Работа-Поротник

Дискусија во 'Барање работа' започната од mime87, 3 јануари 2013.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со ваква работа како поротник во суд?аплицирав за работа пред нова година се бараа доста кандидати за во Основниот суд во Битола сеуште немам одговор инаку не бараја некој кавалификации специфични да речам...
     
  2. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Toa не е работа од која можеш да се издржуваш, хонорарно е. Примаат голем број луѓе, ама сите не ги ангажираат, ќе бидеш ангажирана само ако познаваш некој судија кој ќе те вика кога има рочиште. За едно рочиште се добиваше 200 денари, пред 2-3 години кога јас одев како поротник, ама сега мислам дека е помалку. Седиш, слушаш, се потпишуваш :D и на крај ти даваат ливче. Си ги собираш ливчињата и на крај на месец ги носиш во благајната на судот, па ти пуштаат пари на сметка кога земаат плата и вработените таму. Ако не правиш ништо друго во животот ќе ти се најде, јас одев додека спремав испити колку да излезам од дома, да ме фати воздух. Месечно најмногу земав по околу 2.000-2.400 ден.
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    А како се пријави за поротник преку оглас или како?
     
  4. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    Каква обука се посетува и испитот што содржи?
     
  5. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Поротникот се избира на одредено време мандат од 4 години, за секое присуство на расправа или претрес добиваш 125 денари, сега за сега е доволно да имаш средно образиование, да си државјанин на рм и се аплицира во судот кој има објавено оглас, од 1 јануари 2016 година влегува во сила измената на Законот за судовите според кој за да бидеш судија поротник треба да има високо образование, да се посетува обука и се полага испит.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    па не би ја потценвала оваа функција и сега оваа година скоро сите што аплицираја беа или дипломирани правници иди студенти во 3 и 4 година студии на правен така да имаше конкуренција...
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сум судија/поротник за малолетници
    мандатот ми е 4 години
    зошто баш мене ме одбраа
    ке ти дадат случај на малолетник/малолетничка да му/и судиш после на душа ке го носиш
    кутричко душиче животот пекол ке му/и биде после тоа
    подобро сама ке си се осудам :x
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.745
    Допаѓања:
    141.637
    Затоа што образованието ти е поврзано со образование, социјална работа и слично. Затоа вообичаено е поротникот кај малолетници да е со таква струка.
    Ке се изнагледаш невоспитани дечишта, силувачи на баби, тепачи...А казната им е од зголемен надзор од родител до малолетнички затвор.
    Се гледа мислењето на социјалниот работник, ти ништо не судиш, а скоро и судијата да не суди. Во огромна мера влијае извештајот од социјалниот работник.

    Инаку, никаде во РМ поротниците не одлучиле поинаку од судијата. Само кутат и климаат глава и земаат минимални суми. Идејата е супер со порота, реализацијата е за срамови.

    Читав извештај од меѓународна организзиција која правела увид во нашите судови по оваа тема. Буквално се исмеваат со незаинтересираноста на нашите поротници.
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    125 ден :^) :o сериозно ли.
    Па со два автобуси ако патуваш до судот ти е 140 ден, а може и повеќе ако си подалеку.
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Затоа што образованието ти е поврзано со образование, социјална работа и слично
    грешка си сосема нешто друго студирам
    а тоа е деловна економија и организациони науки:!:
     
  11. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Што функција има поротникот? Најдов еден оглас за поротник со скратено работно време, но не сфаќам што се прави?
     
  12. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Има некаков контакт телефон оставено? Доколку има јави се и прашај кои се работните обврски и одговорности за тоа работно место или пиши мејл доколку има оставено на огласот.
     
  13. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој сега како е? Татко ми е пензионер и не знам кај му текна дека ова би му било добра занимација зошто не му е за пари колку за пополнување време
     
  14. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    До 60 години примаат, со надеж дека ќе се промени тоа, ама тешко
     
  15. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    3.967
    Пол:
    Женски
    Каде може да се пријавам?
     
  16. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Пиши ми порака, ќе ти пишам кога ќе има оглас, другарка е таму мислам рече во јуни ќе објават, она одма ќе ми прати штом е објавен огласот
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pham

    Pham Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2023
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Можеш ли да ми пишеш и мене?