Сериозна си? Ако имаш повеќе, оти не е регулиран со закон нивниот репродуктивен живот, како и на жените? Оти за нив нема апчиња за котрацепција? Оти жените се објектифицираат повеќе од мажите, оти мажите се фраери а жените курви... не ме зафркавај и ти. Ако зборуваш за твојот живот дома, тоа ич не е рефернтно, пошто исклучоци, не прават правила. Што се однесува до правото на породилно отсуство, да е до мене, ќе биде една година, и пол-пола ќе смеат да користат, и мажот и жената.
Тоа и он го мислеше. Да остане со мајката на неговото дете, псоебно на старт, за да и помага. ПРетпоставував дека нема законска регулатива. Реално не секој работодавец е расположен за соработка и е кооперативен и флексибилен по повод ова прашање.
ПА затоа се осеќа диксриминиран и зборува за своите неостварени права . И јас би поддржала законска регулатива за да може сопругот да остане еден период дома после раѓање на дете.
Нека биде и за двата паралелно, немам проблем со тоа. Ама пак ќе речам, од мода, не бараме права. И не ги занемарувај таквите изјави, пошто ... знаеш веќе...
Нема потреба да го вадите од калта од зборови која ја натрупа во првиот пост. Кој го читал од порано знае и зошто реагирам вака. Тоа за што ти го дообјаснуваш, пошто очигледно дека не уме да се изрази како што треба, се работи за фамилијарни права. Не се работи за права на жената, пошто избор е, кој од двајцата ќе остане дома. Ако жената отиде на работа, а мажот остане дома, притоа самите одлучиле така, треба жената да се пожали дека мажите имале поголеми права ?
@lovestoneddd @WildMk Кои права вие како жени во Македонија ги имате помалку од нас мажите? Јас веќе посочив едно право што го имаме помалце од вас во врска со породилното отсуство. Моменталниот закон не дозволува отсуство за двајцата родители. Јас мислам дека треба барем во почетниот период законски да се овозможи ова. Ете имало и иницијатива за промена на законот за која не сум знаел и целосно ја подржувам. Имаше порано иницијатива и за продолжување на породилното на жените од 9 на 12 месеци. Замислете како вас да пишев овде дека жените ги мрзи да одат на работа, а не им е за детето да го чуваат. Само замислете, ништо повеќе.
Се надоврзуваш и мешаш ставови на членот од други дискусии и теми. За истите ќе дискутирам во соодветните теми бидејќи не ни знам што се дискутирало. Јас пишав за тоа што стои тука, во сдк, сега. Му изврте зборови за 180 степени.
Немаш право помалце, о тиииии, писмен ли си. Законот не гласи дека породилното и припаѓа на жената, законот вика еден родител у даден момент, ствар на договор е . Избор е, ало.
Не измислувам за тоа.. сам си кажуваш, прочитај си го болдираното. И не туку јади обланди, оти темиве се полни со примери за немање права!
Законот за абортус е за бебето, не за жената. таткото никој не го праша дали сака да му преживее детето. Машките имаат кондоми. У мојата околина нема објектификација само на жени
Колку е бе тој закон применлив во пракса? Која мајка може да оди на работа одма после пораѓајот? Свесна ли си воопшто за што ми беше првиот пост или битно е само да се иде контра? Затоа и мајките те цитираат на темава дека пишуваш небулози. Кој поминал и мине низ ова само може да почувствува колку моменталниов закон е лош спрема таткото на детето, а истиот негативно се одразува на детето и првенствено највеќе на мајката. И ти си пример за тој ИН феминизам кој го посочив каде наместо да ја согледаш фактичката реалност ти влегуваш во замислени војни сценарија со секој машки член на форумов. Татко ти сигурно е горд на тебе. @WildMk , Со нетрпение чекам да прочитам некој закон каде што ти како жена имаш помали права од јас како маж во државава.
Законски следат 2 дена за таткото, ама кај нас се користат за организација на мекици Секако не е доволно, уствари и помалку од доволно, ама на пример може да ги земат тие денови откако мајката и бебето ќе излезат од болница.
Значи ти си поминал низ ова и од болка зборуваш ? Не биди смешен и прочитај се што пишуваш. Тешко на таа твоја жена еден ден, кога ќе дојдеш од работа дома и ќе и спукаш како си капсал од работа а она пошто уживала поголеми права, си седела дома со детето.
Ама на мајката и те како и е потребен сопругот на старт. Најчесто затоа и се мешаат баби стрини....оти он мора на работа а не секоја штотуку породена жена е фит.
Ама зошто отпосле, а да не може паралелно на почетокот првите недела-две?? Кога е најпотребен да и помогне на жена си.
Да. Од искуство на најблизок член во фамилијата го зборам ова. Поточно од искуство на сестра ми и какви маки тргаше истата поради тоа што зет ми не доби отсутни денови од работа. За жал родителите не беа во можност да се грижат поради самата далечина и единствен кој можеше да и помогне во тие мигови бев јас. Ти од какво искуство зборуваш дека мажите сакаат отсуство за да се излежаваат дома? Татко ти не те чувал дома туку се пијанчел по кафани? Ми ги извртуваш зборовите повторно. Мастер си во ова. Јас го критикував законот, ти ги критикуваш мажите. Огорченост ли е, што ли е?