Мислам дека штом има гаранција и пари во банка, не би требало да биде проблем. Не мора да е вработен, уште подобро ако е студент. Нив во основа ги интересира дали има нешто што би го натерало да се врати назад во Македонија, без разлика дали тоа се студии, фамилија, работа или сл. На крај краеви, за да бидете сигурни, извадете од некаде потврда дека работи, не проверуваат многу многу такви работи. И да проверат, не е голем проблем, проверката се врши телефонски, така да вие може да контролирате тел број Ах, видов дека си пишала на Битерсвит, мислам дека таа најдобро ќе ти каже.
Трнче, а кога не би ги имало тие потребните изводи за состојба од банка, има шанси да пуштат? Или пак само ако гарантира дека работи и со тоа ќе овозможи престој за внукот?
Мислиш доколку се нема пари во банка? Значи, не знам каква е состојбата на внукот, но прилично сум сигурна дека и без тие пари на сметка, внукот ќе добие туристичка виза доколку: - е студент - има потврда дека е вработен некаде во Македонија (не мора да биде пријавен, обична потврда од некоја фирма, проверуваат само телефонски) - доколку во пасош има визи од други земји кајшто бил туристички, т.е. некој доказ дека и претходно излегувал од државата и се враќал -доколку има сопруга и дете на пример, нешто што е доволно сигурно и ќе гарантира негово враќање.... Доколку внукот на пример не е студент, млад е, нема дете и не е вработен, најлесно мислам дека би било да се извади потврда од некоја фирма дека таму работи и дека ќе се врати во истата. На пример, моите родители не се вработени, никогаш не биле, земјоделци се, јас добив виза врз основа на потврди дека моите родители се вработени (татко му на другар ми има мала фирма, им даде потврди дека се вработени, ми беше кажано дека проверки се вршат телефонски, јас ги имав известено луѓето што како за во случај да се јават). И тоа би било тоа. Исто имај предвид дека ако ништо друго, поголема сигурност дава и изваден авионски билет, гарантно писмо од вујкото, можеби и искажување спремност да му се покрие авионската карта на внукот.... Покрај сето ова, најдобро да се јавиш во Белград или во Софија во амбасада, не се сеќавам кај точно имаше Австралиска на Балканот, исто земи го предвид она што ќе ти го каже Битерсвит...во принцип, за туристичка виза не прават многу проблеми...посебно ако си добар со англиски... Се надевам помогнав, овде сум ако треба уште нешто П.С. Сме имале и конзулат, разгледај го линкот од Славица мислам, http://www.femina.mk/out/?id=a94b3f171d ... index.html
mialam deka onoj sto ke garantira (od australia) treba da garantir so 30.000 dolari i dokolku turistot ne se vrati, do predvideniot rok na vizat, togas drzavata mu gi zema parite na onoj sto garantiral.
Девојки аплицирав за студентска виза и ми одобрија медицински прегледи. Дали знаете колку време се чекаат резултатите од прегледите и дали после тоа сигурно ќе ја добијам визата?
Здраво.Би сакала да ве прашама ако некој е упатен да ми објасни и да ми посочи некоја агенција каде ќе можам да се распрашам за туристичка виза во Австралија.Исто би ме интересирало, ако некој од вас веќе има вакво искуство,грубо колку би ме чинело повртаен билет и виза.Ви благодарам мн
Здраво ме интересира дали некој знае или има искуство со работна виза во Австралија? Дали има можност да се остане со неа патем да се повлече и фамилијата после?
Да, слободно оди цела фамилија заедно. 457 визата, т.е. TSS визата од Март 2018, дозволува на иста апликација да се стават сите без проблем, ако за тоа се согласи да гарантира фирмата која спонзорира.
здраво феминки Со мажот ми аплициравме за студентска виза за Австралија јас сум носител запишав колеџ во Сиднеј.Тоа беше на почетокот на овој месец откако ги предадовме документите во амбасада,е сеа чекаме да се јават прават кратко интервју по телефон околу 5-10минути како ми кажа агентот но исто така ми напомена дека може и да не се јават и директно да ти дадат виза имало и такви случаеви во последно време.мене ме интересира дали некој е запознаен со прашањата кои најчесто ги поставуваат,дали интервјуто е само формалност или може да влијае на самата апликација.Знам многу мои познаници и другари што отидоа и сите викаат да не се плашам за студентска виза и за самото интервју дека е формалност и дека агентиве намерно го прават и ти викаат да се припремиш дека може и од тоа да зависи добивањето на визата се со цел да си ги оправдаат парите што ги даваме за нив.Ве молам кој отишол на тој начин или знае некој што заминал да ми каже како поминал на интервјуто и кои прашања му ги поставиле и дали знаете некој кој бил одбиен за студентска виза и која е причината.поздрав
другар мој беше одбиен студентска, бидејќи имал пауза од 2 години меѓу студиите овде и запишувањето таму. Му било сомнително, наводно намерно одел таму за да остани. И покрај 100 докази дека отворил своја фирма и дека работел.. А прашањата се од стилот, зошто одиш на тој факултет, зошто се одлучи за Австралија... а не за еврипа...и да треба да се спремаш, да не се заплеткаш. имало случаеви кога одговорите влијаеле на одлуката Ако најдиш спонзор да ти гарантира работа, може и целата фамилија . проблем е спонзорот
Фала на одговорот,јас вчера ја добив визата без да имам интервју и покрај тоа што имам 4 ипол години прекин во студиите,дипломирав јуни 2013 а почнувам со колеџот во Сиднеј во јануари 2018 а работно искуство имам само хонорарни ангажмани така да незнам што да кажам дали е до среќата или што,а баш знам дека за разлика од порано сега многу потешко се добиваат визи за Австралија.Поздрав
Честитки, во која агенција беше или сама аплицираше... другар ми 2 пати го одбија за студенстка па да му кажам да види
Preku agencijata BridgeBlue Macedonia agentot e Sasa Grozdanovski vo Kapitol Mall vo Aerodrom se naogaat neka vidi preku niv no losoto e toa sto dvapati e odbivan veke,stvarno neznam ovie se dobra agencija ama nikoj ne ti vetuva so sigurnost deka ke dobies.Pozdrav
Преку истата агенција-BridgeBlue Macedonija,Саша Гроздановски,замина и син ми,презадоволни сме,не е само реклама.
Здраво, би сакала да прашам нешто. Со дечкото сакаме да одиме во Австралија, туристички, тој има таму тетка, на мајка му сестра. Е сега, дали тие можат да гарантираат и за мене, иначе и двајцата сме студенти, и кои се условите што тие од Австралија треба да ги исполнуваат за да гарантираат за двајцата? Поздрав.
Поздрав. Слушнав дека во Австралија барале дефицитарни професии како доктори и мед.сестри ? Дали знае некој некоја агенција од Скопје што посредува ?