Kako student, osven vo leto, dali postoi sansa da se zamine za Germanija preku zima na pr, ili sega od oktomvri do januari, 3 meseci?
Контактирај ги агенциите кои посредуваат работа за студенти, мислам дека има шанси и во зимен период.
Здраво на сите.Ако некој знае каков степен на германски јазик се бара за шофери на камиони и колку е платата?
Здраво. Како да знам дали сум добила или не сум добила термин? Се имам нешто распрашано и ми кажаа дека нема шанси да добијам термин ако немам некој во Германија да ми среди да ме викнат за виза… искрено не го ни разбрав тоа. Иначе јас имам роднина кој ќе ми испрати договор, имам и смештај, само не ми е јасно што треба да се направи сега за сега освен да се добие термин?
Термин за неквалификуван кадар се добива така што аплицираш на страната на германската амбасада и ти стигнува меил дека имаш добиено термин. Не може никој да ти среди за термин дури и да имаш некој во Германија, целата процедура оди преку амбасадата, твое е само да најдеш работен договор. Кога ќе добиеш термин ги носиш документите и доколку ти одобрат ќе ти стигне смс порака...
После затварањето на апликациите за западен балкан 4 до 5 дена ако ви стигне меил за термин ве извлекле ако не ви стигни на меилот не сте извлечени и нареден месец пак аплицирате, а тоа дека некој може да ти среде ве лаже неможе никој да ви среде за виза
Здраво дечки Имам завршено физиотерапија на Софиски Универзитет кој е со статус H+ на Anabin па сум во дилема за која виза би аплицирал за да се избегне лотаријата Западен Балкан. Моето прашање е дали е воопшто тоа возможно и за која виза би ме советувале да аплицирам? Фала однапред
Фала ви многу на одговорите, ако добијам термин колку пари ми се потребни да носам заедно со договорот за работа? И дали само еднаш може да се аплицира месечно или можам повеќе пати во месецот за шансите да се поголеми да ме извлечат на лотарија?
Само еднаш може во месецот да се аплицира доколку ве извлечат на лотаријата на мејло пишува колку се плаќа мислам околу 70 евра, ти треба договор за работа и договор за стан
Може веќе сте средиле но сега го видов прашањето , зар не постои можност за фамилијарно спојување исто како во Германија.
Има ама јас на породилно бев и така не даваат, мора нели да работи паттнерот и да има над 1800 плата, а породилно не спаѓа во тоа.