Здраво, во врска со студентска работа во Германија. Од агенција ми се понудени повеќе помали градови (Wolfenbüttel, Barsinghausen, Oberröblingen-Sangerhausen, Eisleben, Ratzeburg, Harrislee, Mühldorf, Piding, Geiselwind, Schweitenkirchen, Osterholz-Scharmbeck, Abensberg), работа во Burger King, KFC, Mc Donalds. Прва година ми е како се одлучив да одам, дали можеби некој има работено во некој од овие градови, би ми било драго доколку сподели искуство.
На термин во амбасада за виза за западен Балкан кои документи се потребни да се однесат ако може да ми пишете?
Здраво, дали некој успеа да извади уверение од ујп за повраток на данок? Веќе неколку пати одам и ме враќаат со изговор дека немаат податоци.
Јас бев,но ми кажаа дека не знаат што и како треба. Што всушност треба да се регистрираме прво или како? Мене ми кажаа не може МК да ти врати нешто што ти е дадено од Германија,прво сум морала да се регистрирам и платам но не ми беше јасно, ај некој ако знаеее
Сестра ми со нејзиниот дечко лани летото беа во Дубровник работеа во различни хотели и цело време различна смена, а им кажаа дека ќе бидат заедно, постојана ги лажеа дека ќе почнат заедно да работат. Беа и пред 4 месеци, требаше да работат во продавница во мало место. Договорот им беше кога ќе стигнат таму одма следниот ден да почнат со работа, но една недела ги лажеа и ништо од работата, после тоа им кажаа дека мораат да одат во друг град, таму смештајот катастрофа бил. Ги сместиле во некој смештај од Тито, немало никакви услови за живеење, и биле сместени со работници од тунгузија. И одма се вратија во Македонија. Препорачувам убаво да разгледаш другиагенции или преку некои други посредници.
Здраво дали некој знае за работа во Дортмунт? Сакам да аплицирам за виза преку агенција ама од ситњ агенции што ги видов никој не нуди работа за во Дортмунт
Здраво дали знаете кој потсредува за работа во Германија за на лето јули август ?предлог? за студенти
По правило треба само да пополниме барање за уверение за остварени приходи и да ни го издадат. Мене веќе неколку пати ме враќаат со изговор дека сеуште немаат податоци за 2022. Една членка ми одговори дека после 31 мај ќе можеме да го извадиме па ќе пробам повторно тогаш.
Некои од овие ги препознавам. Ти препорачувам да бараш нешто што ќе е блиску до место каде што ќе можеш полесно да си набавиш храна. Зависи што сакаш, можеби ќе имаш пари ама ќе биде потешко за шетање на пример ако си некаде подалеку. Или ако сакаш да заработиш и ѓетањето не ти е толку важно, можеби нема да е проблем. Се' зависи од тоа што сакаш.
Може веќе си избрала, ама јас тука имам роднини и преку 15 пати имам отидено и уживам во градот Близу ти е Брауншвеинг, буквално на 15мин, па и Хановер е близу. Јас два пати неделно обавезно до Хановер со воз одев Сега со месечната карта за локални возови за ич пари ќе одиш што се вика.. Тука е и "домот" на Јегерот и мене лично ми е ептен кул градче. Ресторанчињата и кафичите се со пристојни цени, не е мн големо а имаше се.. И сите големи маркети ги имаш..
Здраво има ли некој во групава што работи како мед.сетра во Германија да сподели искуство, плата, како те прифаќаа како странец на работа и преку која агенција замина ,а исто ме интересира како потоа да се повлече семејството ,ви благодарам
Јас лани бев во помало градче и супер си поминав. По релаксирано, не беше напорно и луѓето се по фини. За шетање не е проблем бидејќи има воз насекаде. Уште ако има месечна карта за 9 евра како лани летото ќе можеш да ги прошеташ сите околни градови.
Здр што треба да состои договорот за работа за западен балкан, кој се најважни точки, да знам да му објаснам на работодавецот, треба и број на пасош мој или само име презиме адреса