1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во Авганистан

Дискусија во 'Барање работа' започната од georgieva, 19 март 2011.

  1. georgieva

    georgieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Почитувани,
    Како што забележав на форумов има тема „Работа на брод“, но не и работа во Авганистан. Заинтересирана сум да отидам таму, веќе имам неколку информации, но секоја ваша помош би ми била добредојдена. Досега како најсигурна агенција ми ја препорачале FLUOR.
    Ви благодарам.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    РАБОТА ВО АВГАНИСТАН

    Јас ќе ти речам само толку дека имаше случај кога беше нападната базата и пробиена одбраната, иако ветуваат сигурност и безбедност агенциите мислам дека постои огромен ризик, па сега не знам колку мислиш дека вреди да се прифати, па макар и за колкава сума на пари да станува збор. Плус, има ограничување само на базата за престој, не смееш да излегуваш надвор, тоа е изолација на долг период и размисли дали си и на ова спремна.
    Поздрав и се‘ најдобро.
     
  3. georgieva

    georgieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    веќе подолго време го размислувам ова и решена сум дека сакам да отидам, свесна за сите ризици што ги има. благодарам и се најдобро
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Сега еден другар сака да аплицира... Еден познајник беше цела година, било многу изолирано, ама немало некоја опасност. Зависи базата каде се наоѓа. А за девојки не сум слушнала што биле...
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Јас знам за девојка и тоа прилично млада што има отидено , пред неколку месеци :) добро е колку што знам. има склучено договор на прилично висок износ на плата, со оглед на тоа дека англискиот го владее многу добро , па и на некое подобро работно место е. Иако се заработува највеќе таму, некако не ми е за женско местово, уствари за никој не ми е :^) има многу други места надвор од земјава, можеби платата нема да е како овдека ама ќе знаеш дека си на сигурно и нема да бидеш со месеци затворена во база :(
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    дечкото на една моја пријателка е во авганистан, отиде во октомври минатата година и има договор на една година,работи во кујна мислам во воена база и за една година ке земе околу 30000 илјади евра мислам. Инаку си иде на неколку месеци, па после пак се враќа таму. Мислам дека отиде преку некоја кумановска агенција, а мислам дека таму имало и жени, и имало многу од куманово
     
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505

    FLUOR не е агенција туку Американска компанија која има потпишано договор за логистичка поддршка на Американската војска. Проектот во Авганистан е LOGCAP IV. На интернет страницата на компанијата има листа од слободни работни места. Пожелно е апликантите да имаат барем основно познавање на англискиот јазик бидејки сета комуникација е на американски англиски. Доколку ве повикаат на интервју и го поминете (на англиски) следуваат ДЕТАЛНИ медицински прегледи, каде и за кариес на забот ке ве вратат, па вакцинација со 5-6 вакцини одеднаш и сл. Потпишувате договор каде компанијата се оградува од било каква одговорност кон вас бидејки ви кажува дека одите во воена зона, ке треба да назначите некои белези или нешто карактеристично на вашето тело по што би ве препознале доколку треба да се идентификува лешот. Треба да наведете и лице за контакт во случај на смрт, кому да се јават. Ке имате тренинзи што да правите ако ве касне змија, шкорпија итн.
    И ако отидете, многу ке се промените. Ке помине првата година па 30,000УСД нема да ви се доволни, ке останете повеке, па ке се нижат годините и се нема да ви е доволно, животот ке си тече, семејството ке пати или ке се растури итн. Со среќа.........
     
    На Annora, Hipster, Dejana.M и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мислам дека би требало да знаеш со самото одење на колкав ризик се изложуваш. Ама знам дека во последно време барале девојки за работа во кујна така да и не е толку ризично, а за палта знам дека многу заработуваат.
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мислам навистина не ми е јасно како размислувате на овој начин ако било за кујна не е опасно. Ако падне насред база ракета кујната ќе биде поштедена,м? Пред повеќе од год. ме убедуваше еден другар како имаат непробоен анти-ракетен штит, на што му одговорив дека не постои совршена одбрана при напад и за кратко време се виде дека сум во право, беше погодена база, криво ми беше за луѓето да не сфати некој погрешно, ама не постои совршена безбедност, се работи за воена база која е континуирано цел на напади, не за идилична прошетка во некое егзотично село. Ајде да речеме да има човек некоја спремност бил полицаец или војник претходно ќе има некакви шанси ако има напад т.е. пробив на непријатели во базата, ама обичен цивил нема никакви шанси и не бидете во заблуда ако станете заробеник дека ќе постапуваат фер со вас, а во краен случај од ракетни и др.боеви напади никој не е безбеден, без оглед на спремноста. За мене лично ни три пати поголема сума пари не е замена за премин од мојата татковина каде владее мир во срцето на воена база. И не мислете дека ќе изгубите само некоја год. а ќе бидете не знам колку побогати потоа, бидејќи има веројатност и да не го дочекате тоа, Бог нека ве чува, ама оваа е реалноста.
     
  10. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Околу работење во авганистан да ти кажам дека и јас едно време сериозно размислував да си спакувам куферите и да отидам таму барем 1 година.Имам пријателка која е фамилијарна жена и таму е веќа 3 години и да ти кажам нема некоја сериозна причина за загриженост.Сепак и за таму постојат фактори како што се врски, па тоа беше единствената причина зошто неотидов таму.Иначе платата пред 3 години беше многу поголема-за работа во кујна плаќале околу 5000 долари месечно, ама и тие Американците се искурназиле па ги провериле Македонските просечни плати на ја намалиле платат на 2500 долари.Во секој случај околу сигурноста можам да ти кажам дека пријателката ми кажа дека во тие 3 години одкако е таа таму за работниците што се во воените бази сигурноста им била на високо ниво.Сепак доколку се решиш да отидеш јас не би ти препорачала да останеш повеќе од една и пол година заради евентуалното зрачење.
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не потпаѓајте на било какви сајтови, ако сакате да аплицирате едноставно аплицирајте на сајтовите на фирмите, едноставно е и дирекно влегувате во нивната база на податоци. Моментално се Флуор и Дајнакорп.
    Јас само ќе кажам дека тоа е брза печалка на пари....
     
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Татко ми работи во Авганистан , имаше порано договор со Флуор , сега со друга има потпишано и е шеф , работи веќе 3 години таму . И можам да ти кажам дека треба само да сврзеш која реченица на англиски , ако си ств заинтересирана можам страната да ти ја пратам кај што пишуваш се за тебе и праќаш . Со сегашниов договор татко ми кога го потпиша доби 1000 или 2 долари и на крај кога му истекува ама тогаш нешто повеќе добива мислам . Доаѓа на секои 3 месеци и нешто и со оваа компанија му е одморот околу 17-20 дена . За таму ако си примена ти треба и нешто пари ама после ти се враќаат .
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Со која фирма има сега потпишано, и ако може линк?
     
  15. georgieva

    georgieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    ќе сакаш ли да ја напишеш линк, претпоставувам дека татко ти е задоволен од работата таму инаку не верувам дека би издржал 3 години
    фала ти поздрав
     
  16. Tommy

    Tommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Работам во Авганистан веќе 3 години за ITT Systems...
    Фирмата која ја спомнаа, Fluor, е една од најдобрите моментално, затоа што DynCorp го држи Кандахар, доста несигурна база, летото е екстремно жешко ... иде до +50 ...
    Мојата фирма дава логистичка поддршка на Флуор ... НЕ има околу 15 Македонци се на се, кои работат за оваа фирма низ цел Авганистан ...

    Е сега, сите што бараат работа овде, мора една работа да ја имаат на ум.
    Не постои сигурна база... Само прашање на време е кога ке долета нешто ...

    Не постои база која не била нападната....
    Доколку сте среќни, ке добиете база која ке има неколку напади годишно, нешто што е подносливо...
    Бидете спремни да спиете во шатори, заедно со 10, 20 или повеќе индивидуи ...

    Работата во кујна ни малку не е лесна... Можеби најтешката позиција, се работи 12 часа дневно, на нозе, без слободен ден во неделата ...

    Не би го препорачал Авганистан за девојки, иако е плата од басните, сепак, ова е место за машки ...
    Пратете го дечкото, сопругот, и кажете им да не шврљаат во Дубаи ... :rofl:
     
    На RedWine, Theodora, georgieva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски

    Шатори или контејнери? Јас колку што знам, се живее и работи во контејнери (такви се впрочем и базите, сите живеат така), без можност за излегување, за некоја мизерна плата (можеби не мизерна за наши услови, ама мизерна за ризикот кој се презема). Имате и дневница или само фиксна месечна сума?

    Не значи дека Авганистан е место за машки... јас повеќе би рекла, место за психички стабилни личности и луѓе кои не се плашат од предизвици и ги прифаќаат истите без проблем.

    А шврљањето во Дубаи е веќе друга приказна :rofl:
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Грешка сум била јас , се извинувам . Татко ми бил во KBR порано , сега е во Fluor . Ана јас како што знам ,на 2 недели татко ми прима плата , не знам по колку илјади точно беше . Во контејнери и шатори да ама некаде има и нешто како соби некои , барем татко ми така ми кажа и во такво нешто е сега кај што го преместија пред недела дена . Томи , во неговата база 2-3 македонци се , ама како што знам многу од Куманово има .
     
  19. Tommy

    Tommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Првите луѓе што за прв пат добија контејнер, во кој условите за живот се подобри, со вграден туш, беа луѓе кои имаа стаж од 4-5 години....
    Во главната база, има луѓе кои имаа среќа, да добијат контејнер после неколку месеци поминати во Авганистан ... Истите спиеја во големи шатори на почеток, со 500 други вработени...

    Бројката не е згрешена.

    Се зема плата на 2 недели ... Во Fluor има многу Кумановци, во ITT се ретки Македонците ...
    Се работи 84 часа неделно, јас ги работам сите 84, не фаќам прекувремено, едноставно, иако имам среќа да работам лесна работа, после работниот ден сакам да одам да одморам во соба, со филм, серија, документарец ...

    Они што работат над 84, земаат нешто плус ...

    Имено, ви се нуди годишна плата кога идете на интервју ...
     
  20. leptirce

    leptirce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    55
    Епа едно здраво на сите од Баграм, Авганистан. Моментално ви пишувам од работа и инаку раб во авганистан веќе година и пол , и можам да ви кажам дека платата е голема, а и не е толку страшно како што имате слушнато. Значи сепак се наоѓате во војна база и немате право на излез од неа но пак имате добра плата која ве држи тука. точно е дека има бум-бум но не секогаш и има тревоги така да се има доволно време да се отиде во бункер. сепак со тек на време станеш имун на тоа и така да и нема некоја паника ни страв. се раб 12 сата дневно секој ден и имаш 4 одмори по 21 ден. значи се бара познавање на англиски и тоа солидно зашто тука се зборува на тој јазик освен со балканците :D а на прегледите на процесот не се толку строги евентуално ако немаш висок притисок. така да значи јас сум женско и би ти кажала да дојдеш ако можеш затоа што сите што се тука сме само за парите и со некоја одредена цел во животот. Аплицирај и ти посакувам се најубаво. Позз до сите од авганистан :)
     
    На Missbutterfly, georgieva и mona-li им се допаѓа ова.