silver.E и corto.maltese им се допаѓа ова.
  3. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Идејата ти е многу добра. Пчеларењето е најблагородното нешто кое може да го направи човекот.

    За почеток доволни се 3-5 сандаци. Купи роеви или семејства од проверени и искусни пчелари или репроцентри. Ова би те чинело од 300-500 евра (5 семејства или роеви со сандаци). Април и мај ти се идеални за почнување со пчеларење. Ако земеш роеви првата година не очекувај дека ќе имаш мед. Се додека не направиш над 30 семејства не очекувај некои сериозни приходи, но затоа дома во секое време ќе имаш чист мед, прополис, млеч, восок, полен за свои потреби. Локацијата ти е и тоа како пресудна за успешно пчеларење. Околу едукацијата, барем денес има литература, интернет страни, форуми, видеа и што уште не, а скоро сите пчелари се несебични и со задоволство би ти помогнале за било што. Е сега кревањето на тешките сандаци полни со мед можат да бидат мал проблем за женско, ама и тоа се решава.

    Без разлика дали има заработка или не, пчеларството е одлична прилика да се излезе во природа и голем дел од времето да се помине во здраво и нималку стресно опкружување. Грижата за инсектите кои ни овозможуваат 75% од храната што ја јадеме е бесценета работа.
     
    На FotoLina3 и Silver.E им се допаѓа ова.
  4. t385

    t385 Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Пчеларствот не е едноставна работа како што мислите вие ни најмалку не е ефтина инвестиција.Приноси на мед зависат од повише услови,зависи како ке се погоди сезоната,на какво место ке биде пцеларникот,колку силни ке ти бидат пчелите. Ако сакаш да се занимаваш со пчеларство планирај мед за продажба послем 3 години и да имаш над 30 пчелни семејства. :)
     
    На Silver.E и makedonkamak им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Сандаци и роеви ќе земам по намалена цена од кај пријателите, и ќе снабдам се друго што ми треба, имам место засега и за пчелите каде да ги држам.
    Имам обемна литература од времето на Југославија, а и доста време сум поминувала кај пријателиве, многу работи ги имам научено.
    Сепак, друго е кога сам ќе фаќаш.
    Ви благодарам на сите, па може ќе се собериме овде на темава, идни пчелари. :)
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Добро е што имаш другари пчелари, па на почетокот сигурно ќе имаш помош и од нив, а онака чисто сама да започнеш ваков бизнис, па и колку литература да прочиташ е неизводливо. Среќно
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    10.182
    ^^Е кој де рече дека пчеларството е лесна работа? За почеток се доволни неколку сандаци за да види како одат работите. Нема ваљда од одма да земе 30 сандаци и да ги запусти затоа што не знае како треба. И покај тоа што гледала како се прават работите, сепак и самата си кажа дека друго е кога ќе треба сам да правиш се.

    Кога работиш со жива материја ништо не е лесно. Треба да ги разбереш карактеристиките на видот, како функционираат, што сакаат, што им пречи, а богами треба и време за да се навикенш да ракуваш со нив, сепак можат да бидат и многу опасни. Не е баш наивно да отвориш преполна рамка во сред мај-јуни без никакво искуство, па уште и да треба да ја постигнеш работата со десетина сандаци.

    Силвер, рече дека имаш локација за пчеларникот. Веројатно ти кажале пријателите или си прочитала во некоја литература па знаеш дека треба да се исполнат некои основни критиериуми.
    Пчеларникот не треба да биде на премногу јако сонце, но ниту но сенка. Земјиштето на коешто се наоѓаат сндаците не треба да биде каловитo и да собира влага, а најдобро е и да има благ наклон за да не се задржува дождовната вода или снегот што се топи. Ќе треба и да внимаваш на тоа дали има премногу јаки ветрови, а ако има, тогаш со време засади по некое дрвце од таму каде што наидува ветрот. Треба да има блиску и извор на вода и секако добра паша која што ќе им ги задоволува потребите на пчелите во текот на цела сезона, што значи растенија коишто цветаат во различни месеци и во доволна количина. Секако и видот на поленот е многу важен, се зависи од тоа каков мед сакаш да добиеш.
    Исто така добро би било блиску до пчеларникот да ти се наоѓа и работилницата каде што ќе го преточуваш медот, или евентуално блиску до домот, затоа што во спротивно ќе си ја комплицираш работата.

    Не се обесхрабрувај, ако ништо друго, барем за почеток ќе имате доволно за ваши потреби и за поблиска фамилија.
     
    На FotoLina3 и Silver.E им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    4.245
    Браво за темава!

    Ја препорачувам убавава репортажа од Земјата на мирот од сајтот на Здрава Телевизија со богати информации за медоносните пчели. Делот за пчелите почнува од 11мин:05сек

    http://mk.zdravatv.spectar.tv/play/15110/reportazi-od-zemjata-na-mirot-068
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ме изненадија олку мислења на темава. :)
    Јас веќе зедов 3 сандаци и кога времето ќе е најпогодно и потопло ќе ги ставиме роевите со еден од пријателите. :)
    Поточно, тој ќе ги намести. :lol:
    За почеток сакам да ми е хоби, не основна работа, па ако оди работата на добро, може да се прошири (зошто и старите пчелари се жалат, не е како порано, поради временските промени).
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    4.245
    ^Мене ме изненади што олку малку мислења има на темава!

    Одело или не одело добро, јас ги поздравувам сите оние кои имаат услови за одгледување пчели тоа да го прават бидејќи храната ни зависи најмногу од пчелите. Ако сте вистински патриоти и сакате Македонија (и пошироко) да опстане, нема да се бавите со политики туку со пчеларство и мирољубиво еколошко земјоделие. Не, не поради медот... туку сета растителна храна постои затоа што пчелите вршат опрашување т.е. размножување на растенијата!
     
    На Silver.E и FotoLina3 им се допаѓа ова.
  11. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Силвер да не те разочарувам, но да ти кажам татко ми е пчелар, можеби 20 години. Од 30 пчелни семејства сега му останаа 5, лани имаше принос од 20кг мед, додека претходната година не го ни пробавме. Временските прилики си го прават своето. Се надевам дека ќе бидеш поуспешна.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Најбитното го кажа, баш така. Потполно се сложувам. :)

    Фала на советот, и тоа го зедов во предвид бидејќи сите пчелари се жалат на големо...
    Затоа сакам да ми е пред се хоби, од љубов кон ваквиот занает, па колку има мед, толку. :)
    Сепак, се надеваме на подобри времиња во пчеларството, така и на татко ти му посакувам поуспешна работа. :)
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    4.245
    Во Риека отворен хотел за осамени пчели

    Во природно научниот музеј во Риека деновиве започна Неделата на пчелите, а во тоа прилика е отворен хотел за осамени пчели, кои не им припаѓаат на заедниците туку живеат самостојно.

    Во малиот дрвен хотел за пчели самици се вложени околу 300 евра, со цел за едукација на граѓаните и истражувањето на пчелите.
    Хотелот ќе им помогне во нивното преживување и ќе им обезбеди сигурно место за престој и размножување. Пчелите самици кои немаат ниту матици ниту пчели работнички, работат само за себе и опфаќаат околу 90 проценти од видовите на пчели кои живеаат во природата.

    Загрозени се од загадување со пестициди, а овој хотел ќе им биде од голема помош за преживување, бидејќи на располагање ќе им бидат келии за гнездење, а младите пчели откако ќе се изројат ќе најдат се што им е потребмо во ботаничката градина во блиските паркови и балкони.


    [​IMG]

    превземено од тука
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Убава тема.
    Пчеларството е супер ствар,јас секое лето му помагам на дедо ми,има дооста пчелни семејства,и знам да ги отстранам тие капачињата,и во центрифуга вртам нормално. :D

    Силвер,јас те охрабрувам да почнеш,само набави си и центрифуга за цедење мед,и оставај им празни рамки за да ти направат таков готов,со с'т што го викаат. :D :D
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки

    Овие солитарни пчели освен опрашувањето и учество во биодиверзитетот, за пчеларите не се од никаков економски интерес. Сепак добро е што некој се грижи и за нив. Во Азија прават вакви "хотели" и за многу видови на бумбари кои ги користат за опрашување, откако по сопствена вина масовно си ги испоотруја локалните медоносни пчели.
    Ова е непишано правило. Пчеларот до периодот на цедење на мед ќе заврши милион тешки работи и операции, а кога ќе дојде цетрифугирањето на мед, се чини како да е нешто најтешко на свет. Сите пчелари се гребат и бараат жртви за вртење на центрифугата :D. Имам и јас такви. А тие па, уживаат да вртат... а одвреме навреме и да брцнат со прстот внатре :P.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    4.245
    Да точно, но да додадам дека ова не е само практика во Азија. Истото го има низ Европа, на пр. во Германија на Земјата на мирот. Како што спомнав многумина луѓе не се свесни колку се пчелите и бумбарите важни за преживување на човештвото бидејќи прелу опрашувањето го овозможуваат размножувањето на растенијата.

    Оние кои се бават со мирољубиво земјоделие имаат поинаков пристап кога е во прашање економскиот интерес, кој намерно го ставаат во втор план. Тие го респектираат трудот на пчелите така што медот го собираат во рана пролет - колку останало за луѓето, толку.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Моите три кошнички веќе се готови, уште кога затопли времето.
    Пчелите си работаат, одам секој втор-трет ден ги надгледувам и вршам поситни работи.
    Сепак над глава си имам искусен пчелар, значи ништо не е оставено на мене, тој е тука за се, и подобро од личното набљудување и учење - нема. :!:
    А, како тргнало времево, осеќам дека ќе има и мед за скоро време. :$

    И само да кажам, многу подруго е досега кога гледав, а сега кога сама фаќам, многу е потешко. Не е прелесно како што ми се чинеше. :sweat:
     
    На daylight, mims-89 и Abeja им се допаѓа ова.
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Со среќа, па да се множат. Ако веќе некоја не се изроила.

    Како тргнало баш ќе има :D :D

    Овде збориме за пчеларството како земјоделска и стопанска гранка која може да биде извор на приход и доходовен бизнис.
    Ова што го велиш ти и "Земјата на мирот" за вадење на медот во рана пролет е невозможно од ниеден аспект, освен ако кошниците не биле донесени во март од некоја плантажа од Калифорнија во Германија, каде е и оваа фондација па таму да е ваден и медот (сарказам смајли). Значи вадење мед во рана пролет нема. А правилото "колку останало за луѓето, толку", се применува и во "немирољубивото пчеларење", односно конвенционалното пчеларење.

    Не знам дали е местото овде, ама ја разгледав подобро фондацијата и имам неколку нејаснотии околу истата и пропагандата за "мирољубиво земјоделство". Спасувањето зајче, верверичка, врапчиња, јаре, прасе, глувче и слични "пет шоп" единки е за секој поздрав и почит, но е далеку од методологија што се бори за здрава земјоделска продукција и здрава планета.
    Прво, поимот "мирољубиво земјоделство" ми е прилично конфузен, а во целата оваа приказна на Габриеле фондацијата никаде не станува збор за земјоделство за подоцна оваа дејност да добие и соодветна представка

    Во агендата на Земјата на мирот стои дека
    Ова значи дека вработените во фондацијата и пророчицата сакаат да дојдат до хармонична средина исполнета со животни, питоми и диви кои некако треба да се припитомат и ќе имаат мирен и флегматичен темперамент. Единствена цел да се постигне ова е со селекција, дел од генетиката кој во случајов и тоа како би се косел со радикалните религиски сфаќања на пророчицата Габриеле, чиј став е дека сите животни се Божја творба.
    Дел од концептот ми изгледа дека е украден од идејата за Јура парк.

    Друга работа е што Габриеле фондацијата конвенционалното земјоделство го прикажува како хорор и најстрашно нешто. Не толку по животот на луѓето колку по опстанокот на бубачките, гуштерите, врапците,... што во поголем дел воопшто не е точно. Во светот се повеќе се посветува внимание на благосостојбата на животните, се воведуваат нови практики, техники, правилници, употреба на биолошки методи на местото на пестицидите, агрометеорологијата е сериозно практикувана, науката е незамислив дел од денешното земјоделството и уште многу новини наменети за конвенционалното производство со кои Габриеле нема да се согласи бидејќи не се вклопуваат во нејзиниот концепт за "Настанување на ново небо и нова земја".

    Доколку Габриеле фондацијата сака да биде видена во очите на луѓето како поборник за добробит на животните, животната средина, производство на здрава храна, одржливо земјоделство и сл. треба да го напушти пристапот кој го имаат типовите и женичките кои делат рекламен верски материјал на секоја врата и на многу прометни места и да се огледаат на организации како Гринпис, Слоу Фуд, ПАН Јуроп и многу други кои имаат реално остварливи агенди.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    4.245
    Веројатно си во право! Не се бавам со пчеларство, мој лапсус изгледа тоа со раната пролет. Kога бев во Вирцбург не ги дослушав што точно објаснуваа пчеларите кои продаваа мед а кои се бават со таков тип на земјоделие.
    Габриеле фондацијата во прв ред се бави со обезбедување на животен простор за животните каде тие безбедно ќе можат да живеат соодветно на својот вид. Во Германија се откупуваат големи површини земјиште каде ловот и риболобот се забранети. Мирољубивото земјоделие може да се спои со тоа, но тоа си егзистира независно од првово.
    Тоа не може да се постигне со генетски инжинеринг бидејќи тоа би било повторно мешање на човекот.
    Дел од животните низ милениумите постепено ја превзеле агресијата од луѓето, бидејќи луѓето се вмешувале несоодветно во природата (на пр. преку лов). Тоа се одразило врз нивниот генетски материјал, така да денес нам ни изгледа дека некои животни се природно такви. Доколку се појде во спротивна насока, т.е. на животните им се вратат нивните природни живеалишта каде тие нема да бидат изложени на погрешното однесување на човекот, еден ден може да се врати првобитната хармонична состојба.
    Тоа тогаш е за поздрав. Но фактите зборуваат поинаку: поради конвенционалното земјоделство огромни шумни површини во Германија, Унгарија, Хрватска и тн. се уништени.
    Габриеле фондацијата прави еден мал скромен обид (мал и скромен во однос на тоа колкава е Земјината топка) тоа да се ублажи, поправи и врати.
    Не сум дел од оваа фондација, но колку што сфатив Габриеле-фондацијата не го прави сето тоа за да биде онака или овака видена во очите на луѓето, туку сето ова го прави поради природата и животните.
    Но кон твојот коментар можам да кажам дека агендата е реално остварлива, луѓето кои ја посетиле Земјата на мирот, било стручњаци од разни области, било лаици известуваат за многу позитивни резултати (независно нивните религиозни, духовни убедувања). Видовите животни (диви свињи, одредени видови пеперутки, елени, лисици и тн.) за кои се сметаше дека во тие региони веќе целосно исчезнале почнаа да се враќаат се помасовно. Инспирирани од Габриеле-фондацијата луѓето се нафаќале на слични проекти во Австрија, Словенија и Африка.
     
  20. t385

    t385 Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Немате потреба од ручна центрифуга само ке се мучите(освен ако сте почетници или имате помал број на пчелни семејства).Ако имате поголем број добро е да се инвестира у полуавтоматска или автоматска центрифуга, не е само центрифугата има и многу друга опрема што е потребна. Се зависи дали сакате аматерско или профи да се занимавате со пцеларство.Моментално ние имаме 2 големи и 1 мал пчеларник еве по една слика од големите. (ке сликам ке ставам уште ако сакате да видите ;) )
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89 и daylight им се допаѓа ова.