Да, па имаш неколку документи ги пополнуваш со твои податоци, потпис. И ги испраќаш во Finanzamt во градот во кој што си работела, ако се е во ред за отприлика 2 до 3 месеци ти го враќаат данокот.
Predlog angencii : German Traum Eviva Empolyment Service Els Veneras Kontext Tipp: pazete sto potpisuvate i i razgledajte gi ubavo vasite uslovi pred da patuvate za DE. (smestuvanje, Rabota, drzavni institucii, bolnica, etc).
Ти благодарам за одговорот, дали знаеш нешто повеќе за тоа, какви измени ќе има, кои се новите барања?
Сите што сте заинтересирани за работа во Германија како студенти, пишете ми јас средувам документи, потребни ми се уште 10 студенти.
Здраво феминки, имам едно прашање? Јас имам термин во Германска амбасада во март месец 2020, но момемтално работам во друга држава, прашањето ми е дали ќе треба да се вратам во Македонија на точно закажаниот термин од амбасада или? Знае ли некоја од вас? Фала
Сакам да споделувам искуство летоска за во Германија, со цел некој друг да не се заебе како што се заебавме ние. Имено, бев преку посредник со друштво во Минхен. Прво, плативме голема сума на пари за да ни "посреди" (студенти сме, за нас 200 евра е голема сума ) Процедурата се започна во Фебруари, а требаше да одиме на 1ви Јули. Прво, требаше да работиме на едно место, па 2 месеци пред да отидеме, ни ја смени локацијата, ни рече ке работиме на друго. 5 дена пред да заминеме, уште не знаевме дали да пакуваме куфери, а се ни беше платено, излезе дека работната дозвола не ни е стигната од ЗАВ, и дека треба да чекаме. До последен момент НЕ ЗНАЕВМЕ дали ке одиме! 2 дена пред да заминеме посредникот ми се јави и ми рече одите за 2 дена со автобус, бидете спремни. Значи све во последен момент. Кога отидовме таму, ништо, ама баш ништо не беше како што кажа. На шефовите од работа им кажал дека знаеме совршено Германски, дека нема да имаме проблем при комуникација со народ и сл. А он убаво знаеше дека немаме познавање на Германски јазик. Дел од мои другари после две недели се вратија назад за Македонија, затоа што на работа не им пишувале саати (пр. работеле 8часа а газдиве им пишуваат дека работеле 5). И ние се вративме порано. Кога и да му пишевме дека имаме проблем со работата, се оградуваше, и викаше дека ако не ни се свиѓа работата, тоа е. Пропаднати пари во вода, за "посредникот", за становите во Минхен (кои се ПРЕСКАПИ), за превозот како и за општото живеење. Ова го пишувам со цел да ја подигнам свеста на студентите, да не се залетуваат по посредници, а ако веќе сакаат да одат преку посредници, вниматело да бираат кај кого ке ја дадат својата доверба да им заврши работа. Од него имаше премногу незадоволни студенти кои дома се вратија без пари, и влогот од минимум 1000 евра никогаш не им се врати. Дечкото гледам дека почна и да си го шири бизнисот, си направил и Web - страна, http://www.posrednik.mk/ На фејзбук и на инстаграм е потпишан Posrednik Work and Travel Agency. И на нас ни пиша да му дадеме feedback да не објави на страната, за студентиве да видат како "супер он си ја врши работата" Бидете внимателни, сепак станува збор за тоа како ке се одвива вашиот живот и вашето лето 3 месеци. Сите оние кои планираат да работат летоска во Германија, со среќа, сакав само да го споделам моето искуство. Се надевам дека во иднина нема да има вакви случаи.
Немам корист сега веќе доцна е, летото помина. Морав да го напишам ова за да прочитаат сите кои се заинтересирани да одат да заработат а притоа се студенти. И јас лани се изначитав форуми со искуства, барав инфо, се плашев да не се деси тоа што се деси. *Заборавив да допишам дека саатницата ни кажа дека е 10e час, а кога ни стигна договорот, саатницата не беше ни приближно толку. Така да, внимавајте луѓе, станува збор за инвестиција, не дозволувајте да ви мачкаат очи.
Здраво. Деновиве треба да ја поднесам апликацијата за студентска работа во Германија, конкретно за McDonald's. Со оглед на тоа што прв пат одам, ако може некој да ми предложи од поискусните за во кој град да аплицирам?
Точно така, Во големите градови Минхен, Берлин, Франкфурт, Штутгарт, трошоците се поголеми за сместување, социален живот-кафичи, карти за превоз, продавници и др. Во помалите градови можеби нема многу места за излегување, прошетка но се поекономични.
Дали ако поднесувам документи сега, за студентска работа преку лето, а пасошот ми истекува на пролет, и ќе вадам нов во јануари/февруари, би било некаков проблем?
Јас одев преку агенција, Контекст поточно. Знам дека носев копија од пасош. Па ако одиш преку агенција, можеш да се обидеш да им објаснеш и доколку е можно понатаму да им однесеш копија од пасош. Само би ти препорачала, доколку одиш преку агенција, да средиш работа побрзо, да си одбереш место за да не се најдеш во состојба да те стават во некое село.