П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Другарка ми го префали, па го симнав да видам што е, онака чисто. Не можев да го догледам. ДОСАДА ме утепа. Некои бавни, лагани, тешки, монотони сцени, на дремка те тера.
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Кој го нема гледано, вечер на канал 5 плус 100% ќе го дадат пак, и утре, и задутре, и секоја вечер го даваат, без гајле Впечаток од фимов - не баш интересен, ќе кажам и досаден
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Од тоа што го видов просек. Чиста досада. Не го ни догледав, што за мене е чудо. Не би го препорачала на некој, иако знам колку луѓе беа запрепастени од тоа колку бил добар.
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Филмот воопшто не ми се допаѓа. Жива досада Ама затоа книгата е преубава,кој ја нема веднаш нека земе да ја прочита
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Гледам овде сите зборувате дека филмот е катастрофа во однос на книгата.Книгата ја немам читано а филмот ми беше онака добар но стално имав чувство дека нешто му фали.Можеби повеќе емоции од страна на актерите а и на моменти ми изгледаше како да гледам романтична комедија а не романтична драма како што би требало да биде или се лажам.А за Хилари Свонк,кога прочитав дека жената има освоено два оскари не можев да поверувам.Во филмот ми изгледаше како аматерска глумица па и тие фаци што ги прави со стиснати заби .Се на се не е лош филм но за разлика од другите од ваквиот жанр (Бележникот,Чекори за паметење кои изобилуваа со емоции) овој не ми беше ништо посебно.
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Јас почнав да го гледам филмот и од толку што ми беше досаден пола филм и го преспав, а што фалење му удрија. За Тетратката не коментирам не ми е гледан, ама немам желба да го гледам бидејќи ми го препорачаа во пакет со овој. Радо би ги прочитала книгите, кога филмовите се крш.
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Го гледав и ми се свиѓаше, ок онака, но втор пат не би го гледала,има милион подобри
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] И мене ми се случи истото, но во филмот има премногу изоставени битни детали не ми се допагаше ич, ама книгата беше прекрасна
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Ми рекоа ова е филм кој мораш да го изгледаш. И нормално, кога ти го испофалат толку многу очекувањата отидат до бескрај и на крај, разочарувањето е големо. На пола од филмот го прекинав, ми се приспа и не планирам да го догледам. Монотоно
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] "Леле тоа е најубавиот филм мораш да го гледаш.Поубав нема да изгледаш" - дел од коментарите за наговарање да го гледам. Првите 3 минути ме беа интересни, другото .. Подобро да спиев - отколку да гледав.
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] На филмов сум се смеела и плачела као никогаш досеа....филмов е ставрно преубааав а книгата уште поубаваа...кој не ја прочитал книгата а го глеал филмов ќе зажали...прочитајте и смејте се и плачете до бесвест...
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Книгата ја немам читано, а филмов го гледав пред неколку години на Канал 5. Толку на никој филм дотогаш немав плачено. Се утепав од плачење , а не е нешто посебно.
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Само мене ли ми беше никаков? Пола саат сал го гледав и го исклучив, досаден.
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Ја прочитав книгава и земав да го гледам филмот, ама на пола го исклучив. Воопшто не ми се допадна, има многу скраатени и изменети работи, се разочарав...
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Многу добар филм,случајно го зачекав на телевизија тогаш почнуваше и го гледав. Книгата ја немам прочитано,но доколку ја начекам во библиотека ќе ја земам.
П.С. Те сакам (P.S. I love you ) [2007] Ја немам прочитано книгата, а за филмов не го гледав ни трејлерот па врска немав за што се работи.(и не би ја ни читала книгата патем) Мене ми се допадна искрено, многу повеќе од просечните лигави романтични филмови. Не плачев, ама се смеев Хилари Сванк е одлична актерка и ликот и покрај загубата на мажот, воопшто не беше заморен и тежок за гледање. Лесен е филмов стварно, ама и убав. Џерард Батлер срце мое најубаво го обожавам. И Џефри Дин Морган не беше лош. Па Боже, во Ирска отидоа, како може да е лош филмов???