Ова лето за прв пат планирам да одам за Германија преку work and travel и програмата па ме интересира дали некој има искуство со ЕВИВА агенцијата? Заинтересиран сум за работата на аеродром и веднаш после нова година да ги соберам сите потребни документи и да уплатам колку што бараат за нивно средување, но дали можеби требаше уште многу порано да го направам тоа за да не се пополнат местата за таа работна позиција??
Zdravo sakam da prasam dali nekoj ima so e preselen vo Germanija i kako mozam jas da se preselam neznam jazik dali mozi da ziveam i rabotam bez jazik tamu imam 21godina zensko ako nekoj znaj kaj da se obratam neka mi pisi
Не ако немаш роднина или пријател кој ќе ти помогне, без да знаеш германски не може да се снајдеш. Eве за почеток почни да учиш германски
Научи прво Германски, барем до А2. Потоа ќе си најдеш работа што ќе те подржи за виза, мекдоналдс или нешто по струка. Потоа аплицираш за виза во Германска амбасада. Млада си, ако си работлива ќе ти е уште полесно. Среќно
Дали има некој искуство со агенцијата ФУТУРУМ во Скопје? Има доста огласи за работа во повеќе држави но некако е too good to be true. Брат ми и жена му сакаат да работат во странство но немаат еу пасоши и немаме познаници кои работат во странство со работни визи. Од јазици англиски зборуваат доста добро.
Здраво, јас аплицирав за работа во мк доналдс и ми е издадена фозвола за работа, сега чекам договор да ми пуштат за да аплицирам за виза, што прашања поставуваат на интервју ? Планот е таму да запишам јазик. После колку време може да се смени работа ?
Немам искуство со фирми посредници, не е тешко и сам своја режија, но сепак јазикот е битен барем А2 да стигнат пред да дојдат во Германија.
За да се вработиш во секој помал град во Германија дали треба некој да те повлече, да знаеш јазик итн? Не го знам Германскиот совршено, па затоа барам некој помал град за вработување каде би можела и сама да се снајдам. Ама велат дека било поопасно за женско да биде само во Германија, затоа ако знаете некој рурален град каде не е толку опасно како што кажуваат. Каде би се снашла и без јазик, ако е реално возможно ова што го барам.
Ако си заинтерсирана за Мекдоналдс во мали градчиња во близина на Карлсруе да прашам па може да ти дадам контакти ако има слободни места.Во ресторантите има барем 30/40 посто Македонци.
Колку јас знам, за да имаш некаква работа мора да си пријавена, односно да не работиш на црно, а во тој случај ќе си добиеш виза, и ќе работиш колку сакаш, повеќе компании на кои очајно им треба работници даваат документи за виза, како што е Мекдоналдс.
Се во ред, но гледам во некои порурални градови да се вработам бидејќи сум сама, и со тие мигрантите е зафркната работава... Кој град е така најбезбеден и со мал број или што нема мигранти? Не велам за словенските мигранти, туку за тие што избегале од војна.
Не е толку страшно како што пишуваат македонските портали, не се плаши. Ете јас живеам во метропола каде секој четврти жител е странец па досега за осум години ниту еднаш се немам почувствувано небезбедно, ниту пак сме имале некоја проблематична ситуација.
Зависи кој странец. Не се исти странците од Балканот и бегалците од Сирија. Затоа прашав кој град има најмалку бегалци.