Не оди тоа така, работните дозволи ти ги изработуваат од периодот што ќе го напишеш во образецот и ќе ти стават печат и потпис на факултет
Ве молам за помош! Живеам во Германија 3 години и сум тука со Сина виза. Како да го променам пасошот со Северна? Дали треба да одам во мк или може од тука (амбасада/конз)? Фала многу
јави се во нашата амбасада,мислам дека во минхен беше,али имам лоши искуства слушнато за амбасадата,као ептен биле неписмени таму вработените,така да врти и форсирај.
Потребна ми е мала помош. Што се ми е потребно и од каде се треба да се одјавам, бидејќи сакам да ја напуштам Германија. Ве молам ако има некој што го поминал ова да ме упати што треба да правам.
Дали можам да аплицирам за лотарија за термин за виза ако се' уште немам најдено работа во Германија? За ако ме одобрат тогаш да аплицирам на места, зашто не гледам која фирма би чекала да добијам термин кој не се знае кога ќе биде.
Дали некој има добиено фамилијарна виза, а притоа бракот да е склучен по заминување на брачниот другар во Германија?
ако некој аплицирал за лотаријата за виза, отприлика кога има резултати за тековниот месец? исто така, дали сте брзо известени дали сте или не сте добиле? јас чекам потврден мејл дека апликацијата е примена од утрово, но се' уште нема ништо.
Здраво на сите, имам едно прашање до оние кои имаат отидено во Германија на работа но без посредување од агенции. Како да се најде работа самостојно?
И мене ме интересира, особено со фактот што не знам доволно јазик за да можам да работам на струка. Верувам дека сами треба да аплицираме на позиции кои се отворени подолг период, за притоа да може да се средат работни визи/да се аплицира за лотарија/итн, освен, секако, ако немаш бугарски пасош.
Јас денеска на фб во една група најдов повеќе огласи за работа во Германија и Хрватска на иста жена се вика Сандра имаше оставено број па пишав на вибер, ми кажа дека работата е за во хотели и фабрики и со мк и со еу пасош нето плата е макс 2900 евра обезбедено сместување храна и слично ама проблемот е што не верувам баш. Бара да и испратам слики од лични документи и треба да се плати 75 евра некако не ми е баш…
Во ниеден случај, 99% од тие огласи на фб се лажни. Нема што никому да испраќаш ни документ, ни пари. Верувам до мал степен само на посредници што можеби ќе земат процент ОТКАКО ќе се вработиш и отидеш некаде и земеш плата или пак на верифицирани агенции - имаат некои за долгорочно вработување (контекст, коузон...).
Здраво Феминки. Нова сум на форумов, пребарував ама неможам да најдам баш одговор на моето прашање во врска со фамилијарна виза во Германија. Доколку некоја има искуство би сакала да ми каже за колку време се зема фамилијарната виза откако ќе ги достави сопругот документите таму, како платни листи и договорите за стан и од работа. Ви благодарам однапред
na drugar moj mu sreduvaa dokumenti za 90 dena rabota Germanija za vozenje, ama ne kako student tuku bugarski nekoi, pa go fatija tamu policija i go deportiraa nazad
Се е тоа лага. Јас познавам луѓе кои се зафркнаа. Ги закрпија за пари. Нема зафрканција со Германците.