Не пиша он дека сака дома да одмори или дека она незаслужено дома седи. Сподели дека сака во тој период да и помогне на сопругата и он плус да остане дома за да и помага.
Како не смета за незаслужено кога вика дека жените имале повеќе права отколку мажите, ИН било ? Нека даде отказ и нека седи дома. Никаде во свет нема двајца родители во ист период да земаат породилно, а за туку што родено дете од поголема важност е мајка да има при себе.
Не. Како го сфаќаш ти следново : ' СДК, често се збори во државава за правата на жените, и кај што треба и кај што не треба, и кај што има, и кај што нема потреба. Ама тоа е денес ИН. ' ?
Точно. Потоа: Нов ред. Нова реченица. Нов почеток на дискусија со: од друга страна. Од општо кон конкретно. Ниту некаде дискутира дека жените не заслужуваат породилно ниту па пиша дека сака дома да одмори. Му го изврте цел текст како тебе ти одговара.
Ама зошто си читате како што вас ви одговара, убаво си има напишано Абе ајде, лесно е да кажеш да даде отказ. Никаде не прочитав дека тој бара 9 месеци да седи дома со мајката. Зошто да нема право таткото да остане дома со својата што туку породена жена и дете неколку дена? Баш кога и е најпотребен на жена си. Па секоја жена попрво би сакала мажот да биде дома првата недела и да и помогне, отколку да и се плеткаат баби и да се прават поголеми мајки од мајките. Ќе речеш нека земе денови од годишниот одмор. Епа може му е потрошен. А и во приватна фирма не ти даваат баш секогаш кога ти ќе посакаш. Затоа треба таткото да има законско право од неколку дена да остане дома.
Не ми одговори на прашањето што ти го поставив. Каква врска имаат правата на жените со тоа што во исто време сакал породилно ? Кај тебе, кој седеше со децата, ти или неговото височество ?
Колку што знам, не може двајцата родители во исто време да земат породилно. И не му е него од многу жал за жената, пошто кажа дека 'од мода' сме барале права, а не дека сме ги немале. Уште се дебатира за абортус и закони се носат.. молим те, државата ти го регулира репродуктивниот живот.
На сите им даваат по некој ден за со детето. Буквално на сите. А официјално, породилно еден родител у даден момент. Како што е сегде у свет.
Пракса и е нејзе тоа со извртување на зборови. Не и е прв пат. Чим некој машки член пишува за права, феминизам, машко-женски односи одма се тригернува. Јас се откажав од дискусија со нејзе. Што има врска дали се работи за машки или женски права ако истите се за општ бенифит во фамилијата? И го знам јас и самиот дека наместо мајката, може таткото да земе породилно отсуство. Не ми беше постот за тоа. Туку дека треба да има и таткото право на породилно отсуство во времетраење од 1 недела до 1 месец кога жената има највеќе потреба од нега и помош околу бебето, на самиот почеток кога е тотално изнемоштена од пораѓајот. Ова можат да го разберат сите мајки што добиле новороденче и низ маките кои ги минат на самиот почеток. Ама што е битна темава за дискусија на фемина. Мажишта се тоа. Мрзливи, не им се работи. Нека цркнат.
Прашај го него, он најсоодветен одговор ќе ти даде. Јас го уочив само тоа што е очигледно, дека сосема погрешно му го протолкува постот и му лепиш зборови кои никаде не стојат. Ако со она височество мислиш на мојот партнер, покасно, со второто дете, веќе и сопруг, не можеше ниту ден да си дозволи да биде дома со мене. Приватното, во неговата бранша, е така на жалост. Барањето права од мода е негов став позади кој он си стои, не јас. ПРетпоставувам дека тоа што не може паралелно да се зема породилно е причината за тоа што се чуствува можеби на некој начин дискриминиран. Но, ова е само моја претпоставка, он ќе си каже. Уствари он не кажува дека сака цело породилно, можеби сака само некоја законска мерка со 1-2 недели платен одмор или слично. Не знам, он си знае, што за мене е уствари добра идеја д ругиот партнер да може да остане барем недела две дома.
Има врска многу. Оти кога ќе сфатиш дека од раната не можеш да станеш, дека градитте болат и доиш, а маж ти мора да оди на работа преплашен дали ќе се онесвестиш врз детето, ќе сфатиш што сакал да каже. Вака се е црни букви на бела хартија. Бесмислици.
Како нема врска дали се женски или машки права, кога ти самиот ја направи поделбата, со тоа што ја потенцираше модата денес да се зборувало за женски права и како имале све ?
Ама има право на породилно отсуство. Законски. Плус, после ова: Што и да напишеше, исто ќе ми се фаќаше
Така е. Јас сум за машките права да се зголемат. Жена сум и сметам дека имам повеќе од се што може да има еден маж.
Сфаќам. Ондак, нека повели на рушење на системот и капитализмот или нека даде отказ. Не да се жали како жените имале преголеми права и уште барале.
@WildMk правото на породилно отсуство е паралелно за двајцата сопружници, веднаш после раѓањето? Ќе може истовремено он да го искористи за да и помогне од старт? ЈАс мислам не. @Cka поупатена.
Не може истовремено, сега има некоја иницијатива првиот месец да се двајцата дома, ама не знам дали ќе помине. СПоред мене, треба да е дома мажот првиот месец, не бабите и жабите од маало.