Епа тогаш ништо не сте разбрале. Ако знаеш јазик и си ја нострифицираш дипломата, ќе работиш поплатена работа Ако не, ќе работиш кај стигнеш како неквалификуван кадар.. Визата нема никаква врска каква работа ти ќе работиш. Ти треба сама да се снајдеш и да си најдеш добра работа.
Дали може да работам во Мекдоналдс на пола работно време, и дали сега преку Виза Метрикс оди побрзо постапката за добивање термин за виза?
Дали би ме зеле на работа во Мек Доналдс или Кинг Бургер на подолго време со европски пасош,лани за 2 ,3 месеци не ме земаа со европски пасош аплицирав
здраво знае ли некој каде треба да се аплицира за поврат на данок од три месеци работа? Ви благодарам
Можеш во агенцијата што ти посредувала за работа или самостојно на elster.de За 2023 ќе може после нова година да се аплицира.
Здраво дечки дали некој што аплицирал за лотаријата за виза може да ми пише? Ми треба инфо Фала однапред!
Здраво, да ве прашам имам одено два пати на студентска работа во Германија во Мек преку Контекс. Дали може да ми каже некој што знае,доколку аплицирам за студентска работа преку пишување на меил на самиот Мек во градот во кој што јас ќе го изберам,може да бидам прифатена и без компликации или најсигурно е преку агенција или посредник и доколку сте биле преку некој и сте задоволни ве молам споделете.Контекс ми се супер,ама многу плаќав за смештај секогаш -550-600евра што ми е премногу за мали места,многу малку заработив поради тие работи... Исто така за враќање на данок имам аплицирано преку Контекс помина скоро 6месеци,нема никаков данок
Претходната година плаќав за кревет 450 а оваа година 550 за соба,но сепак многу е,преку некои посредници некои студенти плаќат 200-300евра од кревет
Имам завршено филолошки, англиски јазик, и според некои дипломата може да се нострифицира. Дури и да е тоа така, што можам да работам? Не верувам дека ќе ми даде некој да предавам англиски ако германскиот не ми е топ.
Филолошки вреди исто како и филозофски во Германија (значи не вреди многу). Во Германија се бара магистратура од германски факултет за предавање на некој предмет. Ако имаш пари, време и ЕУ пасош, обиди се да добиеш CELTA/TEFL и аплицирај на tefl.com кога ќе има оглас.
Немам ЕУ пасош, тоа најмногу ме кочи. Сакав да полагам CELTA, зашто нели не треба тогаш ЕУ пасош демек, но мислам пак е потешко. Ми се иде од 0 да одам (ако добијам нели термин за виза/работодавец) сосема трето да работам.
Ако немаш работено по струка во Мк, тешко да го работиш тоа. Прво ќе треба на пракса (се е платено). Добро е да завршиш и курс по германски. Само не знам кое ниво ќе ти го бараат. Полесно е за тие со ЕУ пасош. Пробај си ја среќата.