1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работата и нејзиното влијание врз вашиот љубовен живот

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 16 јуни 2012.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.027
    Moже да се постави и обратно-Дали тој дозволува заради работните обврски ,да трпи врската?
    Во смисла-имам,немам време да се видиме,истурање на бесот од работа врз него или тој на вас,сменување на партнерот поради работата,премореност- па видувањата се сведени на минимум и слично.......
    Еве јас да си кажам за мене.
    Признавам дека понекогаш не знам работните проблеми да не ги носам дома.А и така ми е полесно,зошто секогаш се исповедувам на него,па некогаш-како поискусен знае да ме посоветува.Многупати ми рекол да си дадам отказ,зошто знам да се изнаплачам кога ми е тешко,рече дека неможе да ме гледа како се нервирам,а за пари ќе се најде решение.Ова е единствено за кое не сум го послушала,зошто знам дека за пари лесно решение не се наоѓа :|
    Знам и да се истурам на него,кога сум изнервирана ,а потоа ми е криво.....
    Тој,обратно.И нему не му е лесно,му се случило да ми се развика кога е во гужва,а по 5 мин да се јави и извини.Не се лутам,зошто и тој е под притисок,и некогаш едноставно не можеш да се исконтролираш,ти доаѓа прекуглава од се.
    За изглегувања,сме сложни,секогаш скоро сме преморени,а и времево дополнително дотепува,ама знаеме навечер да си излеземе барем саат,на кафенце или чисто на прошетка.
    Не сме сменети откако сме на работа,туку обврските си го прават своето.
    Едно ми е мило-што знам дека имам подршка и дека ме разбира.Истото му го возвраќам и јас.
     
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Дали работата влијае на вашиот љубовен живот

    Сакале ние да признаеме или не, делува индиректно. Сите имаме лоши моменти и денови на работа. Колку и да се обидуваме, барем мал дел од нервозата останува во нас, не сме од камен, луѓе сме од крв и месо, чувствуваме....
    Се трудам колку е можно повеќе кога ќе поминам со картичката на излез во 16:00 се' што ми се случило и се' што било кажано да остане таму. Не успева секогаш, но во последно време, за разлика од порано, многу помалку си ги носам проблемите дома. И подобро ми е. Позитивно кај нас е тоа што до пред 2 години работевме во иста фирма, така да многу добро знае со што се соочувам, знае и да ме посоветува како да реагирам во одредени ситуации со одредени луѓе.....Не сакам да го замарам, но многу добро ме познава, знае кога нешто се случило, и се обидува на секој начин да ми помогне.
    Кај него е малку поинаква ситуацијата. Секој ден останува прекувремено, и плус работи дома. Нема притисоци од тој вид како што имам јас, но има притисоци со запазување на рокови кои во 100% од случаите се прекратки, и мора да работи и дома :( И тоа е она што најмногу го нервира. Многу добро го разбирам, не се лутам што често нема време да излеземе или да отидеме некаде.....Знам дека е премногу одговорен кога станува збор за работата, исто знам и колку е преамбициозен и колкава е неговата волја и желба да успее сам понатаму. Го ценам и го сакам тоа кај него, и затоа се трудам на секој можен начин да му помогнам во тоа. Се снаоѓаме, во секој можен слободен момент сме заедно, уживаме во заедничкото време.

    Се' на се', добро се разбираме за ова прашање, секогаш сме си поддршка еден на друг, и се трудиме што повеќе да си помагаме како што можеме.

    п.с. Ели, и мене дечко ми ме советува да дадам отказ, не можел да ме гледа да се нервирам и да си го уништувам здравјето, тој ќе ме издржувал ако требало.... :fubar: Такви се, заштитнички настроени кон саканите, барем повеќето кои ги знам :)
     
    На Libera и eli25 им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Додека не почнав со работа,искрено не сфаќав многу работи и се лутев.Прво ќе почнам од тоа дека зависи дали и двајцата партнери работат или не.Значи веќе месец одам во бутик на работа,и сум претепана на сонцето.Така и тој кога си доаѓаше утепан од работа,кога го молев да излеземе тој ме молеше да го сфатам,некогаш и се лутев.А сега ми е појасно,зошто тоа го осеќам како е .Друго е да си имаш претстава друго да почувствуваш и на твоја кожа.Навечер си легнуваше рано 1о,11 ,и некогаш стварно ме нервираше ,ќе загледаме филм на пример,тој ќе задреме :lol:
    Инаку никогаш не би дозволила да трпи тој заради мојата работа.Тој е најважниот човек во мојот живот и секогаш ќе имам време за него.Пари се печалат,љубов еднаш се наоѓа.
     
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Секако дека влијае особено ако работиш на свое тогаш стануваш роб,ама затоа е тука [​IMG]па не потсетува дека треба и да се дружиме и црпиме позитивна енергија--ова е мое мислење и задоволна сум што се релаксирам
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Уф, мојата најлоша навика - не знам да си ги оставам проблемите од работното место таму.
    Ги носам секаде со себе бе, дома нормално, понекогаш и сонувам работи врзани за работа и многу се живцирам.
    Не треба така, ама јас сум живчана, ем чувствителна особа, не сум робот па да вклучам копче и оп - еве ме, дома happy and gay, а на работа ме изнервирале до максимум, ми брцнале во џигер што се вика.
    :^)

    Мојот дечко ми е огромна поддршка, исто и домашните, си ги истурам нервозите и јадовите, не во смисла да им се издеравам, туку ќе се пожалам&поплачам, а они ме слушаат, тешат, советуваат, тапкаат по рамо, и ми даваат лижавка на крајот. :D

    Среќа нервозата и фрустрацијата ми поминуваат брзо за проблеми врзани со работата, ама преку едно нешто нема да можам да преминам чинам никогаш - а тоа е останување прекувремено (беспотребно најчесто), реметење на моите планови и слободно испланирано време. Или доаѓање во недела на работа, отсуство од семејниот ручек, од убави фини моменти, расипани планови со дечко ми, само зашто сум морала јас да работам. :@ Или он, сеедно.

    Е тогаш дури настанува лудилото, срцето ми се крши, сакам да убијам некого.

    И двајцата се нервираме за истата работа и се тешиме и поддржуваме воедно.
    Ниту една работа досега (моја и негова) не ни влијаела барем врз квалитетот на сексуалниот живот, тука се тешам, уште тоа остана да се поебе, заради некаква си работа. |(

    Кога двајцата работат секако нервозите и стресот се поголеми, и времето кое се поминува заедно е намалено и ограничено, но со поддршка и компромис се постигнува баланс во врската и љубовта.
    Крај краева, живот е тоа.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Порано до детали знаев да прераскажувам за тоа како поминал мојот работен ден, како некој ме налутил, ме испровоцирал, па сум направила грешка, па анализирам како дошло до грешката, па не сум јас тотално крива, па зошто само мене ме прозвале...
    И како некоја разгалена принцеза чекав да ме утешат, да ме смират, чунки на големи маки сум, да ми кажат како шефот е глуп а јас сум работник каков ретко се наоѓа...Па ако приметам и најмала незаинтересираност кај партнерот за моите "проблеми" почнувала кавга која траела цела ноќ...
    Со тек на време кога почнаа мене да ми сметаат ваквите разлагања на долго и широко во врска со работата, намалив...
    Сега си идам, раскажувам набрзина што и како, и заборавам на работата комплетно...Истото го очекувам и од партнерот (освен нели ако се работи за нешто големо)...Не сакам да го гледам цел ден намрштен заради случки на работа кои се пример неминовни скоро при секое работење.
    Не сме во тинејџерски период а тој не ми е најдобра другарка да постојано ми служи како рамо за плачење, па затоа гледам да не претерувам...
     
    На imelda, Moira и slavica999 им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас сум едно суштество кое не зборува за работа по дома ниту по пријатели.
    Можеби затоа што се водам по принцип за доверливост затоа што таква ми е работата. Порано кога ќе ме прашаше мм ,,како помина,, добиваше одговор ,,добро,, :) па следуваше дебата ,,ти ништо не кажуваш дрн дрн....за да на крајот свати и да му кажам ништо нема да ме разбере затоа што ни се толку многу спротивни професиите.
    Ако има некоја интересна случка или глупост да се случи тогаш си раскажувам четиво од А до Ш и се смееме. Не сум кинкаш дека ми е тешко или сл. туку само дека си сакам и барам посигурна позиција. Оваа ми е сигурна за некои 10год ама што потоа?!?!
    Освен тоа што си маштаме за иднината што и како би направиле и јас и тој, кроиме некои планови, другото не го носиме дома.
    Штом влезам во кола јас сум на off од работа. Дома сакам да се посветам на семејството и пријателите.
    Кога ќе ме совлада заморот знам и да заспијам уште во 20 часот :$ со малиот ама знам и да станам во 22-23 па да се журкаме :) до 1-2 по полноќ. Јас сум таа спанката која мора да спие 8 часа дневно а тој може да тера и со 5 часа отспиени. На почетокот додека да изнајдеме модул по кој ќе функционираме а нема да трпи сексот :D беа живи циркузи.
    Тој понекогаш знае да работата ја стави на прво место пред семејството, ама сватив дека тоа е некоја си жртва за некое си наше подобро утре.
    Како и да е, само компромис инаку ништо од бизнисот :)
     
    На nena2010, Ariel, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    Од кога почнав и јас секојдневно да одам на работа, се гледаме помалку и на пократко време зошто сме уморни и си имаме триста обврски. Понекогаш ми смета затоа што и самата за себе немам слободно време, но се навикнав веќе. Времето ми е максимално искористено секој ден. Сеуште сме само дечко и девојка, и нормално е да е потешко да најдеш време еден за друг. Да сум мажена ќе си доагаме дома заедно и секој ден ќе имаш барем малку време со партнерот. Не се брзам да дојде до тоа, па затоа уживам во времето што го имаме заедно, дури и повеќе се трудиме да се договориме како што треба. Претходно било полесно, ако не можеш сега, сигурно ќе можеш утре и затоа не било некој проблем.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Сепак влијае. Ми се случувало месец ипол работев во скопска фирма, абе не утепаа од работа од 9 сабаје до 7 - 8 навечер. И да нема работа, седиме, никој не вика одете си. И кога ќе дојдев дома, психички уморена и физички, само бањање и во кревет. И како да не трпи љубовта во таков случај? Се нема време за се. Си треба добра организација.
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    131.134
    Многу зависи и од карактерот. Ако проблемите на работа ги носиш дома, тогаш ќе влијае.

    Јас веќе одамна речиси и не зборувам за работата дома. Ако ми треба некој совет ќе прашам, ама тоа може да се случи еднаш годишно. Ниту мм, ниту моите, ниту пријателите не знаат што точно работам, туку само во која фирма. Сигурно ни назив на работно место не ми знаат.

    Јас никогаш не сум раскажувала дома како сум поминала на работа. Порано раскажував деликатни моменти, ама тоа беше многу ретко. Најчесто се работеше за местенки и забивање нож зад грб. Муж ми тогаш многу ме фураше против колегите (да признаам, излезе дека е во право), и во тие моменти расправиите со него за работата имаа влијание врз љубовниот живот. Како и да е, од тогаш престанав да раскажувам ситуации од работа дома. Фала богу, во последно време не сум ни имала такви моменти.
     
    На prashinka и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Сметам дека работата има влијание не само врз љубовниот живот туку едноставно на односитге со најблиските воопшто. Се трудам на работа да не си ги носам домашните проблеми таму и спротивно, проблемите од работа да не ги влечкам дома со себе, и иако давам се` од себе да постигнам некој баланс, некогаш не ми успева, за жал.
    Постојат такви исфрустрирани, необразовани и нереализирани личности кои со ситница знаат да те извадат од контакт, а јас конкретно, бидејќи се` уште сум релативно нова на работа (неколку месеци), се обидувам да не влегувам во конфликт со никој.
    Но, токму тоа прави нервозата да си ја однесам дома и да ми се расипе цел ден, па и да сум планирала излегување после работа, обично откажувам, да не се истурам на некој кој не заслужил.
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Нова сум во работата, почнав од декември, ама милион пати зажалив што отидов на интервју во фирмата каде што сум. Ама, кога веќе се фатив на орото - мора да стиснам заби и да истуркам некако до јуни.
    Е сега, проблемот е што јас не можам она што ме тишти и нервира да си го држам само во себе. Морам да се искажам, да се пожалам, така ми се чини полесна ми е маката. Се жалам дома, се жалам на дечко ми, на најблиските другарки. Знам како звучи ова, не дека 24/7 зборувам само за работата, ама последните 2 месеци тоа ми е главна преокупација.

    До сега не забележав да влијае на врската со дечко ми, и тој почна скоро да работи, па секој ден се прашуваме како ни поминал денот, дали имало нешто интересно на работа и сл. Тој е порезервиран за разлика од мене, знам отприлика што работи ама не навлегува многу во детали. Не се жали, ама веројатно и нема причина за тоа. Убаво му е на работа, исполнет е таму, учи нови нешта секојдневно.

    Јас му викам, да ме истрпи до јуни, после најдобрата евојка ќе бидам :D
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Не само на љубовниот туку на се ми влијае.

    Веке година и пол толку сум навлезена во работата, се интересирам многу, многу напредувам и заработувам што мислам дека ништо друго освен работата не ме интересира и не ми е интересно.

    Јака му душа на тој што ке ми биде дечко треба да ме трпи таква работохоличарка. Уствари ако продолжам така се сомневам дека и ке се најде дечко за мене. Не памтам кога последен пат сум излегла на кафе со некој а тоа да не е поврзано со работата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Балансирање на работа и врска ти е упм тешко. Поготово ако работата ти е стресна, башка која работа сега не е стресна. Плус тоа, не само што ќе страда љубовта и врската, и твоите најблиски ќе бидат на твој пат да им се истуриш, тоа што си го собирал цел ден на работа.

    Ние како луѓе сакаме да напредуваме во нешто. Работата е еден дел, каде што сакаме да бидеме успешни. Но има луѓе што сакаат цело време да се вртиме околу нив. Па дај да напуштиме работата тогаш, од каде пари? Како ќе искачаме, идеме некаде заедно итн?

    Знам многу парови, што врската им виси на конец, само заради ова. Поготово, што еден работи, до доцна на странски проекти, тоа доцна, мислам до 2-3 сабајле. Девојката мисли, дека несака да се гледа со неа или дека ја вара. Нема ден да не се искараат за тоа.

    На работа, поготово ако треба да завршиш на рок, е премногу стресна, стануваш нервозен, и мора таа нервоза да се излезе некаде и на некого.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. chicaboom3

    chicaboom3 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Работата која ја работам не ми дава многу слободно време, па и не сме од исто место и немам слободно време за да се видиме, а ни па да се слушнеме, се случува во една седмица да се слушнеме 2 пати по 2 минути и толку, а и јас кога сум на работа тој е слободен и јас кога сум слободна тој е на работа, но сега за сега добро ни е се навикнавме, ама понекогаш ми е многу тешко кога по некој повод роденден или некоја прослава неможеме да бидеме заедно, но секогаш гледам да најдам некое решение и малку време ден или два на две недели да бидат само наши :)
     
  16. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Секако дека има влијание но мислам повеќе позитивно. Многу попозитивна и расположена сум кога имам свои пари во џеб и во она слободно време што останува можам да се опуштам со партнерот, да излеземе некаде и да се почестиме отколку 24 часа да сум слободна и достапна но без денар па да сме принудени да се затвориме дома. Истото го имам забележано и кај дечковците. Дечко кој е вработен и има свои пари е многу помалку незадоволен (без разлика што условите за работа кај нас се тешки и далеку од идеални) отколку некој кој од своите дома сеуште треба да земе пари за едно кафе. Сепак многу полошо влијае на врската невработеноста.
    Е сега со обврските време не останува многу но нели кога некој ви значи секогаш ќе најдете време. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    И покрај работните обврска јас и мојот партнер секогаш наоѓаме време еден за друг. Работните места ни носат финансии со кои во слободното време можеме да си овозможиме уживања и прошетки. Понекогаш ни е тешко заради тоа што и јас и тој одиме на службени патувања надвор од земјата на по неколку денови но таа оддлеченост си има и своја предност затоа што за ниту една врска не е здраво да се биде постојано заедно.