Работа во Германија

Дискусија во 'Барање работа' започната од happygirl, 3 ноември 2011.

  1. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    meandyou и plavusha = една иста особа :D нова сум на форумов ама не е тешко да се забележи, јас не знам зашто не си пишуваш од само еден профил :?: де од еден де од друг прашуваш за работата во Германија :lol: :x
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Работодавецот нека ги прати во ZAV документите подобро е така. А ако не може, ти прати ги во ZAV.
     
  3. kristinamacedonia

    kristinamacedonia Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите :)

    јас студирам во Германија и познавам многу луѓе што беа тука на работа. Сите првично многу среќни и задоволни кога ќе слушнат дека платата е од 900 или 1500 евра во зависност од тоа што работиш... но никој не зема предвид дека во Мекдоналдс се работи по 10 часа и дека нема како кај нас ај цигара да испушам, па ај кафе да се напијам, па ај да зборам на кратко на мобилен,па ај со колегата да свртам муабет итн. Такви работи тука нема... се знае колку време е паузата и после нема трте мрте, туку само работа :Д

    плус доста луѓе имаа проблем да најдат смештај затоа што газдите на становите како прво не сакаат да ги издаваат собите за само 3 месеци... тука договорите за смештај се најмалку на една година или на неограничено време ...

    знам дека една моја многу добра другарка имаше големи проблеми со газдарицата на станот.... прво и рече кирија е толку и толку, па после и ја покачи ѕа 50 евра, па после пак најде некоја глупава причина и пак и ја покачи киријата за уште 50 евра ... девојчето не можеше да се буни, зошто како прво одвај го најде станот, а како второ немаше потпишано договор.

    исто така познавам луѓе што преку врски успеале да најдат некаков сертификат за познавање на германски јаѕик, а поима немале од германски. Кога дојдоа тука и кога шефовите видоа дека поима си немаат од германски, не само што не им дозволија да работат, туку и луѓето мораа сами да си ја платат авионската карта за назад, без ниту едно заработено евро... значи беа уште и во зијан...


    Со ова не мислам никого да обесхрабрувам, туку само сакам да кажам дека не е се така розово како што мислат повеќето...

    поѕдравче и многу среќа на сите :)
     
  4. scherzinger

    scherzinger Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    студираш во германија? а дали преку стипендија или ?
     
  5. scherzinger

    scherzinger Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    студираш во германија преку стипендија или ???
     
  6. kristinamacedonia

    kristinamacedonia Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    да да... и ти да не си во Германија случајно ???
     
  7. scherzinger

    scherzinger Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    извини сега го видов постот., не сум но за некоја година ке аплицирам па дај бозе да ме примат :)
    Тешки ли се студиите во германија и како за сместувње?


    Viele grüße aus Mazedonien. :* :) :D
     
  8. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Дали од агенцијата Контекст даваат некакви часови по германски јазик за заинтересираните кандидати, доколку немаат познавање на јазикот? И ако даваат, колку пари кошта сето тоа, да не е ѓаол и пол :D
    Оти еден познаник така пред 2 години замина Германија, а врска од германски си немаше, па отишол во Контекст на неколку часови по германски, и тие му потпишале документ дека знае јазик и без проблем си отиде на работа |(
     
  9. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    400
    Еве нешто ново што прочитав по форумиве за FSM....

    Уште еден преварант се офајди од маката и простотилокот на македончето и незаинтересираната и неспособно полиција, секој кај нас може да дојде и за 15 дена да заработи неколку десетици илјади евра и да му ја кидне.
    Типот од оваа агендија бил германец, 22 лица ми платиле по 500Е за лажни догорои со гаранција заверена кај нотар дека парите ке му бидат вратени доколку не им биде одобрена виза или не заминат на работа. Сега останаја без пари и без работа типот преку ноќ го нема повеке во МК. Случајот пријавен во полиција , а одтаму одговорот е ќе тужиме и кќе чекаме да се пронајди мангупот можно е да потрае и неколку години,
    Наздравје бричење.

    Ај ве молам тие што бевте годинава, пишете како поминавте, како ве плаќаа? Сакам да отидам другото лето. Слушав дека некои работеле и во фабрики во селца и живееле во студентски домови. Конкретно сум заинтересирана за некоја работа во фабрика, затварале теглички и слично, а не за чистење...Има некој информации за таква работа? :)
     
  10. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Рано е за да ни кажуваат како поминале, најверојатно уште се на печалба :D Ајде тие од феминките кои заминавте летово за Германија кога ќе се вратите кажете ни поминавте :) .Јас наредното лето планирам да одам Германија, па уште од сега си собирам информации :D Планирам да си аплицирам со време - некаде во октомври или ноември-преку Контекст. Ме интересира тоа испрашувањето за германски како иде, оти некаде прочитав дека во Контекст ќе имало како тест за проверка на знаењето по германски јазик(ако грешам нека ме поправи некој). Јас го имам изучувано германскиот 3 години, ама одамна беше, па морам да се потсетам, сум го заборавила :D
     
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.042
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки!
    Уште сум во Франкфурт јас, здравје треба да се вратам дома околу 10ти септември, па ќе видиме.
    Веќе неколку пати пишав дека ми е многу убаво овде, и фала Богу, се е поразлично отколку кај нас. Нема споредба со нашата земја во никој поглед. Франкфурт е мултикултурен град, има жители од сите страни на светот, ама баш од сите. Мислам дека најмалку Германци има, се е странци. Можеби затоа и не се чувствувам како аутсајдер тука, одлично се вклопив во средината. Има што да се види, каде да се прошета, каде да се излезе, супер е, мене ептен ми се допаѓа.
    Јас дојдов овде преку Контекст, и иако имав одредени проблеми на почетокот со смештајот, кауцијата, превозот до работа, сепак се се среди на крајот, и сум презадоволна. Тие ми ја најдоа работата во МекДоналдс, смештајот. Е сега, точно дека патувам саатипол до аеродромот кај што работам, ама тоа е. За догодина здравје ако идам пак, ќе знам сама да си барам смештај, а веќе некои од колегите од работа се понудија да ми помогнат.
    А таму на работата, еден куп Бугари, Романци, Хрвати, Полјаци, Кинези... не има од секаде, Бангладеш, Етиопија, Тајван...
    За јазикот, јас го учев само во средно 4 години, и мислев дека сум заборавила и дека овде ќе правам сендвичи, но ме ставија на каса. Солидно го познавам германскиот, сега тоа можам слободно да го потврдам :) Ги разбирам муштериите, а и не е воопшто тешко, хамбургер си е хамбургер и на македонски, и на англиски и на германски :D Ние сме вкупно 14 македонци што работиме во истиот ресторан, од кои 4-5 појма немаат од јазикот и работат во кујна. Ама немаат никаков проблем, знали може и во МекДоналдс да се работи без јазик. Нормално, мора барем англиски да се знае. Не е точно дека шевофите или Германците не сакаат да ти зборат на англиски јазик,овде сите знаат и го зборуваат.Бадијала ме плашеа дека строго германски се зборува, нема врска. Пожелно е да се знае германскиот јазик, нормално, ама не е толку страшно и да не го зборувате многу добро.
    Платата е добра, зависно од тоа колку работни саати имаш во месецот, ама работата е многу напорна. Мене веќе ми испукаа капилари на нозете од одење и стоење... За тие пари што ќе ти ги дадат добро ќе се изнаработиш. Ама тоа е. Инаку, барем кај нас, не е толку строго за кратка пауза за пушење, или мала ужинка. Шефовите ни дозволуваат кога нема многу работа да земеме краток здив, покрај онаа пауза од пола саат која не следува секој ден.
    Се на се, задоволна сум, од следната година ќе знам подобро и тоа е. Се читаме во Македонија.
    Поздрав
     
    На okcenzi, Doozy и agirl17 им се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ако е за кажување :) колку се плаќа од саат?
     
  13. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    400
    И дали можеш да работиш повеќе од 8 часа ако сакаш и побараш? :)
     
  14. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    И дали превозот ти беше обезбеден од Контекст или сама се снаоѓаше? И дали е голема разликата во цената помеѓу автобуска и авионска карта? Леле ама напнавме ама то е :wasntme:
     
  15. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Дечки ..дајте некоја сигурна агенција ама да не биде само за студенти..?
     
  16. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
    девојки јас сакам само едно да знам ДАЛИ АГЕНЦИИТЕ ЗЕМААТ ПРОВИЗИЈА ИЛИ НЕКАКОВ ПРОЦЕНТ ОД СМЕСТАЈОТ КАДЕ СТО СИ СМЕСТЕН?
    јас на пример сакам да аплицирам здравје наредна година за берлин,минхен или франкфурт зосто имам таму фамилија, но да престојувам кај нив за да не плакам сметки, агенцијата само да ми ја најде работата. ДАЛИ Е МОЖНО ОВА???
     
  17. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    400
    Можно е. Агенцијата само ти наоѓа работа, а за сместување ти дава само некои адреси, што е добра воља на агенцијата... Можеш слободно :)
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.042
    Пол:
    Женски
    :) Во МекДоналдс плаќаат 7.5 евра од саат, и дневно имаш во просек по 8 саати. Кај нас тешко даваат да остануваме прекувремено затоа што има многу вработени и нема потреба.
    Инаку, втора работа не можеш да најдеш во Германија, не е дозволено, а и едноставно енмаш време за тоа. Никој овде не вработува на црно.
    Јас за превозот сама се снајдов, како и сите кои одевме преку оваа агенција. Дојдовме овде 10 луѓе и имавме попуст во агенцијата со која патуваваме за картите. За назад, исто со нив ќе си одам, здравје.
    И да, можеш ти да си најдеш смештај, а тие ќе ти најдат работа, не е проблем тоа.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
    Девојки фала ви на одговорот околу смештајот,но ме интересира дали е можно КОНТЕКСТ ДА ТИ ОБЕЗБЕДАТ ДИПЛОМА ЗА ПОЗНАВАЊЕ ГЕРМАНСКИ, И КОЛКУ БИ ЧИНЕЛО ТОА ОД ПРИЛИКА??
    јАС СЕРТИФИКАТ НЕМАМ, И ПОЗНАВАЊЕТО МИ Е ЕПТЕН ЗА ПОЧЕТНИЦИ НО ЕВЕ ГЛЕДАМ ПО ФОРУМОВ ДЕКА ПРАКАЛЕ И ЛУГЕ КОЈ НЕ ГО ПОЗНАВААТ МНОГУ ЈАЗИКОТ :rofl:
     
  20. madridistaa

    madridistaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    И јас сеа во октомври планирам да аплицирам преку контекс за во Франкфурт ама за чистење на објекти пошто не го знам многу јазикот,имам познаници во минхен на истата работа работат по 10 часа дневно значи си земаат дополнителни 2 часа бидејќи има работа,е сеа незнам како е за во Франкфурт дали има работа за ова чистење на објекти мислам ако познаваш некого па да споделиш негово искуство. Во Минхен претежно на овие позиции се работи во собание,телевизија значи се чистат канцеларии. М ;) оја братучетка исто така работи во Франкфурт на аеродром во мекдоналдс и се фали дека и било убаво но имало некои кои чистеле хотели па се жалеле дека нема доволно работа па некои и се вратија. Секоја информација ќе ни биде добредојдена не има многу на форумот што ке ви се придружиме наредното лето и сме малку напнати :^) што како прв пат ке одиме. Поздрав ;) :)
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.