Ко ќе расти бебето на дрво, тогаш ќе биди за бебето. Дури ми расти во стомакот, како паразит, за мене е законот. Нема. Теоретски. Практично, не знам да прашале маж на интервју за вработување дали има деца, дали планира да има деца.
Не се чуваат деца само тука. Не се специјални снегулки овдешните деца како што ги правите. Во најстабилните и најсилни економски држави, породилното е 3 месеци максимум, односно 6 за двата родитела, еден па друг. Што им фали на тие деца ? Помалце се чувани, напуштени се, запоставени се ? Не. Никому не му текнало да менува систем едноставно природата налага мајката да му е попотребна на детето првенствено ради доењето. Се носат во градинки во прва прилика и се осамостојуваат чекор по чекор. Кај нас би ги думкале децата до 30ка кога би можеле.
Кои се тие најстабилни економски држави? Еве ти како е во Германија регулирано. Еве ти во Англија. Еве во Франција има петиција да го зголемат дури. Сега имаат само 11 дена. Еве ти истражување на 41 земја направено во 2016 година, во светот каде што дозволено платено отсуство на таткото има во: Австралија, Белгија, Чиле, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Јапонија, Ј.Кореја, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Обединетото Кралство итн итн. Целото истражување ако те занима можеш да го прочиташ доле. Ако те мрзи да читаш 22 страни еве ти скратена верзија.
Се гледа дека англискиот не ти е јака страна ниту пак гуглањето, исто како линкот што го остави, 'научното' истражување дека мажите збореле повеќе во бизнис цели а жените well.. со комшивките. Јас у ниеден момент не реков дека во светот нема платено paternity leave за татковците, туку дека никаде нема заедничко отсуство ниту ќе има. Линковите после детално ќе ги погледнам па да видам после коментар како онојпат, дека си утнал.
Има во Шведска. Моментално моја другарка е дома со новородено, таткото е со нив уште од болница, мислам 1 месец има за него. Откако ќе заврши породилното за мајката, пак има некој месец за таткото ако сака да земе.
Баш пред тебе сум пишала дека има породилно за татковци во Шведска, сега го гледам првото мислење во темава дека баш ради нив си ја отворил темата Штета што сме далеку од Шведска...