Ако работиш како собар немаш потреба од познавање на јазик, твојата работа ке биде само менување постелнина, бришење прашина и чистење тоалет по двајца или тројца во една соба ( барем така беше лани јас кога бев, зависи од големината на хотелот) гостите претежно беа странци и ако сакаат нешто да побараат пример чист пешкир или шампон итн, се обраќаа на англиски, инаку работата не е тешка, можеби првата недела само додека да се навикнеш потоа нема да имаш проблем.
Во кој град и дали можеш да ми дадеш информации дали бараат уште собарки, сакам да одам со сестра ми и околу сите информации како до таму и за смештајот фала ти
Јас ке одам во сабота со авион исакам да прашам нешто за куферите. Имам пријавено багаж до 20 кила и торба со тркалца во кабината со одредени димензии (55х40х23). Мора ли таа торба да е со тие димензии и што смеам да ставам во неа (ми кажаа парфемите ги земале) ?
Тоа е куферче мало со тие димензии или торба. Исто така треба да е максимум до 10 кила. А парфемите и се друго што спаѓа во течност најубаво да го ставиш во големиот чекиран куфер до 20 кила бидејќи тој нема да ти е на дофат во кабината. Проблем би направиле доколку течностите ти се во ранецот или малото куферче (тие ти се на дофат в кабина). За во нив ќе треба да бараш проѕирно ќесе а за во чекиранит куфер мислам дека не треба (ако грешам нека ме поправи некој). Јас в сабота летам и така ќе правам.
Како што пишав и во другата тема, течности до 100мл поединечно, не надминувајќи 1 литар вкупно, може во рачен. Во зипер ќеса.
Здраво. Барам смештај во Минхен за 3 лица, ако има некој што знае што нуди станови. Од 05.07 до 20.09
Минатата година бев, несум у контакт и незнам дали и оваа година бараат студенти, а и да бараат сигурно веќе нашле оти доцна е веќе.
Zdravo bi sakala da ve prasam dali znaete nekoi pravila vo Germanija vo vrska so nelegalen softver na sto treba da se vnimava pri uklucuvanjeto na internet ? Znam deka e zabraneto simnuvanje filmovi
Се што реално треба да го платиш е забрането да го симнеш ако не го платиш.. И не само симнување филмови, туку и гледање филмови кои во позадина симнуваат свашта..попкорн апликацијата на пример
Колкава би била казната ако се стори тоа? И дали повеќето страни на кои онлајн се гледаат филмови (како Гледалица на пример) се безбедни, односно не се нелегални?
Здраво, имам поднесено за Германија во октомрви, (не сум студент) и дури пред некој ден ми се јавија од агенцијата и ми рекоа дека имало договор во септември. Сега не ми е јасно каков е тој договор? Ми рекоа дека единствена можност да ми ја одбијат визата е ако некој германец го сака тоа раб место. Имаме аплицирано за Мекдоналц преку Евива во Штип. Ако има некој искуства да ми објасни. Фала
Здраво феминки, дали знаете некоја страна или агенција кадешто можам да најдам работа во Германија за летниот период (2/3 месеци) со европски пасош? Ве молам да ме контактирате. Јас сум студентка но барам било каква работа.
Здраво сакав да ве прашам, во Германија сум со договор работам како студент. Работев недела дена, па немало работа, немало луѓе и имав со уште неколку луѓе 4 дена слободни во неделата и сега повторно неделава продолжува денес нема работа утре пак не сум на работа( Бургер кинг инаку). Во договорот ми пишува минимум 40 часа неделно дека треба да остварам, дали постои институција или некој со вакво искуство да се обратам некаде? Или да чекам нивна милост кога ќе има работа
Дечки здраво, Со новиот закон што е за ДДВ, од секоја трнсакција ќе зимаат персонален данок 10%, дали тоа ќе важи и за платата што ни стига од Германија? Или враќањето на данок од минатата година?
Дечки да прашам што е со тие два работни денови во месецот што се рачунаат како платен одмор во Мек Доналдс?Или јас имам нешто грешно разбрано