Jaс аплицирав преку ZAV и ми стигна понуда на маил. На некои им се јавиле по телефон а на некои на маил им пишале дека се одбиени. На некои им нема стигнато ни едно ни друго. Инаку јас сум за во Минхен, како можам таму сместување да најдам, дали да ги прашам работодавците дали нудат сместување?
Ние лани бевме сместени во ин виа, внатре преубави собите, плус има и дневна абе како дома да си , , градина преубава, трпезарија, интернет соба, кујна, перална... Имаш од лево неколку домови се, им пишиш маил прашуваш за цена што е како е, (има со јадење и без јадење, ама поубаво е без јадење пошто наработа си цел ден, џабе ќе плаќаш за храната ). после тоа им кажуваш на кој датум стигнуваш и ти чуваат место. Има и други домови во Минхен, студентски, ама немам уште побарано други. Инаку домов е католички, часни сестри се главни на домот.
Тие што лани бевте во Германија преку Контекст, сами си најдовте смештај од тука или тие ве сместија во домови, хостели и сл? Александра ми рече да барам и јас на нет, демек и тие ќе барале (во што се сомневам) ама до сега ништо не најдов. Како се организиравте тие што одевте во група од повеќе луѓе? Како се најдовте едни со други? Александра ве поврза пред да одите? Затоа што од агенцијата не сакаат да ми дадат контакти од другите кои ќе работат на истото место како и јас. Не знам ни колкав стан/куќа да барам, ни за колку луѓе, ни ништо. Изреволтирана сум максимално, бидејќи толкава неодговорност не сум видела. Не даваат основни информации, а на крај треба да им платам. Догодина здравје, ако се одлучам да одам во Германија, нема шанси тоа да биде преку оваа агенција.
Моја познајничка, преку која требаше и јас да одам ми кажуваше дека се преку Александрс од Контекс одело, и тоа биле некои студенски домови, внатре по 4 до 6 души. Покрај луѓе од Мк. имало и од Бугарија, Србија, Хрватска...
Нас Александра ни даде само линк од страницата со домовите, и толку. Јас и две колешки бевме. А други македонци исто имаше кадешто работевме, нив им имаше дадено лист со адреси од домови во Минхен, и кога ќе стигнат сами да се снајдат таму. Ние не бевме задоволни од Контекст, баш од Александра, зошто многу убаво не излажа за договорот во врска со платата и работните сати. Се чудам зошто не ви дава контакт од другите што ќе бидат на исто мѐсто со вас. Во кој град си инаку? Инаку на постот горе сум заборавила да го ставам линкот од домот. Спојлер http://www.invia-muenchen.de/1-wohnen/
Weiterstadt се вика гратчето, 30 км од Франкфурт е оддалечено. А зошто ве излажала за работните саати и платата? Нели сето тоа го пишува во договорот?
Ке ви кажам дека од Контектс не вршат ниту во најмала рака работа... Само пари ви зимаат и ко демек посредуваат.. до година кој сакас за германија нека си симне формулари од Zav Bonn и нека ги испрати преку пошта .. тоа е работата што Контекст ја врши кои лицемерни се .. Им зимаат пари на маката на студенти ..
Женски да ве прашам за една моја другарка дали имате некакви податоци,таа сака да работи во клиника како доктор и сака да аплицира во германија во франкфурт,дали знаете што таа треба да направи,и како одат работите таму,се мисли без агенција а прашањето е за некој кој познава некој во германија и може да ми каже точни работи за оваа тема однапред ви благодарам,од мене и од другарка ми
Девојки сакав да ве прашам бидејќи ќе одам за Германија, дали сте запознати со Компанија Абраха за вработување за чистење. Не можам да најдам на нет, оти не одам преку ниедна агенција од Македонија, туку преку посредник. Се плашам од тоа да не е нешто незаконско или што знам....? Голем паничар сум...Ако некој знае нешто нека пиши.
Се нервирам...Овие од контекст никаде ги нема. Ми рекоја дека работа ми нашле, а за сместување сама да си барам. Какви документи треба да ми дадат? Многу ми е страв да не ме зезнат. Да не испадне и работа дека не нашле.
сместување во минхен Здраво дечки ќе ве молам за гооолема услуга сите вие шо сте биле или ќе одете летово на сезонска работа во Германија - Минхен ако имате некоја информација за сместување за 3-9 лица некое поволно
Здраво, дали има некој добиено за работа во Мекдоналс во Wittstock, или па познавате некој што има добиено... ? Ви благодарам однапред
Јас здравје треба да одам ова лето од 1 август до 30 септември за чистење канцеларии во Минхен и сакам да прашам дали некој го има ова работено и ме интересира дали се задоволни, колку одприлика е платата, дали е напорно и сл.Поздрав
Па и јас и брат ми сме во Минхен на истата дата и истата работа. Можеби во истата фирма работиме Како наоѓате сметување луѓе јас со денови барам на нет?
Јас сум преку контекст агенцијата а во која фирма незнам. Јас имам еден другар што ке биде таму и можеби таму ке седам. Пратив ти порака најди ме на фб ке се договореме
Дечки вака јас оваа година за прв пат аплицирам и да ви кажам мн ми е страв зошто одам прв пат, не го познавам добро јазикот и немам со кого да одам а не сум нашла ни сместување па сакам да ве прашам дали има некој што ќе иде во Минхен од 30 јули? Мене ми стигна некаков мејл за дали сум заинтересирана да работам во оваа фирма http://www.wackler-group.de/ и јас им одговорив дека сум заинтерсирана меѓутоа не прашав за плата и сл. ствари Ве молам ако има некоја феминка што ќе оди нека пише
Јас ке одам тој период само незнам во која фирма ке работам можеби и јас во истата, но јас сум преку контекст. Ке ти пишам кога ке дознаам во која фирма сум па може да се договореме.А за смештај многу е проблем, тешко се наога. Најди ја bubemconia на фемина и таа е во таа фирма и тој период
Јас сум преместена, ќе работам во МекДоналдс на аеродромот во Франкфурт. Ако има некоја за таму нека ми пише лп. Исто така, тие што бевте лани во Франкфурт, каде живеевте?
И јас сум за таму, ама по тоа што прашав не е најнај. Ке ти пишам во лп. Догодина да си знаете. Мене ми ја рекоа финтава и ми успеа. Ако сакате со некој да работите заедно во исто плико пратете документи. Ние тројца пративме и ни успеа