Па вака млади се сите вработени, мене една девојка ми го правеше интервјуто и ми постави доста прашања, строга беше на интервјуто ама вака мн добар впечаток ми остави- се ми објасни за програмата, ми одговори на сите прашања, не очекував толку професионален однос, сега имам една другарка која е послаба со јазик и рекле да поучи овој месец и да иде пак на интервју
Јас денеска бев во агенција ми правеја интервју ама дека еден месец посетувам курс по германски ми рекоја по 15 дена повторно да одам.Ме интересира со работодавачот како оди интервјуто многу ли прашува?
Работодавецот кај кој што сум јас беше супер, општо ме праша да се претставам, дали сум работела, јас во Америка бев минатото лето и ме праша за таму, мене ми беше лесно, мислам дека не мора да има интервју со работодавец, моја познаничка доби позиција во Улм мислам без интервју со работодавец, штом ти рекле да одиш пак ќе те пуштат сигурно, научи си зборчиња со храна обавезно тоа секогаш прашуваат во агенција. Поздрав
Здраво дечки, Од 01.01.2016 до 31.12.2020 македонските државјани можат да добијат дозвола за престој во Германија и тоа за сите професии, обуки и помошнички дејности. Истото важи и тогаш кога немаат квалификуванo стручно образование или кога нивната стручна квалификација не е признаена во Германија. Повеќе околу тоа има објаснето на нашиот портал овде. Или на следниов download линк (PDF, 955,1 KB) Edayn е веб платформа која нуди работа во Германија на повеќе јазици. Работодавачите можат да најдат клиенти од различни земји. Исто така и клиентите можат да најдат работа на повеќе јазици. Клиентите можат едноставно да се регистрираат бесплатно и онлајн да го пополнат своето CV, со кое подоцна директно би аплицирале за посакуваната позиција. Ovde можете да се регистрирате и да го пополнете вашето CV. Ви посакувам голем успех. Dejan Portfolio Resources Facebook Twitter Google+
Моја другарка аплицираше кај Венера Кемаловки и не е студент, и и вратија порака дека можи да оди на интевју .
Никаква врска нема ова, другари мои пуштија 3ца лани во еден плик па ги викнаја беа 2 месеци таму и никому ништо. Дајте ми некој подеталан контакт за агенцијата Венера, откаде е? И број на телефон. Фала.
Здраво девојќи, сакам летово да работам во германија дали ке биде во мегдоналс или во некој хотел не е важно но незнам во која агенција да се пријавам или да се пријавам директно кај работодавачот, искуство и информации ако сака некој да ми каже ?
Ќе може некој да ми пише за работа во Минхен како да аплицирам, но не преку агенција. Имам одредено познавање на јазикот. Ви благодарам
Здраво , сакам да ве прашам дали некој има одено преку групава/ организација на фб : Работа за студенти во Германија, па да знај дали е лажна ?
Луѓе јас добив денес понуда за работа од ЗАВ во Hotel Waldschänke, се наоѓа некаде блиску до Минхен, Слушнал некој за ова?