Работа + Студирање

Дискусија во 'На работното место' започната од Jecichka, 24 март 2014.

  1. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    20
    Се надевам дека нема ваква тема.
    Би сакала да споделите мислење во врска со оваа тема. Моментално сум студент, но во меѓувреме ми се нуди солидна работа. Е сега единствениот страв ми е што моето дипломирање ќе биде малце одоловлечено заради работата. Но економската состојба е не баш сјајана и тоа ми е единствениот мотив за да би почнала да работам, нормално и искуството кое би го стекнала.
    Какво мислење имате вие во врска со ова ?
     
  2. ancebanance

    ancebanance Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Според мене СЕКАКО да почнеш со работа, знаеш колку е тешко во денешно време да се најде солидна работа, многу завршивме, дипломиравме, па седиме дома, тебе ти се пружила шанса искористија. Во меѓувреме секако и не го оставај факултетот кога имаш плата имаш и мотивација да се досоувршуваш и да го завршиш факултетот.
     
    На mimiiiii и Jecichka им се допаѓа ова.
  3. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    20
    Платата не е екстремно огромна, но за мои години е може да се каже повеќе од доволна 300 евра... Не би го оставила факсот, но дека прва работа неам искуство и малце ме фаќа фуфка :D
     
  4. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    24
    Ме интересира дали знае некој студент на стоматолошки дали смеам да работам дали е дозволено како стоматолошка сестра/забен техничар и притоа да запишам стоматолошки факултет? :)
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ја направам оваа комбинација не поради финансиски причини колку за лична сатисфакција. Ама сите ми викаат дека е многу напорно, поготово моите блиски. Бидејќи планирам да упишам туризам, сакам во меѓувреме да работам во туристичка агенција, ми кажаа дека со завршен прв семестар и започнат втор може да се работи во туристичка агенција, е сега не знам колку оваа информација е точна. Дури и да е многу напорно би сакала да се обидам еден период, ништо не губам и само ќе го зголемам искуството и ќе заработам нешто свое. :) Но ќе видиме, имам време до тогаш за да одлучам.
     
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.326
    Пол:
    Женски
    И јас на исти маки сум.
    Прва година ја завршив на факултет, и сакам да аплицирам на позиција која што прифаќа студенти...
    Се плашам дали ќе можам да издржам и да работам и да студирам истовремено.

    Ајде некој со такво искуство мала мотивација да ни пружа :$
     
  7. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    89
    И за претходните девојки што прашаа што да прават - работете и студирајте!
    И подоцна да го завршиш факултетот не е страшно. Со истата диплома секогаш ќе има луѓе со лопата да ги ринеш, но ти ќе имаш нешто плус со кое ќе се издвојуваш на пазарот на трудот. Кога ќе се појават двајца кандидати со иста диплома, нема работодавачот да гледа кој побрзо завршил, туку кој има и работно искуство т.е. работни навики.
     
    На Candid и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  8. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    101
    И јас сакав да почнам, но мојот факултет нема вонредно. Незнам дали би ме вработиле доколку знаат дека треба да трчам, да се ослободувам за полагања, да молам за заменување на смени и да правам проблеми таму за да ме пуштат на саат-два за на факултет. Затоа се предомислив, ќе стиснам заби уште здравје 3 години ќе учам и после ќе работам...
     
  9. Dolela

    Dolela Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Јас имам работено и студирано и успеав меѓутоа тоа беше во втора година. Е сега имам проблем. Ми понудија работа нормална плата од 200 евра хаха во мојот град јас дипломирав лани, е сега сакам од октомври на мастер да се запишам во скопје. Проблемот е што баш за тој факултет јас што сакам, предавањата се преку неделата, попладне.
    работа во мојот град, мастер во скопје се во исто време. Многу сакам знам. И сега не знам што да направам што да одберам а долго време барав работа и еве сега конечно најдов но не одговара според натамошниот план за образованието, а не сакам да седам така како минатава година ја потрошив седејќи дома правејќи ништо. Многу сум збунета сум и не знам што да правам. Некој совет?
     
  10. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Вработи си, на мастер можеш да се запишиш кога сакаш, работа тешко се наоѓа во Македонија. Освен ако успееш да најдеш работа во Скопје, па продолжи на постдипломски.
     
    На Nausicaa и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. toxincitylies

    toxincitylies Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    44
    Jas i studirav i rabotam. Normalno zaedno i dvete se naporni i samo najupornite uspevaat. Na rabota napreduvam, fakultetot go vlecam. I onaka dodeka da uspeam da se vrabotam po zvanjeto od diplomata ke ostaram.
     
  12. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
    Јас и работам и студирам и тоа подолго време. Тоа што го студирам и тоа што го работам немаат никаква поврзаност но супер ми е.
    Точно е дека факултетот го одолговлекувам но не ми е воопшто битно, можам во било кое време да го завршам, плус работното искуство ме издвојува..

    Така да - работете и студирајте доколку ви се пружи шанса
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.831
    Пол:
    Женски
    И јас си работам паралелно, мојот факултет нема вондредно, па си го развлеков малку повеќе од што треба, најверојатно ќе дипломирам година подоцна. Не ми е жал, некои успеваат и двете да ги тераат најнормално, јас така не можам, не сакам да се префорсирам.
     
    На AURUA, Lady Phoenix и mirandaa им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Кога бев на додипломски, од крај на прва година почнав да работам. Преку лето - редовно, а преку годината колку што можев.

    Е сега, на мојов факултет немаше (и сеуште нема) вонредно студирање, а беше прилично захтевен, со предавања и вежби од утро до доцна попладне. Најкриво ми беше што ми се зезна втора година (тогаш постоеја предмети кои беа услов за слушање на предмети од следен семестар или година) и ми се измешаа работите. Поради тоа, ми се одолговлече за една година дипломирањето, а и ми се измеша слушањето на некои предмети. Ми се разидоа „патиштата“ со колегите од моја генерација и беше малку тешко во врска со полагањата од различни аспекти.

    Затоа, мој совет до сите студенти е:

    1. Ако ви е захтевен факултетот - посветете му се исклучиво на него
    2. Ако ви дозволуваат факултетските активности - студирајте и работете
    3. Ако сте во „тесна“ финансиска состојба, извагајте прво дали повеќе ви се исплати да завршите со време или да заработувате, а да го одложувате факултетот
    4. Ако сакате едноставно да работите за да стекнете искуство и да си заработувате добро, а не ви е важно дали факултетот ќе трпи - работете

    *Секогаш можете да најдете работа како келнери или шанкери за викенди или преку лето, а во остатокот од времето да се посветите добро на факултетот за да не ви заостануваат испити

    Мене лично не ми оди баш факултет и работа, со оглед на тоа што кај нас нема нормални работни услови, туку максимална експлоатација. „Флексибилно“ работно време, работење за викенди и празници, работење во смени, а од друга страна ве чекаат испити. Стресови и нервози на работа, наспроти стресови на факултет. Кој може да се справи со тоа, или ако му се пружат подобри услови за работа - go ahead! ;)

    Сепак секој си ја знае својата ситуација најдобро и пожелно е сам да си одлучи. :)
     
    На kikkki, AURUA, Mayyya и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Vo vremeto pred da diploram na prviot fakultet, edno vreme I favor v I studirav, ne i bese naporno vo toj period. Zavrsiv na vreme.
    No sega zapisav vote fakultet I plus rabotam I mozam da kazam deka mi e mn naporno no nema otkazuvanje! Glavata gore upornost I se ke se sredi.
     
  16. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Јас студирам и работам, и напорно е. Имам и втора работа така неколку пати во месецот кај што идам, негогаш ми е премногу напорно. Факултетот го влечам малце од причина што немам време многу за него. Али воопшто не се каам што почнав а работам пошто искуството и стварите што ги научив на работа нема да ги научам уште 5 години да студирам. Работата ми е во струка така да во ниеден момент не ни помислував дали да прифатам да работам или не. И да завршам факултет со просек 10 а да немам искуство знам дека многу потешко ке се вработам, а вака имам искуство така да кога ке дипломирам и набијам искуство тука спремна сум за нешто поголемо. Мотивирана сум да завршам што побрзо за да ми ја покачат платата пошто моментално ми е супер тука и не планирам да менувам.
     
    На AURUA, mimiiiii и crimson им се допаѓа ова.
  17. џунџуле

    џунџуле Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Женски
    Јас работев, студирав и имав семејство. И сма не знам како успеав, ама ги положив сите оспити од прва.
     
    На AURUA и Erata им се допаѓа ова.
  18. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да поверувам во тоа дека работа и факултет идат заедно,од проста причина што ,или си посветен на работата,или на факултетот,или како викаат на две столици не се седи:wasntme: Јас лично не би можела да работам и да учам,ептен се оптеретувам со учење и ми треба повеќе време,па уште и работа ,дома,жив не наспан и да учиш....нема смисла,сепак браво за тие што успеваат така.
     
    На H.VAGA, theowndemon и AURUA им се допаѓа ова.
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.933
    I da se nadovrzam I se raboti I se uci I deca se cuvaat ako se saka. Ete rabotam I toa rabota koja posle rabotnoto vreme I te kako bara posvetuvanje I se zapisav na vtor faks eden veke imam zsvrseno I mi se smeat doma go polagam so povisoki ocenki od porano I plus doma imam 4 god. Dete koe I te kako za mnogu raboti ceka na mene ama spienje nema setanje reducirano vo sekoj slucaj nesto mora da se zrtvuva. No vtoriot faks mi e dve godini ete ednata ja zavrsuvam ke izdrzam uste edna.koga se saka se ama se se moze
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lady*Bug

    Lady*Bug Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
    Се се сведува на тоа колку човек е подготвен тоа да го издржи, многу завиат околностите околу вас, и секако за каков факултет се работи (иако некои ќе кажат дека за сите треба подеднаков труд, не би се сложила)
    Лично јас учев и работев цели 6 години, но на крај морав да ја оставам работата за да го завршам факултетот. Нормално се развлече целата работа бидејќи јас самата не сакав многу да го жртвувам приватниот живот. Затоа кажав индивидуално е, и многу зависи кои приоритети ќе си ги постави човек пред себе.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.