Wise ти е супер опција да не се акаш по банки да пополнуваш барања и чуда ...и не чекаш И револут види ... Ама Wise ти е супер И двете можеш да ги користиш кај сакаш
Zdravo, Sakame da se iselime godinava Germanija familijarno (so edno Malo dete dve godini). Soprugot ima bugarski dokumenti. Kako se naoga rabota sto da ocekuvame za pocetnici? Platite za pocetnici sekako deka zavisi kade ke se vrabotis kako se dvizat?
Здраво Дали доколку имаш лиценца за доктор, фармацевт или стоматолог во Македонија и се преселиш во Германија, но не работиш по струка, е потребен некој документ, известување до комората? Што треба да се направи во ваков случај, дали бил некој во ваква ситуација? Ви благодарам многу
Пред некое време паднавме во муабет за агенции што нудат работа во Германија..со предодобрение за НК кадар, не со ЕУ пасош, не за квалификуван кадар (треба В1-В2 за нострификација) Ако имате искуство со некоја да споделите...
Ако знаете германски, лесно ќе најдете работа. Без познавање на јазик може да работите кај балканци, а тоа не ви го препорачувам. Мекдоналс и слични ресторани се слабо платени. Градежништвото е солидно платено. Маж ми тоа го работи. И во дом за стари лица земаат убави плати. Ако имате струка е уште подобро. Јас учам јазик за да најдам добра работа. Отварам огласи и секаде бараат да знаеш германски минимум Б1.
Апсолутна антипрепорака за агенцијата posrednik.mk Најнепрофесионална и најнеодговорна агенција со која сме имале контакт. Од јануари чекаме за студентска работа во Германија, со целата документација уредно доставена од наша страна пред Нова година. Ни ветија почеток на работа од 1 јули – денес е 21 јули, а добиваме маил дека ништо нема да биде од тоа, дека наводно не ни се изготвени работните дозволи. Во меѓувреме не' мавтаа со лажни ветувања, неосновани изговори и игнорирање. Наместо транспарентна комуникација, добивавме само празни приказни. Ни ја сменија работната позиција од логистика во McDonald’s/ Burger King без да не' прашаат, не ни кажуваа град каде би работеле, ни ја зголемија киријата за 100 евра од претходно договорената и покрај тоа што веќе зедоа капар. Ова е легализирана превара. Апсолутна антипрепорака!!
Никако немојте да ја одберете агенцијата posrednik.mk!!!! Агенцијава само клуч на врата заслужува, легализирана превара!!!!!!!!
Здраво, и мене ме интересира истото прашање.. Дали доби точна информација? Да знаеме да не одиме да аплицираме на празно, па да бидеме одбиени
Може и на други места да се вработат не е само кај балканци или Мек , ќе си најдат агенција за вработување и она ќе му понуде опции за работа спрема способност општо знаење , ако не сакаат да се пријават одма преку Агентур , па ќе си пробуваат работни места дури не им кликне некаде. Може и од прва да им се погоде работата но може и од втор трет обид. Агентур нормално е да бара повеќе јазик затоа што не нуде толку многу обични раб места , како што агенциа би ти понудила. Сите скоро идиме без познавање на јазик ама со тек на време се уче , посебно кога работиш само со германци многу брзо се уче ако влезиш каде што има балканци поспоро оде. Добро е да се оде на курс во меѓувреме отвара многу повеќе и подобри можности и побрзо адаптирање.. Најбитно е стартно да се избегнуваат балкански фирми дури научиш се како што функционира. Плати се различни зависи колку е саатот платен , ако е минималниот мислам беше околу 1500-1600€