Задолжително е поседување на сертификат по германски или доволно е само да се знае јазикот? Еве јас сметам дека го знам, можеби не многу ама сепак имам познавања, можам да разберам што зборат другите и да вратам, ама па немам никаков сертификат...
Здраво, барам работа во Германија, Австрија или Швајцарија и попаднав на агенцијата "Future Step Market" од Охрид. Вртам на телефонскиот број кој е посочен но никако никој да ми крене слушалка. Дали некој знае како да стапам во контакт со таа агенција, дали некој е нашол работа преку неа да ми пише малку повеќе информација. Исто ако некој може да ми помогне со инфо како да најдам работа во странство, да ми посочи некои агенции или сајтови, но да не е за студенти. Фала многу однапред! Дали попадна на некоја таква сериозна агенција за посредување работа во странство? Зошто и јас барам, ама се што најдов се е за студенти....
Агенцијата не постои, лажна е,пред извесно време бев да ја побарам на наведената адреса...сум имала среќа задоцнив,агенцијата испарила, незнам дали успеале некој да оштетат...болна работа на криминални умови кои гледаат да се офајдат со лаги и измами...затоа убаво очи отварање не знаеш што може да те снајде,ти гледаш некако да сврзеш крај со крај а, некој тоа ќе го искористи и злоупотреби...
Не, по изгледа агенција која сериозно се занимава со посредување нема. Се што досега сум начекала било сомнително, секако нелегално и лажно. Мора многу да се внимава, па сепак ако некој знае за неизмамничка агенција нека пише.
Контекст е единствената сигурна агенција која посредува со Германија... Многу сум заинтересирана за другово лето за работа таму, и future step им ги земале парите на нашинциве и си отишле.. Имаше по весници незз како не сте прочитале... Јас планирам преку Контекст да одам... Еве и Happygirl од форумов што е моментално во Германија, преку Контекст отиде
Да, точно е дека Контекст e моментално најдоверлива агенција која посредува за работа во Германија ама само за студенти, нема можност за останати групи на луѓе.
Секогаш печалат на маката на другите, значи треба многу да се внимава. Фала на информацијата,...сега мислам варијанта да запишам магистратура и на тој начин да отпатувам некаде во странство, како што гледам во МКД нема агенција која посредува работа во странство покрај студенти и за млади луѓе кои не се студенти.
За студентиве кои заминаа Германија е наменето ова: нели почнуваме на факултет од 15 септември ( добро, годинава е 17ти..). Како можи договорите да ви траат до 30ти септември, нели ќе прават проблеми на факултет ако отсуствуваш 15 дена ?
^Ами ретко некој да има точно тогаш да почне , обично првите недела-две се луфта, се нема предавања, професори нема, распоред нема, ништо нема... Барем кај нас е така. Ние лани почнавме средина на октомври дури.
^Годинава на мојот факултет сите години освен апсолвентите и бруцошите почнаа од 10ти септември со предавање. Прекрасно . Ама ајде, има време до на лето, во меѓувреме јас интензивно си работам на германскиот
Можеби малку вон тема, ама една другарка вчера ми спомна дека некаде низ Скопје имало организирано бесплатни часови по англиски, и германски. Јас иако го учам на факултет, планирам ако ми одговара се разбира, да ги посетувам и овие часови. Да ми каже точно каде се, дали се навистина бесплатни или само 3999 денари , и кое време, ќе ве обавестам. Планирам и до Контекст да одам, најдоцна до НГ да имам аплицирано веќе.
^ Јас планирам во Контекст да одам негде средината на октомври, или подобро е порано? Вие што заминавте кога отидовте во Контекст да аплицирате? И секоја информација за тие часовите е добредојдена, и јас сакам да одам
Девојки, за годинава многу кандидатки сме за Германија ) Можеме да си бидеме цимерки Doozy те молам прашај ја побрзо другарка ти кај е тој курс бесплатен, бидејќи планирав да запишам јас од понеделник интензивен
Здраво, јас решив да запишам магистратура и да пробам така да најдам работа во странство, зошто друго чаре за легална работа во странство очигледно нема. Е сега барам информација дали знае некој агенција што посредува работа во странство,но да не е Германија зошто незнам германски а колку што прочитав преку Контекст одат обично студенти коишто учат германски или имат добро познавање на германскиот јазик. Ајде ако некој знае нешто нека ми пише. Поздрав до сите
Не знае уште девојчево ништо, ќе ви кажам кога и мене ќе ми кажат. А Вип, зошто почнуваш одма со интензивен курс, карма каша ќе ти стане се?
Нема што да стане карма каша, пошто немам никакви познавања... А морам убрзан пошто немам време да се бафтам цела година... Ќе земам убрзан еден степен, па еден месец пауза, да си совладам сама, па пак уште еден курс и колку толку ќе знам нешто да се снајдам јас мислам.. Па здравје, дај боже да ми се исполнат плановите
Ако може малку подетални информации за работата во германија,дали исклучиво може само студенти да одат или..?Исто ме интересира преку која агенција е најсигурно,бидејќи има многу агенции кои посредуваат но има и такви кои прават превари.И колку се плаќа вкупно?дали агенцијата посредува за смештај или....?не сум воопшто запознаена па ако може некој да објасни.фала.
Сите прашања што ги имаш се дискутирани низ темава, така да ако разлисташ по страните наназад ќе ги најдеш одговорите.
Ako ste vo Frankfurt i ste zainteresirani za cuvanje dete po 2-3 saata na den kako rabota na strana pocnuvajki od February 2013, pratete mi email adresa. Pozdrav