Не сретнав ваква тема на форумот, но ако е дупла - клуч Темава ја отворив затоа што последните неколку лета многу студенти од Македонија заминаа во Германија да работат. Најчесто преку овластени агенции, и таму работеа во Мекдоналдс, во хотели, на бензиски пумпи, како одржувачи на хигиена во болници и фирми. Нормално, платата зависи од местото каде работиш. Сите со кои разговарав на оваа тема, се пофалија и беа презадоволни. Програмата трае 2-3 месеци, пред да тргнеш не е толку скапо како за во Америка, а на крај си доаѓаш дома со твоја заработка. Па сакам да ве прашам, дали некој/а од вас била во Германија? Преку која агенција, колку и било платено и што работела таму? Јас планирам да аплицирам за следното лето, но сеуште се мислам затоа што нивото на познавање на германскиот јазик ми е минимално. А знам и дека отидоа студенти што појма немаат од јазикот, но затоа беа вратени од таму. Па, девојки, слободно споделете го вашето искуство.
Јас бев летово во Германија 2 месеци , собарка во хотел. И далеку е подобро од Америка. Барем овде имаш заработка и помалку и патот кошта. Би те советовала да не одиш никако за собарка, пријави се за чистење на објекти, мекдоналдс, абе што било само собарка не. Зошто душата ни излезе на сите, немаше ни работно време кога ги завршеш собите до тогаш седиш наработа. 12 сат 13 сати. А бевме платени за 6 соби. И работата пренапорна, не можам да ти опишам. Инаку бевме преку Контекст. Се на се сум задоволна, на лето здравје пак одам али овојпат чистење објекти абе ако треба само вециња ќе чистам, или мекдоналдс, ама собарка никако. За подетално ако сакаш да знаеш пиши ми лп. Бај д веј, од нашата група само три знаевме германски, пошо и студираме тоа, а другите не знаеа ни А од германски. Па никому ништо, на англиски си фураа и ние преведувавме ако требеше нешто. За во хотел не ти треба германски, само англиски.
И јас бев летово во Германија,али луѓе воопшто не ми се даваат пари на агенциите.Само за пари тие работат,чиста заработка.Би сакала летово пак да одам,али пак не знам преку што да аплицирам
Добра тема... Би сакала и јас да отидам летово на два три месеци но имам некои прашања.. Кој знае нека ми пише кој не фала многу Е сега, имам слушнато дека мора да имаш оставено некој испит на факс како гаранција дека пак ќе се вратиш во Македонија, вистина ли е или? Мора ли да знаеш германски или може само малку познавање? И опишете ми како е таму, со што се заработува повеќе, општо да си знам некои работи во врска со тоа... Би благодарам, поздрав
Здраво, јас немам ни најмало познавање од германскиот и нема ни да имам дали е можно само со англиски да се добие работа таму и како се аплицира преку кои агенции, колку се плаќа за тоа, и како се движат платите отприлика? И дали мора да си студент за да можеш да аплицираш? Благодарам однапред
Јас имам колешки од факс што беа летово во Германија, а не знаат ни името да си го кажат на германски, така да јазикот не е потребен, ако не го знаеш ќе те стават на работна позиција каде што нема да имаш потреба од германски. На пример, ако си собарка, или ако работиш во кујна не ти треба германски. Но, ако работиш на каса, се разбира дека мора да знаеш германски. Патните трошоци се минимални во споредба со Америка, затоа се исплаќа и си ги враќаш трошоците. Таму биле сместени во студентски домови и смештајот бил ефтин, а и трошоците за храна биле ниски, дури тие што работеле во Мекдоналдс од таму им давале храна да си носат дома. Никој од Германија се нема вратено незадоволен, сите прекрасно си поминале, за разлика од Америка оваа година имаше многу незадоволни студенти. Германија е една од најубавите земји во светот, така да не се мислете дали да аплицирате, ако имате желба и ако сакате да поминете интересно лето, тоа е најдобриот начин и да прошетате и да заработите. Среќа што на денешно време за студентите има секакви можности и вакви видови на програми, па лесно е да прошетаме насекаде. А и со визната либерализација, уште полесно е да отидеш каде сакаш во Европа. Јас летово бев на Work&Travel во Америка и прекрасно си поминав, тоа е незаборавно искуство, но Минхен, Франкфурт, Штудгард, Берлин.. ми се неостварена желба. Затоа за Германија, не се мислете, аплицирајте
Девојки, утре одам во Контекст на интервју, пуштете ми среќа да поминам! Многу сакам да одам летото во Германија, па и недај Боже, ако не биде преку оваа агенција, имам време да аплицирам преку некоја друга каде што не го бараат толку многу јазикот! Ќе ве известам утре, поздрав
И јас имам другарки кои работеа тука ,поточно во Минхен, и беа презадоволни,работеа во мекдоналдс. се сметија во студенски дом во центарот и многу евтино им искочи,дури преевтино за Минхен Имам и многу познанички кои сакаат така да работат,знам дека е предуслов да си запишан на факс ,а дали имаш испит оставено не е важно. не знам преку која агенција беа,ама знам дека од документи им бараа потврда од факултет,лична биографија и мотивационо писмо(може и уште некој документ,зависи од агенцијата). Имам напишано многу мотивациони писма за нив,така да ако на некој му треба помош во составување или превод нека пише лп И уште нешто,многу е важно да се пријавиш на време,лани околу Божиќ знам дека и помагав на една девојка со пријавувањето, и и кажаа дека нема веќе место (работата беше на лето)
Јас аплицирав преку Контекс за работа во Германија, како собарка..... хаха на Германски незнам ни да гукнам, ни А да кажам... сега сум во дилеми дали да одам, дали ке се снајдамм... бла бла..... Незнам до кога треба дефинитвно да се каже дали ке се оди или не. За работа не ми е проблем, се ке работам, само нека ми е платено... Па ако може некој искуство да ми пише во л.п.!!!
Јас планирам да одам во Германија но агенцијата во која што прашав со другарка ми била лажна и сега не знам во која да се обратиме... Ќе може ли некоја што има повеќе искуство да ми објасни како иде тоа.. Би била благодарна... поздрав
Грешка си направила! Пишав погоре немојте никако собарка! А германски не ти треба за работава, имаше кај нас ни англиски ни германски не знаеја. Али те чека... уф, претешка работа. Со среќа. А за платени, па имаше некои фрки шо не излажаа, као демек од сат не плаќале, и на крај испадна од соба.
а може ли да се аплицира така без познавање на јазик, јас како што виде на интернет страната дека за аплицирање на работа потребно е познавање на јазик и дека ке се врши тестирање Ако бива така без познавање на јазик оваа недела да аплицирам и јас
За собарка и чистење објекти само англиски е доволно да знаеш, е сега плус ќе е за тебе ако знаеш барем нешто германски. А за мк доналдс и келнерка ти треба јазик. Јас сакав мк доналдс исто, ама само од една единсствена причина нејќам. Пошо го обожавам и ако работам таму знам дека ќе ми здосадат сендвичите. Инаку ние немаме проблем со јазикот, пошо ние бевме три колешки летово, а студираме гермнски. Ако сакаш нешто друго да работаш, келнерка, бургер кинг, мк доналдс, можеш да одиш на курс до на лето, па колку толку ќе научиш. А испитување во агенцијата ќе има, да. Ако сакаш да работаш нешто од ова.
Јас сега прочитав дека сум направила грешка...... ама тоа е..... спремна сум за секаква работа, мислам не би ми било проблем, кога волонтирав на клиника останував по 18часа, на работа.... одговорна работа... Германски почнав да учам.... нешто од нешто,, ама нема време со фах-ов!!!! Англиски така така... хехе со Господ напред.. сега од прилика кога стигааат понудите..?