Здраво Се обратив на маилот на финанзамт минхен за повраток на данок и тие ми испратија повратен маил со потребни документи. Уредно ги испратив на адресата која ми ја кажаа, меѓутоа јас се пријавив за стеуернуммер на deroystrase 12, a документите ги испратив на finanzamt munchen 94302 straiburg ... дали доколку е погрешна адресата (доколку требало да го испратам на deryostrasw 12, дали тие по службена должност ќе го препратат таму?
Нема да те примат доколку имаш грешка на матичен број или на пасош. Ако е грешката буква во име или презиме не загледуваат толку на тоа.
Девојки дали може да се најде работа ( не сум студент ) на два три месеци во Германија? Предлог агенции
Како оди постапка за продолжување работна дозвола од 3 месеци на виза 6 месеци? Дали ако имам договор од работодавач ќе може да продолжам виза?
Не можеш да продолжиш нешто кое не си го почнала. Работна дозвола =/= виза, па следствено на тоа, не можеш работна дозвола од 3 месеци (Мекдоналдс или слично) да си ја претвориш туку така во виза за престој. Ако си со МК пасош, аплицирај за лотарија за виза па ако те изберат најди некој работодавач.
А доколку веќе потпишам договор на 6 месеци? Мислам нели може да се убрза ако имам договор за раб и сместување?
Не можеш. Си чекаш на лотаријата ако спаѓаш во категоријата за виза за западен балкан.. Јас аплицирав за друга категорија, побрзо се зема ама треба многу услови да се исполнат. Иначе НЕ МОЖЕШ од 3 месечната студентска работа да преминеш на виза.. Претпоставувам дека за студентски престој прашуваш бидејќи само кај нив е 3 месеци
Да. Брзо се добива термин и не е на лотарија. Ако одиш како студент никако не можеш да продолжиш виза бидејќи технички вие немате виза.. Имате одобрение
Здраво на сите ! Јас сум студент и за првпат аплицирав во Контекст за студентска работа во Германија. Но бидејќи не сум во група, дали за мене ќе трае подолго процесот на наоѓање работа или нема врска ? Иначе го владеам B2-Niveau на германскиот јазик, па се надевам дека имам подобри шанси за вработување. Ви благодарам.
Не би требало да трае подолго, али сепак зависи и од работодавачите таму. И без јазик ќе те земат, а со Б2 имаш подобри шанси да се паднеш во некој добар/прометен Мекдоналдс, па да имаш и со тоа повеќе саати, а веројатно и подобро место на живеење, каде што работата ќе ти биде добро поврзана со местото на живеење. Ова не го земај здраво за готово, ама сите што имаа супер познавања на јазикот (Б1 и нагоре) имаа добри искуства, меѓу кои и јас.
Братучед ми остана неоженет, раскина долга врска, и на 39 години реши да оди сам. Има Полско државјанство и пасош. Што би предложиле тие што имате некакво искуство? Англиски знае, Германски не.
Ако не му е проблем да почека барем 6 месеци, нека запише интензивен курс и нека мрдне од почетна точка. Греота е со ЕУ пасош, да работи во Мекдоналдс, КФЦ или некои такви други глупости за минималец. Општо за снаоѓање ќе му треба германскиот јазик, поготово ако живее, плаќа сметки, пазари во маркет, патува од и до работа и слично. Со Англиски, би препорачал да најде нешто да работи во некој хотел или слично, кај што има повеќе туристи. Барем нма да му биде толку стресна работата, а и подобро платена.
Дечки лани бев на студентска работа во McDonald и немаше никаков проблем со печат со потпис со истите документи истиот факултет се беше океј , оваа година ме имат одбиено поради некој си печат а сите документи беа исти како лани е сега пишавме приговор лично и по електронска пошта има шанси да ме одобрат или како оди тоа некој со искуство да ми одговори Поздрав имајте убав ден