Здраво, јас сум нова на форумов и би сакала доколку некој има искуство со работа во Австралија да го сподели овде. Имено, се распрашав низ Скопјево и ме упатија кон Australian Migration Office (канцеларијата им се наоѓа кај Мекдоналдс во Аеродром). Бев таму, се распрашав, ме информираа за следново: Единствен предуслов за одење таму е да приложиш доказ дека имаш сметка (не мора да е твоја, може роднина, родител, познаник, пријател кој ќе те овласти) на којашто минимум 6 месеци салдото нема да падне под 25 000 австралиски долари) и познавање на англиски јазик. Условите што ги нуди агенцијата (ако може така да ја наречам) се следниве: - добиваш 2 годишна виза и работна дозвола - мора да посетуваш нешто како колеџ со тоа што може да си одбереш дали сакаш тоа да биде усовршување на англиски јазик или нешто сосема друго по твој избор, тоа е пола ден, а останатиот дел од денот колеџот и/или агенцијата од овде ти наоѓа part time job. -колеџот е 2 семестри шо велиме ние, со тоа што таа една година што ти преостанува од работната дозвола можеш да си најдеш каква сакаш работа со целосно работно време. -агенцијата ги средува сите работи околу аплицирање за виза и работна дозвола во амбасадата во Србија или Бугарија (не се сеќавам точно кај), ти плаќаш некоја незначителна сума. -при крајот на тие 2 години дур имаш виза и дозвола доколку сакаш можеш да побараш од агенцијата да ти ја продолжат на 5 години. Што се однесува до парите на сметка, наводно ти треба само изјава од банка, т.е. доказ за во амбасада дека нема да бидеш на терет на државата, што би значело дека воопшто не мора да ги допреш тие пари (доколку си имаш други нели за авионска карта и сл.) Исто така ми кажаа дека се минува и обичен лекарски преглед и дека во нивното досегашно искуство, речиси и да немале случаеви со одбиено барање за виза и други проблеми од тој вид. Е сега, знам дека кога ќе се направи математиката излегува дека треба да се вложи доста, но јас работам во Скопјево веке 3 години и знам каква е ситуацијата овде, колку се плаќа, колку проблеми имам поминато, кирии, сметки (не сум од Ск, дојдов овде коа се запишав на факултет) и мислам дека сите пари шо ќе ги дадам за одење, доколку таму е се како што вели агенцијата, ќе ги вратам мн бргу. Исто сите се фалат дека таму мн лесно се наоѓа работа, дека се цени трудот и сл. Ве молам доколку некој има некое вакво искуство да го сподели со мене. Благодарам !!!
^^А дали знаеш колку се плаќа за колеџот и колкава би била платата а половина работно време отприлика Сепак, 25 000 долари не се малку пари, но и не е можно да не ги допреш ако истовремено плаќаш колеџ и земаш половина плата Но, како и да е секогаш е тешко на почетокот. А потоа може ли да се продолжи дозволата на уште 2 години па уште 2 или како?
Јас само ја имам посетено Австралија па колку се разбирам толку ќе кажам. За спонзор што ти кажале, јас колку што можам да видам на бирото за имиграција, може да те спонзорира само роднина(дефинирано кој спаѓа под тој термин, а не пријател и познаник), кога се работи за физичко лице и визата е за член од фамилија, или спонзор може да ти биде фирма која веќе ти нуди работа кај нив и вадиш работна виза. Таа виза е студентска нели? За неа сигурно ли ти треба спонзор од таму? Оти јас мислев дека ти треба само твоја сметка со средства да докажеш дека можеш да се издржуваш тој период, а ти дозволуваат и одредена саатнина што можеш да работиш легално парт тајм и да си искараш нешто од што ќе си го дополнуваш фондот за време на целиот престој. Инаку не е да знаеш само јазик критеријата, како би им покажала диплома дека си учила на пример, туку за студентска виза треба да полагаш интернационален тест по англиски IELTS(мислам во македонија тој се полага во британската амбасада) и да го поминеш со минимум бодови што ги бараат. Доколку си решила да тераш работа, секој документ што го претставиш на амбасада, чувај копија оти може ќе ти треба и за влез во земјата. Макар што добиеш виза, батките од имиграција во Австралија се многу сторги и секакви приказни имаат видено и чуено, така да не се за фарбање, и ако те намиришаат дека планираш да останеш подолго од визата, или да работиш на црно повеќе од дозволеното, ќе те испрашаат убаво и ако не се задоволни имаат право и да ти ја поништат визата и да те вратат назад со следниот авион. Не сакам да те плашам, ама добро е да си знаеш дека и тоа можат. Колеџот инаку нема да ти бара и најде part time работа на тебе, сама треба тоа да бараш по огласи во весници, по агенции за темп работници, листови залепени во прозор дека бараат работник итн... а за две години парт тајм работење и колеџ плаќање, нема да ставиш во џеп ни парите за авионската карта. А престојот, јадење и пиење таму треба да си го платиш. Ако имаш роднина да ти дава соба супер, ама и кај нив сигурно треба да придонесеш нешто со сметките. Онака за колку лесно се наоѓало работа и дали се цени трудот. За парт тајм работа ќе најдеш полесно, ама толку ќе те тинтраат и ценат, оти за жал факт е дека како работна сила си потрошлива, не инвестирале години тренинг во тебе и секој момент ќе те заменат со некој друг студент. А колку ќе те плаќаат, сигурно ќе е по закон минимална плата или нешто малку повеќе де, ама со тоа нема кој знае колку да отпркнеш финансиски. Секаде е така по овие земји, не само во Австралија. За две години ќе ти кажам да си го сметаш како авантура и прошетка. Па и за пет ако планираш да си како студент тоа време. За останување после студии треба да си од групата на оние skilled workers што бараат, за да можеш да останеш на работна виза, па разгледај какви бараат ако нели би можела за такво нешто да се запишеш на тие колеџи.
Вака. Едното прашање беше за студентска виза - мислам дека спомнав дека не сум студент, дипломирав и веќе 3 години работам во Ск, значи воопшто не е студенстка виза. Колеџот не планирам да биде англиски јазик и не ми треба ИЕЛТС или ТОЕФЛ тест бидејќи дипломирав англиски, туку нешто стручно за после да имам некоја шанса за тоа шо се нарекува skilled workers Знам дека 25 000 долари се мн пари, но овде секако цело време само одам во загуба, ни сум пријавена на работа, платата ми оди за кирија и сметки...ја знаеме сите приказната. Во зависност од што ќе одбереш и во кое место, има различни цени за колеџот, од 5 000 долари па нагоре (со тоа што јас ќе гледам да одберам некоја од поевтините варијанти). Исто така, тоа трае 2 семестри (значи нешо помалку од година време, ти самиот си избираш колку сакаш да ти трае паузата меѓу 2-та семестри и со тоа дали подолго или пократко ќе студираш). Се плаќа на 4 рати мислам, со тоа што можеш првата да ја платиш уште пред да тргнеш, т.е. од овде. За работата, знам дека не ти наоѓа колеџот туку само ти дава предлози (што вообичаено се минимално платени работни места) и дека најверојатно ќе треба сама да си барам на принцип огласи или од врата на врата, ама не ми е проблем тоа ниту пак нешто ново (го правев тоа едно лето во Америка, она Work&Travel).... За визата, пред крајот на 2рата година (пошо првичната виза е на тоа време) доколку сакаш, агенцијата овде во Македонија ти подготвува постапка за продолжување на истата во период од 5 години, и како што ми казажаа, доколку веќе имаш работа таму и се е ОК, лесно се продолжува....Е сеа, незнам колку сево ова држи вода и колку агенцијава овде е сериозна, затоа пишав...
Мене само ме загрижува дека таа виза ми личеше на студентска по тоа што ти кажале, а баш овде се збунив со спонзор, па каква ли ти нудат виза тебе, и уште не ми е јасно каква е искрено, оти јас таква како што опишуваш не гледам на австралиската официјална страна за имиграција. Има нешто слично што личи на тоа што го кажуваш, што е всушност working holiday виза, ама две години е таа и крај, нема продолжување на таа, а и не важи за македонски пасош. Може сум оќоравела па не можам да најдам ама еве дури и на агенцијата на страната australian migration skopje кои ти кажале за ваква варијанта, не видам такво нешто. Visa categories им се дели на: general skilled visas, family visas, employer sponsored visas, short stay visitor visa, student visas. Би ти препорачала пред да си лупнеш парите кај овие за посредување, пробај најди ја дали постои таа виза така како што ти ја претставуваат, и со продолжување шанса, ама од официјални места .gov Јас да би била, ако е се во ред нели со таа виза, да сум сигурна во агенцијата, и да имам некого што може да ме спонзорира со тие 20 илјади евра на штедна, и некој да ме прибере за малку време, би запнала да штедам за авионската карта и би се нафатила, па таму што дојде нека дојде. А за работа, ако веќе имаш било каква дозвола и за работа, полесно ќе ти е да скриеш екстра саатнина отколку што е дозволено и да си заработиш повеќе, отколку со без никаква дозвола нели. Сепак мене нешто не ми мириса со визата како што треба и пак ќе ти речам само да внимаваш.
Извини што касно одговарам, дури сега видов. Као што ја видов фб страната што ми ја прати, станува збор за истата работа, само што јас бев во оваа агенција, канцелариите им се наоѓаат во Аеродром, во зградите веднаш пред Мекдоналдс - http://www.amo.com.mk/ Поздрав
Jaс колку што имам слушнато има само 2 регистрирани агенти за одење во Австралија кај нас меѓу кои amo и некој во Битола, а во последно време има доста други и нови агенции кои нудат посредништво, BBMacedonia, www.studypro.com.au/macedonian.html ама не знам како ги вадат визите бидејќи не се на официјална листа од австралиска влада овластени за Мк.
http://www.bridgeblue.com.au/mindex.html види овде прати им маил има и контакт за Македонија,одма одговараат,имаше претставник од агенцијава на една емисија кај нас нз точно на која ама многу убаво објасни некој работи. Јас сакам да одам ама туристички па се плашам да не ме одбијат за виза, ако некој студент, сеа брзо бил со туристичка виза и му дозволиле без проблем нека ме известо пошо се плашам да не ме одбијат а ако еднаш те одбијат потешко е да добиеш било каква виза.
Tие се тие истите BBMacedonia на fb, а мислам дека ако сакаш да одиш туристички треба да имаш гарантиран престој кај твои луѓе кои ќе ти пратат гарантно писмо и други потребни нивни документи што се бараат, парична гаранција итн.
I jas imam prasuvano vo taa agencija. Mislam deka ne e taka kako sto si svatila. Apliciras za studentska viza. Dokolku studentskata viza e za edna godina, togas dobivas i part time da moze da rabotis, ako e pomalku od godina togas nemas pravo da rabotis. Za celiot prestoj tamu samata si plakas za se, jadenje, spienje, smetki, skoluvanjeto.... Parite od smetka, od banka moras da gi prilozis kako dokaz , deka ke imas sredstva za zivot. Agencijata od tuka ne ti naoga rabota, taa e zadolzena samo za vizata i kontakt so ucilisteto. Smestuvanjeto treba sama da si go najdes ili stan ili studentski dom.
http://www.kstudyadvicecentre.com.au/ овој линк го најдов на еден оглас на нет , ги контактирав за работа и ми рекоа дека тие се агенцијата овозможуваат за студентска виза , 20 часа во неделата се работи , 20 часа се студира. И дека со таа виза може да си го земеш мажот или жената. Дали некој знае нешто повеке за оваа агенција од Австралија?
Само изгледа заборавиле да ти кажат дека ќе треба да имаш најмалку 40 000 долари на сметка како гаранција, плус да си го платиш школувањето-што во Австралија не е евтино.
Абе това накрај се кажува............ откако ке ти земат парите за формулари пристапници документи............. ко ке се опрчеш 400 500 Е тогаш ке ти рече е се убаво.......сега само да уплатиш уште толку пари на твоја сметка и завршено.
Да ве прашам за туристичка виза. Гаранцијата и документите се чичко во австралија и внук тука, меѓутоа невработен. Колку се шансите за да го пуштат? За 2-3 месеци? Ако може некој побрзо да ми одговори, ве молам, итно е.
Туристичка виза ќе дадат ама ќе треба гарантно писмо и пари депонирани во банка. Спојлер Прашај ја Битерсвит таа таму живее а и пред некој месец имаше гости од Мк за кои гарантираше...
Славица, а има врска што е невработено лице? Обично еве за Америка, Канада не даваат на невработени. Или за Австралија е полесно? Еве да речеме има гаранција и пари во банка?
...аха, внукот е невработен. Не сум сигурна сепак Битерсвит најубаво ќе ти каже а и види на нивен сајт http://www.dfat.gov.au/geo/former-yugos ... index.html