Здраво Се мислев каде да ја отворам темава, мислам дека најсоодветно е тука. Ме интересира да ми кажете нешто повеќе за Исланд. Дали лесно може да се најде работа таму? Кои услови треба да ги исполнуваме за да работиме таму? Како се платите? Исто дали нашиве дипломи од УКИМ се признаени во Исланд? Ме интересира и за магистерски студии во Исланд. Каков е животот во Исланд? Животен стандард? Дали мора да се знае нивниот јазик? Или може само со англиски јазик да се оди да се работи или да се учи таму?
Стандардот е превисок, единствено е ваљда повисок во Швајцарија. За тие без европски пасош е бирократски доста тешко за снајдување таму, а јазикот е задолжителен, иако сите знаат скоро перфектно англиски .
Во текот на туристичката сезона (летно време) велат може во хотели, ресторани. Но за постојано, повеќе барале луѓе во компјутерската индустрија (програмери) и понешто на фармите кои меѓутоа се вон главниот град. Најлесно е ако имате пасош на ЕЕА (Лихтенштајн, Норвешка, Исланд+Швајцарија која ги ужива исите права) или на ЕУ (на пр. бугарски, шведски, грчки, хрватски, словенечки...). Во тој случај по пристигањето неопходно еведнаш да се извади kennitala - вид бројче на социјалното осигурување. Покрај имање пари тоа е еден од условите за изнајмување стан па до барање работа. За тие што не се од ЕЕА или ЕУ земја, треба да исполни еден од следните услови: - да е во брак со исландски државјанин/-ка - или да студираат на нивниот универзитет. Врз основа натоа селди дозвола за престој и право на работа но со ограничено работно време - да има работна дозвола која пак ќе ја добијат само оние странци кои се квалификувани за ретки а потребни професии во Исланд, под услов претходно да не можат да најдат луѓе кои се веќе државјани на Исланд или барем од ЕУ или ЕЕА. (на пр. програмери). Околу 300000 круни што е приближно 2500€ https://www.numbeo.com/cost-of-living/country_result.jsp?country=Iceland Не знам. Има 7 универзитети, неколку државни и неколку приватни. https://study.iceland.is/study-in-iceland https://english.hi.is/university/graduate_studies Како за кого... Природата е преубава, но во краток преиод лесно можат да се сменат 4 годишни времиња. Зимно време мразот е речиси насекаде, и иако властите направиле многу подобрувања во поглед на мразот(геотермални цевки под тротоарите), се уште многу исланѓани се лизгаат бидејќи ретко фрлале песок кога имало мраз. Продавниците, рестораните и бензинските за време на празници се затворени, голем број продавници низ земјата работат само од 11-18ч. Исклучок се моловите кои отвораат во недела по 13-14 часот. Но има и продавнички кои работат 24ч. во главниот град. Рејкјавик, гл. град на Исланд од Скопје по права воздушна линија е оддалечен 3674км, но засега нема директни летови од Скопје. Значително повисок во однос на македонскиот, но откако Исланд го погоди финансиската криза 2008 год. (иако бележи огромно опоравување од тогаш) исланѓани се жалат на опаѓање на стандардот во болниците и скапите недвижнини. На пр. за изнајмување соба под кирија (не цел стан, не хотел) месечно е околу 600€. Воглавно поскапо било отколку во Швајцарија. Имигрантите од САД велат дека хранта умее да биде мошне скапа - исклучок се доматите, краставиците и пиперките кои не ги увезуваат туку ги одгледуваат во стакленици со помош на геотермалните води. Освен гауда кашкавал обично немаат осоговски или друг, за шарпланински кашкавал и да не зборуваме. Речиси на сè што се увезува ставале некакви даноци. Роднина да му прати од странство подарок, и подарокот ќе го оданочат, понекогаш во иста висина колку што чини и самиот подарок. Но греењето и струјата се поефтини - имаат многу геотермална енергија поради влуканите и гејзирите. За поединец за да преживее потребно биле најмалку 169400 круни т.е. 1400€ месечно. 1€=121ISK (Íslensk krónur - исландски круни) Летна сезона не мора ако се работи низ хотели, ресторани, кафулиња... постојат повеќе студиски програми на англиски. Но за посериозна работа и на подолг период исландскиот е неопходен. Тоа е интересен јазик од е германската група јазици, близок до фарскиот но и стариот норвешки. Денешните норвежани, данци, швеѓани баш и не ги разбираат исланѓани (нешто како македоснки и полски е разликата). За среќа постојат бројни курсеви по исландски како странски јазик низ интернет како и на нивниот факултет. Голем број исланѓани учеле дански во основно како задолжителен, но велат дека повеќето слабо го научиле. Повеќе инфо за тие што сакаат да се преселат, на веб сајтот на дирекцијата за имиграција: http://www.utl.is/ https://visitreykjavik.is/city-card/front
А во врска со влез/излез на колку време мора да се направи? Има ли можност за неограничен престој без влез/излез на одредено време?
Не верувам дека некој од медитерански и балкански земји би издржал таму. Инаку како земја е интересна, но и доста депресивна.
Исланд е остров кој сакам да го посетам, еднакво како и Нов Зеланд, поради природата, убавините. Е сега, за шетање, верувам дека секој би се нафатил. Но за живот таму, треба пред се да бидеш психички подготвен, покрај суровата клима, треба да поднесеш и живот во пола година ноќ и пола година ден. Мислам дека тоа мава на депресија. Сосема различен начин на живот. Образованието и здравството им биле на високо ниво, безбедна земја со писмен народ. Но животот бил скап, скапи кирии, скапа храна, е струјата и греењето биле поефтини. Кој како ќе се снајде работава. Ако планираш престој на подолго, убаво е да почнеш да си учиш исландски. Ако не ти е проблем климата, финансиски си поткован, спремен си за голема промена во животот, те привлекува Исланд како твој иден дом, вреди да се проба, но со намера да се успее а не како некои, ќе отидат па ова му сметало, она му сметало и се враќаат. Нив кај и да отидат ќе им смета нешто. http://www.putoholicari.rtl.hr/island-zemlja-koja-me-odusevila-29458/ https://www.jutarnji.hr/life/zivotn...erujem-koliko-mi-se-zivot-preokrenuo/6640311/ http://mondo.rs/a1095530/Info/Drustvo/Srbi-na-Islandu-zivot-na-Islandu.html
Сега сфаќам колку Македонија е прекрасно место за живот. 4 годишни времиња, многу топли денови, пријатна есен и преубава пролет со прилично ладна зима. Планини, реки и вода насекаде, прилично плодна земја за одгледување на многу зеленчук, овошје и житарици. Тоа што народот е удрен со цигла во глава и не знае на сето тоа да му се радува и правилно да го искористи е сосема треба работа и случај за надгледување.
О неее, зошто така? А ако ти кажам дека исланѓаните, двата пола, се многу промискуитетни, отворено зборуваат за сексуалните искуства и додека овде машко шо легнало многу женски е фраер а женска што имала секс со иста бројка мажи е курва, таму се еднакви и во таа смисла, фраери? Можеби затоа Исланд имал голем број самохрани мајки. Додека ние излаваме по кафиќите, таму излаваат на топли базенчиња и таму си муабетат и шмекаат, мераци. А за нашата клима и природа, добро што сега си увидел, ама кога ќе видиш дека во Швајцарија богаташите имаат куќи по селата и дека сточарите одн земјоделците возат вртоглаво скапи коли и се големи бизнисмени а нашиве крпат крај со крај и секоја година се актуелни проблемите во врска со ниско откупни цени на млеко, месо, овошје, зеленчук итн., се паѓа во вода. Џабе природа и клима, кога државата е трула со умрена власт. А нека не ве плаши климата, секоја земја си има свои предности и мани. Не за џабе Исланд е една од најбогатите на светот, што за нашата држава со супер годишни времиња и погодна клима е невозможна мисија. Убаво е човек да направи промени, во смисла на подобар живот за своето семејство, но најпрво добро да ја проучи земјата во која оди. За таа цел, најдобро да се стапи во контакт со нашинци таму, преку социјалните мрежи.
Иако Исланд не е членка на ЕУ, член е на Шенген зоната што значи за македонски пасоши важи истото правило - туристички престој/посета на пријатели роднини до 90 дена може без виза. Потоа 6 месеци треба да поминат доколку сакате без виза. Па ако студираш таму, нормално дека може... Но за секој случај ќе побараш визата сепак да биде мулти - за неограничен број на влез/излез во дадениот период (на пр. 1 година) во случај да мораш или сакаш да се вратиш во Скопје за распуст. Но за студиски престој секако треба виза, а за издавање визи во Македонија надлежна е Француската амбасада (Исланд нема свој конзулат ниту амбасада во Скопје). Натамошни корисни информации за животот и престојот таму на сајтот на исландскиот конзулат во Хрватска; http://island.hr/ http://www.mcc.is/serbian-croatian/extras/preseljenje-na-island Зимно време не било тотално темница, повеќе како самрак. Но точно е дека некому тоа може да пречи психички. Особено за сончољупците. Веројатно поради тоа јужната пријателска земја сака да ѝ излезе во пресрет на Македонија па нуди промена на идентитето, чунки народо со нов карактер ќе биди. Шега на страна, Македонија не била под пусто викиншко како Исланд, па можеби затоа народо е таков... На пола машки од форумот штотуку им се приоде во Исланд после кажаново. Сепак, на таа тема вреди да се прочита следниот текст од млада исланѓанка - има нешто вистина во нивната отвореност и директност, но далеку од тоа дека се сексаат кој како стигне и со кого стигне. https://guidetoiceland.is/connect-with-locals/nanna/sex-and-nudity
Таман работа дека се сексаат кој со кого ќе стигне, работава испадна како видео игрицана со Бил Клинтон, од чистачка до раководителка Поентата ми беше за слободата на изразување на сексуални желби со тој што сака, не со секој што ќе го сретне на улица, наспроти затвореноста на таков тип муабети кај нас и стравот да не те етикетираат како курва ако имаш секс со секој што те привлекува и што ќе ти даде Таму нема оговарање од типот-види ја онаа се ренда со кој сака, туку отворено си зборуваат за искуствата. Туку да не забегуваме, тој што оди поради ова, ќе најде начин да се запознае подетално. А за темница, таман работа дека е црна темница, туку нема сончева светлина. Така и кога е само ден, се смрачува. Имаше некои слики за вечерна журка на плажа а тоа ден, како приквечерие, се се гледа. Е сега не е исто пошто "најбоље се ствари дешавају ночу" Со темава ми се врати и желбата за имиграција на Исланд.
Што го сфаќаш навредливо,само прашав. Ако знаеш удостоиме културно,ако не, не барај кавга таму кај што нема потреба.
А со Бугарски пасош исто ли е за 3 месеци или може и подолго да се остане? А работна виза како се добива и колку време важи?
Зошто мислиш дека го сфаќаме навредливо? За да можеме културно да те удостоиме со одговор, треба да знаеме што подразбираш под тоа што го праша... На вакви рабини мислише, или? Бугарија е во ЕУ и ЕЕА: http://www.mcc.is/english/eng-administration/kennitala/member-states-of-the-eea--efta-agreements/ Така да може, но ќе биде потребно да се регистрира при што пак се бара причина зошто и кај кого ќе седи таму. (работи, студира...). Погледни во #3 одговор од темава.
Еее така е веќе појасно! Рабините се вид теолози, вероучители во јудаизмот (досл. рабин или рави во превод од хебрејски значи учител) а следбениците на јудаизмот се нарекуваат евреи. Во Исланд бројот на евреи е мошне мал и немаат своја синагога па отаму нема ниту многу рабини (ако ги има воопшто). Но затоа па во Израел има мнооогу евреи па така и многу рабини кои ги подучуваат евреите за нивната вера, па на некој начин може да се каже дека Израел е земја на рабините. Но тоа е како да се каже дека Македонија е земја на попови затоа што има многу православни свештеници и цркви. Попрво би можело да се каже дека Македонија е земја на ајварот, доматите... Се надевам дека го одговоривме прашањето. Инаку поранешната прва дама на Исланд (т.е. сопругата на поранешниот претседател) била еврејка од Израел, но по потекло од Узбекистан (тнр. бухарски евреи) па можеби нејзе ја подучувал и некој рабин.
Татко ми поголемиот дел од годината го поминува во Исланд-работно. Семејството му е тука, и таму е буквално сам. Многу ја фали земјата, само пофални зборови имам слушано од него за Исланд. Доколку ја посетувате ви препорачувам да не одите во зима за да може да видите се, и да трае повеќе денот а не ноќта како што е во зимските денови. Инаку може и да работите без да знаете исландски, дури и во овој период, не само во летниот. Многу многу природни убавини, и каде каде подобра држава од нашата. Исто не сте спомнале и дека оваа островска држава е една од 5те најбезбедни во светот. @daylight дали можеби си го посетила Исланд или живееш таму? Браво за информацииве, гуд џаб вел дан
Не знам колку ви е за верување, ама јас од тука му најдов додека он беше таму и чекаше да го викнат безнадежно... Постојано му аплицирав преку нет, и го викнаа наредниот ден на разговор. Ама да не беше таму он веќе, немаше да може да отиде на разговорот одма наредниот ден, нема ни директни летови уште за жал...