Точно и беше пријавено ама за жал кога имаш шеф кој што не му е гајле да го реши проблемот работите испаѓаат такви какви што се и еве веќе два месеца не ми е сменета класата
Не шеф, сега се сетив. Треба сама ти да ја смениш класата во Finanzamt па они ќе пратат известување на работа.
Мислам дека ова се подразбира и без да се напише..... И тој шеф има шеф, најверојатно менаџер. Тој е оној кој ги брка овие работи. Инсистирај да разговараш со него за да го среди ова да не мораш сама да се малтретираш. Нивна работа е.
Здраво. Во последно време се мислам да се преселам во Германија. Имам европски пасош и се, но не сум собрала храброст до сега. Која е процерудата, колку пари ми требаат за старт, како се движат кириите и каде барате цимери? И дали може некоја да ми предложи каде би можела да си барам работа? Дали за старт треба да работам нешто безврска како McDonalds или можам и нешто "понормлано" по струка? И дали нашиве факултети\академии се признаени таму? Би била многу благодарна доколку некоја би ми помогнала со совет, која е веќе таму на подолго.
Англискиот нема да ти биде од голема корист, затоа најдобро е што побрзо да запишеш курс по германски. Голем дел од дипломите се признати, но за да најдеш работа во твојата струка, прво мораш да го средиш јазикот. CV-то направи го едноставно и прегледно, бидејќи најчесто се проверува електронски. Значи најпрво јазик, па потоа работа. Без германски, сè оди многу потешко. За сместување, на почеток можеш да користиш Airbnb, додека не најдеш стан за подолго време. Тековно се што ти треба прашај тука – колку можеме, ќе помогнеме.
Фала ти премногу на одговорот. Дали би можела да учам јазик таму, додека работам нешто нај basic некое време? Знам пријателка која учеше јазик таму и самата држава и го плаќала курсот, само не сме блиски толку, за да се распрашувам што и како. Или сепак е подобро да го научам тука пред да одам?
Има курсеви за возрасни во мк, имаш опција и онлајн. Мислам дека 2 месеци трае еден степен. Додека средиш се друго ќе учиш од мк, после ќе си продолжиш од таму. Нострифицирај си дипломи, сертификати. Има групи на фб што бараат цимери/ работа како бејбиситерка може ќе ти биде најлесно, имаш и работа и смештај во едно. Или да одиш преку агенција на сигурно
Не ти го плаќа, ти ги враќа парите мислам беше дел откако ќе положиш Б1 и Лебен ин Де,оти си еу државјанин . Го плаќа само на оние што се под Јобцентар-социјални случаи.
Можеш, мене ми беше 50% платено ама бев со фамилијарна виза. Можно би било да има нешто и во твојот случај. Но јас учев и во мкд, дури до Б2 одев на часови. Јазикот ако го совладаш, можеш многу брзо да најдеш работа по струка, зошто да губиш време со мекдоналдс и слично, ако веќе имаш амбиција, искуство, образование. Овде побрзо ќе најдеш работа отколку стан. И секако нов терен битно е да си исклучително претпазлива, затоа јазикот ќе ти биде исклучително од корист.
Ниту еднаш од прва не ми била погодена класата при нова работа, секогаш го информирав менаџерот на моменталното место и секогаш веќе со нареден месец се средуваше. Не треба сам ова да го средиш туку им е работа на менаџерите да интервенираат, ама ако некој сака дополнително малтретирање, слободно може и така како што имаш ти напишано.
Два пати менував еднаш јас еднаш сопругот. Две различни компании и во двата случаи беше преку Finanzamt. И не беше тешко, се си пријавив од дома преку Елстер. Во мојот случај бев и лично и до Finanzamt за да се рсспрашам дали се во ред сум направила. И љубезно се ми обкаснија. Во случајов на членката останува оваа опција кога веќе со менаџерот ништо не бива.
@JasBee11 Ти благодарам многу драга! Дали би можеле да ми препорачате каде можам најдобро да го учам јазикот? Едукативен центар или некој кој држи часови во групи/приватно. По можност интензивно и добар квалитет на предавање.
Секако, колку можам ќе помогнам Јас бев во Вортекс ама не бев задоволна, Мартина ја има на фб со неа да пробаш, мислам дека е добра. Германски со Мартина или "Судски превод и часови по Германски јазик" вака е на фб.
Имај на ум дека грото станови се празни и многу тешко некој ќе ти рента стан без најмалку 6 платни листи. Подобро да најдеш некоја соба да делиш кревет а потоа другото.
Ние рентавме привремен стан со нула платни листи, кој беше опремен и чини повеќе, секако нели. Празниот стан кој може да трае подолго и е ппевтин е со три платни листи но треба трпение додека најдеш и добиеш што си бараш.