Јас заминав како аупер, значи имав фамилија домаќин и не морав да барам сместување, а потоа веќе имав документи и сосема друг статус. во принцип хостелите се поскапи или со месеци однапред резерирани. Доколку успееш да најдеш некој кој континуирано има слободна соба за неколку месеци е среќа. Во општина мораш да приложиш место на живееше, потребен им е некаков документ. Хостелот или оној каде што престојуваш сигурно ќе ти обезбеди.
Внимавај, ab значи ОД... најчесто од таа цена па нагоре. Приложената цена после ab не е фиксна, најчесто е само за некои термини, за терминот кој ти го посакуваш може поскапо да ти испадне. Ги вметна ли податоците од кој до кој ден? Финална цена да да ти даде и секако дали е слободна собата.
Ги вметна да. Тешко некако со сместување. Да те прашам ако пример си во хостел или на друго место две недели, и се пријавам во општина со таа адреса а потоа ако седам на друго место нема проблем ништо?
Искуство со идентичен случај немам, но се додека си легално некаде сместена и си се пријавила под таа адреса не би требало да е никаков проблем. При промената на живеалиште ќе ја споделиш новата адреса и готово.
Ти пратила линиите за подземна железница и трамваи. МЕѓутоа ова е толку непрегледно, нема шанси да се снајдеш да стасаш до таа институција следејќи ја оваа мапа.
Ти пратила план за кај метро и трамваи.... Ниту институција, ниту знаеш со што на која постројка да се качиш, на која да се симнеш, па претовар ако правиш во што да влезеш или во колку саатот тргаат истите. Уствари ништо не ти пратила.
bei folgender Adresse in München kann man die Infektionsschutzbelehrung bekommen: *Belehrung nach §§ 42/43 Infektionsschutzgesetz: Medizinische Laboratorien
Еве ја адресата и контакт Schwanthalerstraße 69 80336 München Raum 204 (Anmeldung) Tel.: 089 233-96300 Fax: 089 233-66818 Од главната железничка станица се стасува секаде. Има инфо шалтер, ќе им ја дадеш адресава и детално ќе ти испринтаат, објаснат со што како да стасаш таму. Може да се случи да менуваш неколку трамваи, автобуси, возови...но тоа отом потом. Пиши им маил за дали може така да резервираш термин: еве ти го нивниот меил. gs-lb.rgu@muenchen.de
Ти пратиле дека можеш на интернет да се пријавиш за место на семинарот за добивање на книшката и дека се плаќа 14 еу. кои ќе бидат букирани од твоето конто, или лично со податоци кој ден од колку до колку саатот работат за да одиш да закажеш термин.
Сакам да прашам дали сеуште можи да се најди некако работа за во Германија пошто имав испратено документи јас во јануари ама не ми стаса сеуште договор некој ако има некој што познава што посредува за работа или да прати линк за работа како студент.
ZAV е агенција за вработување во Германија, кога ќе ја добиеш нивната дозвола за работа немаш потреба од виза...