Zdravo Dali imate informacii za navodna agencija AG ASTRA koja preku oglasi na reklama5 sreduva za rabota vo germanija?
Дали некоја од вас работи во Германија со виза и има сменето дејност ? Ако може во лп, имам некои прашања ☺️
Здраво,дали има некој што знае каква е работата на медицинските сестри во Германија и дали многу тешко??
Prevaranti se Za majka mi zborev so niv celo vreme I vetuva Za rabota vo farrika pakuvanje sliki poslednite nekolku dena pred dogovoreniot den za idenje gi isklucija telefonite I ne ne pobaraa
Здраво, моја познаничка дојде со завршен фармација факултет не и ја признаа дипломата. Мораше аусбилдунг да прави, ама за некој што студирал тоа е мачкина кашлица.
Потребни се студенти за летна сезонска работа во Германија, има отворени неколку слободни позиции чистење на канцеларии/објекти во Минхен, чистење на болница во Дорфнер, работа во логистика во Минхен, Бремен, Дујсбург, Хале, чистење на аеродромот во Франкфурт и работа во луна парк во Рамминген.
Кој знае дали сертификатите за компјутери, германски и англиски кои ги даваше Агенцијата за вработување пред 10тина години за завршен курс, дали важат во Германија и дали воопшто да се преведуваат со судски печат? Имам напредно ниво германски (ама нигде не пишува а, б итн), почетно ниво за WORD, и почетно за англиски. Бугарскиот пасош ми излегува здравје за 2 месеци па сакам да на време да ги спремам сите документи кои може да ми користат за подобра иднина. Благодарам
Тешко прашање. Рекоа од февруари но никој не знае кога точно ниту па кажува. Толку голема гужва е последните неколку години што чиста лотарија е да добиеш термин. Прати на групата "македонци во германија" на ФБ, таму се објавува обично и одма почни со апликација дека само пола саат трае.
Здраво, знае ли некој од вас дали со статус апсолвент (нема дипломирано, само има запишано апсолвентски семестар поради останати испити) може да се оди летото на работа во Германија како студент?
Дечки, дали некој знае дали договор за стан е услов за да ти одобрат виза за западен балкан или доволен е договорот од работа?
Некој со повеќе информации за како ќе биде од фебруари со аплицирањето.. гледам на странава ништо не е објаснето и стоат информацииод октомври. Што поднесувате кога аплицирате за термин??
Битен е договорот за работа да биде валиден. Разбрав дека се враќаат на старо ке се чека регуларно по година за термин,иначе внесуваш лични податоци кога аплицираш.
Дали некој знае, кога двајцата родители се со виза и имаат стан и работат во Германија, дали за децата кои се мали до 5 год ,мора да се аплицира за виза од Македонската амбасада или тоа може да се направи од Германија?
Нормално да. Мене за првата виза посредникот ми рече обавезно мора да дадам адреса на престој каде ќе сум Германија. Дадов од роднините на почеток бев таму. А ако имав најдено стан ќе требаше договорот.Така беше пред 5 години, сега веќе имам слободна виза и незнам како оди. Можда е и сменето нешто.