Ја прегледаа нешто со ехо? Треба некој посебен преглед или? Знам дека твојата беше само на доење, така? Не знам шо да прам сега, дали да одам на лекар, последниве дена по еднаш двапати враќа повеќе. Едвај чекам контрола за тежина. Твојата напредуваше добро? И дали имаше грчеви?
Тууу јас бев секој 3 ден на доктор и тоа по папучи од дома летав од пусти страв дан е нешто болна оти тоа беше количински како цел јогурт да туриваш по земја. Секој пат ми велеа здраво е бебе, има грчеви да и плачеше ептен ради нив ама и добив такво објаснување за повраќањето, после Мк бевме пак на контроли и исто ми рече Марина од Ремедика. Алишта, прекривачи тоаа беше се водено, само што ќе ја преслечев, надоев, ќе ждригнеше, заспиеше конечно и опп после некое време и тоа во спиење ќе се напраеше лом.
Исто и моето повраќаше така до кај 6м. Само на доење беше и обилно повраќаше. Кога ќе ми текни катастрофа. Само стоев на ламинат и чекав да поврати, за подобро да се избриши од ламинат. За алишта не правам муабет ич. На секои 3 дена машина за перење. А напредуваше скоро по 1кг, 1.2кг, во месецот. После 6м почна да намалува и до 8м скроз прекина.
Ќе следам ситуација. Се јавив на патронажна, ѝ објаснив. Вели во млаз се сметало ако летне далеку течноста, а ова повраќа покрај него, мислам делува како нагон да добива, не е онака само протекување, ама таа ми рече и тоа се викало бљуцкање. Ај ми дадовте надеж. Не знаете колку чекам да пркне, не знам хаос се осеќам. Едвај чекам да летне време, да се стопли да излеземе надвор како што личи.
Ќе биде се во ред, знам колку е напормо и нервози пошо не знаеш шо точно му е. Јас ако ти кажам дека на 5 месеци ми поврати толку количински што само клапна и пребледе цела, брза помош викнавме одма, кој стрес го доживеав. И почнав со цврста храна одма и како примаше повеќе така и се регулираше. И кога ќе пораснат ќе ни кратат живот.. тоа е. Иначе не шеткате ич?
Напорно е стварно. Изгледа од прецицаност е , се надевам. Зш ќе цица, ќе му се врати, па ако заспие ок, или ако се приразбуди, не знам што да му прам, па ајде пак цицање и ќе завлече, ќе му дојде млазот и не може да се брани, ќе се изголта. И тогаш со Нина шо испаднало, од каде така? А бе не шеткаме, кај ладничко е, кај бебето е малечко, две недели утре, некако со олку мало бебе не знам како да се понашам. И чекам да стопли некој ден, да пркне, па да излеземе.
И направија испитивања тогаш,бевме на болница, здрава како дрен, паа свее такви стресови ми се дешавале кога сум била сама хах додатно да не знам кој крај да го фатам. Ајде деновиве ќе стопли баш ќе е како пролет, па можете некои рутини и со батко да си восподтавите додека бебе спие во количка надвор.
Сега ми текна на ова. Бидејќи повраќала многу, какво ѝ беше дишењето, дали хрчкаше, не со носот туку како од грлото, како од хранопроводот, односно како нерегулирано дишењето, функцијата. Дали се гушеше такви фаци да прави, како од плунка, од млекото ако ѝ се подвраќало па го голтала...
Мајки, здраво Сакам да споделам наше искуство. Бебуш има 6++, предвремено е роден во 34та недела, на адаптирано сме, хип најмногу ни одговара после сите испробани. Пред месец дена закачивме бронхит и покрај другите испитувања му зедоа брис од искашлокот. Се испостави дека има ешерихија холи, која дошла во грлото од желудникот, се заради рефлуксот, за кој дотогаш не ни знаевме дека го има. Оттогаш почнав да внимавам на секој симптом, и забележувам дека кога ќе му се врати храната, не ја повраќа туку повторно си ја голта, ама прави фаца како ние киселини кога имаме. Исто забележувам суво свирење во градите и како секрет да има. Препораки од докторот: да се укинат ноќни оброци, додека јаде и 30 мин откако ќе јаде да е во исправена положба-да не е легнат, времето помеѓу два оброка да не е помало од 3 часа и да спие на високо. Поздрав до сите и се надевам брзо ќе ја надминеме состојбава❤
Дечки на одмор сум малото почна од еднаш да ми повраќа имаме една година не знам што е дали е знак на дехидрација у паника сум
Давај одма електролити ако имаш, доење или АД исто е пожелно доколку нема дијареа Температура, некој др симптом?
Исто пред една недела, од нигде никаде почна да повраќа и ѕоа во млазови,многу испаничив одма кај матичната,ни рече електролити и течности и полесна храна два три дена,компир,ориз,к.млеко и Ад.Вез дијареа беше само повраќаше.Навистина незнам од што беше, јас препишав на храна.Тој ден му дадов жолчка ама таа ни беше воведена.Не давам првпат ама ете незнам дали од неа или од топлото.Потоа се смири и пу,пу не се повтори
Moeto bebe kako odednas da se davi,da nemoze da zeme vozduh samo mrda so racinjata i ispusta sapki od ustata..Odednas kje vresne plac kje proba da go goltne toa ama potesko i odi,kako nekoj sekret ili ostanato mleko..Neznam so da mislam,predvremeno rodeno e vo 35nedela..mnogu mi e strav da ne se udavi noke,dali ima nekoja takvo iskustvo?
Kako ste? Se sredi li povrakanjeto? Jas spiev sednata so dete vo raka pod agol edno dobri 3,4 meseci .Dodeka ne mi kaza dok.od Sistina deka ima antirefluks mleko za deca sto povrakaat .