Јас би ти го препорачала Келн. Бев таму исто на студентска работа, градот е убав, месечната карта беше околу 60 евра мислам, што не е скапо кога ќе споредиш со Хамбург каде месечната е 100 евра . Има навистина што да се види, луѓето се опуштени, пријателски настроени.
Фала многу на сите за одговорите. Реално и за пари одам највеќе да си кажеме отворено. Искрено повеќе би сакал да бидам во поголем град бидејќи искуството е поинакво, али кога би морал да бирам би одбрал да ми останат пари повеќе, тоа ми е побитно. Ќе размислам и за Келн пошто ме заинтригира, ако може да ми кажеш само трошоците за сместување колкави се од прилика? И за Аугсбург некој да не има информации, искуства? Некои други помали градови или места? Фала уште еднаш.
Во Келн плаќав 300 евра сместување, воедно и најевтино од сите години, ама се измачив да најдам сместување. Тоа мислам и дека не е толку проблем со градот туку општо со периодот затоа што се бара специфично за три месеци, а обично повеќето што издаваат станови бараат некој што ќе живее минимум 6 месеци, бараат кауција и слично. Ама секако и од агенција ќе ви понудат. Само не се потпирај на ова премногу, оваа цена ти ја кажувам од пред четири години кога бев, секако е можно да се покачиле во меѓувреме. А за пари, секако ќе ти се исплати. Штом работиш во Мекдоналдс, ќе земаш минимална плата, верувам оваа година е зголемена повторно минималната сатница, лани беше 9.25. И да имаш минимум саати според договор (169 на месечно ниво) пак ќе земеш убави пари. Можеш да размислиш и за опцијата да одиш со точак на работа или пешки, но јас сепак со задоволство ги давав парите за месечна карта секоја година од причина што сакав да шетам.
Луѓе имам едно многу важно прашање околу враќањето на данок. Значи вака, јас бев 6 месеци на пракса и земав нормална минимална плата со изземени даноци. Би сакала да си го вратам данокот кога ќе се вратам во Македонија, но дознав дека ќе ти го оданочат (не сфатив дали вратениот данок или пак ќе ме оданочат на бруто платата што сум ја земала таму). Со оглед на тоа што ќе имам другар што ќе остане трајно во Германија, планот ми е наместо да го пуштат данокот на моја сметка во Македонија, да ми го пуштат на сметката на другар ми во Германија, па тој кога ќе си дојди ќе ми ги даде парите во кеш или ќе ми ги испрати преку сметка како поклон. Прашањето ми е - дали може да се изведе ова? Дали правам нешто нелегално и слично?
Девојки здраво.. Пред извесен период поддадов за германска виза, ме интересира како да дојдам до работа и сместување без да барам помош од агенции. Ако е возможно хаха
Не мислам дека е нелегално од причина што јас самата го имам направено тоа. Пред некоја година кога бев во Германија и се уште не знаев како одат тие работи со враќање на данок и слично замолив другарка која живееше таму да ги среди документите за враќање на данок. Данокот го вратија на нејзина сметка и она на следно гледање ми ги донесе парите на рака. Мислам дека ова ти е најпаметна идеја. Инаку ако ти ги праќа на сметка ќе ти земат провизија (особено ако праќа преку MoneyGram и на нив сличните) а мислам и дека ги оданочуваат тие пари кај нас, но не сум сигурна.
Здраво Сакам да прашам дали во Геранија може да се работи со средно Фармацевтски техничар и како се движат платите?
Едно прашањр околу враќањето на данокот за студенти. Јас работев лето 2017 и лето 2018, сега сакам да го вратам данокот за овие две години, јас документите од УЈП што се ги вадев во Август месец оваа година, ама не ги имам уште испратено, па прашањето ми е дали тие ќе важат или немој да ми прават некој проблем оти се вадени пред 4-5 месеци. И иште едно прашање, дали може да ми ги пратат на другар на сметка кој има банкарска сметка во Бугарија, значо да бидат испратени парите ма бугарска сметка? Сакам да ги пратам документоте по пошта, сега после празниците
Здраво на сите... Набрзо треба да одам Германија поточно Баден за работа како негувателка преку агенција...Може ли да споделите искуства на тие што се веќе заминати како се цените за смештај, колку останува нето од бруто околу 2 200... Поз
Имам аплицирано за студентска работа за летово преку агенција, али при крај сум со студиите и сакам на пролет да завршам се. На факултет ми заверија се што беше потребно со печат и потпис пошто моментално сум студент, е сега прашањево ми е дали може во меѓувреме пред да одам за Германија да дипломирам?
Фала, се надевам дека е така. А нема опасност да те проверат германците дали си завршил со студирањето?
Ne se sekiraj Ako fakultetot ti dal odobrenie vo vreme na letniot raspust da odis da rabotis toa e se. I jas sum pred diplomiranje i ke gi sredam dokumentite, I taka Germanija ima potreba od sezonski rabotnici i nema strogo filtriranje na istite. Od iskustvo ti kazuvam sum sretnal vo Germanija masko 40 godini studentski apliciral da raboti i mu dale odobrenie za rabota. Pozdrav.
Сакам да аплицирам за студенска виза за работа во Германија,но не знам преку која агенција.Што мислитекоја агенција е најдобра?
За платата отприлика 1500 евра плус минус ако си прва класа, а за стан зависи од многу фактори и поарно на тие страните за издавање на станови да видиш. Иако на почеток малку е потешко стан да се најде без платни листи и слично, па најчесто во пансиони се сместуваа од 300 евра нагоре тоа чини.