Не, но преку интернет многу нешто може да се дознае Само треба да ни текне да гугламе. А еве уште една интересна информација од општа исландска јазична култура, т.е. како да дознаете од презимето дали е машко или женско... Доколку презимето содржи -сон; на пр. Олафсон тогаш е машко. Ако содржи -доттир на пр. Олафсдотир значи дека е женско. Имено son = син; dóttir = ќерка Во превод Олафсон значи синот на Олаф, или ако е Олафсдоттир ќе значи ќерка му на Олаф и тн.
Здраво. Ако може некој да ми каже дали може да се аплицира за виза за Исланд и како и дали нашите факултети има шанси да ги признаат таму, конкретно стоматологија?
Здраво, Јас живеам во Исланд Дипломата од Универзитетот Кирил и Методиј ми е признаена. На enicnaric.is можеш да добиеш повеќе информации. Виза во Исланд се добива само доколу некоја компанија те повика да работиш за нив. Медицинскиот кадар е многу потребен и дефицитарен и доколку зборуваш добар англиски може ќе успееш да најдеш работа без да зборуваш Исландски јазик. Провери на Alfreð.is за отворени позиции во болници, амбулантата или пензионерски домови. Друг начин да почнеш да живееш во Исланд е преку запишување на мастер студио. Само доколу си студент ќе можеш да работиш тука 40 или 50% работно време. За убава работна позиција потребно е познавање на Исландски јазик.
Не е битна струката за Исланд. Битно е да бираш работа во дефицитарн сектор. Друго битно тука е што и да си доктор на науки ако не го зборуваш јазикот немаш многу убави опции. Многу мало општество е и многу се плашат дека англиски ќе им го уништи јазикот и се многу дискриминацирачки во тој поглед.