Јас за Коузон мислам и дека не посредуваат за визи, обрати се во Агенија Еси http://esi.mk/ или пак во Контекст http://kontext.mk/index.php?lang=mk Јас искрено дојдов во Германија преку Контекст, но многу е гужва кај нив, веќе престанаа да бараат смештаи, ама имаат преголем обем на работа и разбирливо е. Сега другар ми аплицираше преку ЕСИ и е мн задоволен, тој уште на првото Интервју во агенција добил понуда без Интервју со работодавец , а јас само за Интервју со работодавец чекав 1 месец.
Венера Кемаловски -КОШМАР Околу ноември месец си прочитав на Интернет Зимско вработување од Агенција Венера Кемаловски. Многу се заинтересирав, се информирав ми кажаа дека се работи 3 месеци во ресторани и дека солидно се заработува.Се пријавив со многу голем ентузијазам и желба за работа. Имаат повеќе канцеларии низ Македонија, јас аплицирав во канцеларијата во Скопје. Така започна мојот КОШМАР!!! Кога пристигнаа документите не повикаа да ги подигнеме. Отидовме таму беше газдата на агенцијата - ром(не дискриминирам никого, и јас сум од друга верска припадност). Ни ги даде документите, отидов дома и во документите видов моја потврда за студент заверена на факултет- јас НЕ сум студент. Им се јавив и ми рекоа дека не претставуваат како студенти. Замислете ни дадоа лажни документи. Најпрвин се исплашив, но другите кои аплицираа со мене ме смириа, ни рекоа дека нема можност да не откријат. На граница ни рекоа да кажеме дека сме туристи, јас така направив, но неколку лица се збунија на контролите и беа вратени назад во МК(исто недолжни лица, културни луѓе кои тргнале да заработат). Јас стигнав до Германија, имавме поблем со сместувањето беше мн далеку, работодавците мислеа дека сме студенти, еден од нас ги извести дека не сме, ни рекоа дека не ги интересира, ама ако не фатат ќе добиеме казна си одиме во затвор- тоа беше циничниот одговор кој го добивме, немале одговорност тие побарале студенти од МК. Се јавив дома, објаснив, се консултирав со моите блиски и по 3 дена одлучив да се вратам во МК. Сега сум во МК, барам легален начин да отидам во Германија, но морав да ја раскажам оваа приказна. Од агенцијата толку беа ажурни, што не знаат дека сум се вратила, не мора ни да знаат. Внимавајте, не верував дека може ова да ми се случи, сега истражив и гледам, кој всушност е газдата на оваа лажна агенција-ром препотентен лик -тој бил свирач на цигански свадби пред само година дена, сега станал газда со овие нелегани работи, еве ви снимки од него претходно, пазете се
Мoи две другaрки oтидoa преку истaтa и ете се имaaт слoбoдни денoви ич не рaбoтaт. А кoлешкa мoјa oтиде и и рекле немa смештaј пa тaмaн средиле вo еден ден и рекле немa рaбoтa и се врaти дoмa. Не јa препoрaчувaм В.К.
Јас ви благодарам што ги споделивте вашите искуства. За оваа агенција не ретко се слушаат лоши зборови во последно време. Мене ме интересира дали уште некој имал искуства со ЕСИ па да сподели?
Дечки зошто има два начина сега на закажување какви се овие национални визи? еве што пишува кога ќе кликнам Предвидената листа за регистрација е поделена на: - Виза за работа - Виза за приклучување кон семејството и за приклучување на деца - Виза за плава карта / ЕУ, стипендии, студенти
Реално вака и треба да биде. Лани лога аплицирав имаше нели само една опција а кога ќе кликнев за германските амбасади низ другите земји имаа повеќе опции за избор. Виза за плава карта и виза за приклучување кон семејство не ги кликајте. Ако сте студенти, студентска (пракса итн). Ако не сте, тогаш работна виза. Иако што и да кликнеш термини нема Патем, под национални визи сите спаѓаат..
Да и јас отидов кај нив во канцеларија во Скопје и кажав дека не сум студент и ми вика не е проблем тоа ќе средиме ќе те пратиме со студенти викам но јас не сум студент немам потреба заедно со студенти да ме праќате и ми падна сомнително,вика аплицирај во февруари е интервју викам да но треба на курс да се запишам како можам јас без јазик интервју да имам.Знам основа на јазик но толку добро не го познавам.Господи Боже нека е на помош на секој и не е мала пара тоа севкупно кога ќе видиш никој нема пари за фрлање и да оди од кејф...Ќе ги проверам и Еси и Контекст па да се одлучам
Поздрав до сите феминки! Мн одамна немам пишувано на форумов, а овој пат пишувам и сакам да добијам одговор од искуство. Значи јас веќе сум 10месеци во Германија со виза на година дена и ме интересира за продолжување на уште една година или повеќе таму што треба да се направи??
Мој совет ти е да си прашаш во Управата за странци (Ausländerbehörde). Можат таму да ти дадат доста конкретен одговор (мисла дека работата оди преку нив). Распрашај се уште сега и среди си на време. Со среќа.
Здраво Вероника, многу ми е жал што си морала да ги поминеш овие работи со Венера Кемаловски, јас напишав уште пред неколку месеци за катастрофалното искуство со оваа агенција, но веројатно не си ги читала коментарите. И јас се најдов во мн лоша ситуација поради нив, опаднав и психички, ама се ќе помине. Со овие видеа па што си ги поставила сфаќам зошто сопственикот е толку искомплексиран, ама ќе си го добие своето некој ден. Јас сакав да тужам ама сепак оставив да му се врати, нема да може да продолжи уште долго. Главата горе, што било поминало, за секој совет во врска со Германија обрати ми се слободно во порака, форумот е за да се подржиме.
Zdravo, Pred nekolku dena mi vratija mail od McDonald‘s za rabota kako student za leten period,potrebno e da ispratam celosna dokumentacija.Dali moze nekoj da mi objasni okolu dokumentive za potvrda od fakultet sto e potrebno kako i ostanative dokumenti.Podolu e del od mailot koj mi go isratija.
Треба да им испратиш по меил мотивационо писмо, биографија и потврда за студент дека си ( тоа ти пишале). Ако знае некој повеќе за ова, некој што бил или е студент и аплицирал нека ти каже подетално.
Фала на подршката, искрено сега се вклучив на форумот, и ги исчитав пораките и видов дека има пишувано негативно за Венера Кемаловски, ама ете се зафркнав веќе. Стресот кој го имав во Германија заради таа агенција е преголем, а оние кои останаа во Германија се уште под поголем стрес и страв да не бидат фатени со лажни документи. Инаку пратив една другарка да се распита во Контекст, а планирам деновиве да отидам и во Еси, видов дека си коментирала позитивно за двете агенции, па ќе те замолам во порака да ми напишеш малку подетално за твоите искуства. Фала ти однапред, пиши ми кога можеш
Гледам дека неколку од вас имаат пишувано за Венера Кемаловски и за ЕСИ па да ви кажам јас зошто најверојатно не сте запознаени. ЕСИ е новоотворена агенција, а ја има отворено или барем има некаков удел поранешна вработена во Венера Кемаловски во Штип. Требаше да одам јас преку Венера Кемаловски лани, кога сеуште беше вработена таа што е сега во ЕСИ. Бев на интервју и како демек се е во ред ќе одиш, ова, она потоа требало во Венера на курс да се оди како за да биде посигурно одењето, тие знаеле на што внимание треба повеќе да се обрати ( а се учеше од истата книга од која што учев и јас кај што одев на курс) само за да извлечат повеќе пари! Таа вработената занесување до недоглед, мислиш незнам што постигнала во животот како таа да треба да ги бира тие што ќе одат, и треба да си и благодарен за тоа, а не според тоа кој колку знае. Никаков впечаток не ми остави, буквално разлигавено девојче! Пробајте си ја среќата кој сакате и во ЕСИ може ќе и се допадне некој повеќе од мене
Здраво Вероника, ќе ти одговорам се што сакаш, слободно пиши ми што подетално те интересира, на сите се трудам да одговорам во пораките. Јас веќе еднаш пишував за моето лето преку Венера Кемаловски- после тоа можеби и го избришав коментарот бидејки беше пишуван во нервоза и некако бев изнапишала се и сешто. Ама морам да кажам дека приватно не знам каква е разлигавено девојче или не(а не ме ни интересира), искрено во МК и немавме мн контакт со неа-само на Интервју, ама јас многу ја почитувам девојката од ЕСИ, да не споменувам имиња ама веројатно е за истата. Се надевам не и удрило во глава тоа што е сега сопственичка. Ние имавме лани проблем со сместувањето, само таа не подржа и буквално не спиеше додека не ни најде нов смештај, ние за малку ќе моравме да се вратиме во МК заради тоа што газдата на аген. ни го сврте грбот. За што и да ја прашавме ни одговараше на време и стварно ми е многу мило што сега почнала сама. Имам другар кој аплицираше и не му кажала да оди на курс, се надевам нема да прави како што правеа во Венера- знаеме сите колку пари фрливме за курсевите, ама тоа е сосема др тема да не должам. Јас веќе имам виза за работа преку Контекст, тоа го имам кажано, ама морав да го напишам овој коментар, бидејки таа девојка од ЕСИ нас ни помогна многу, цел живот ќе и бидам благодарна. Сега ако ми се појави било каков проблем би можела сама да го решам, ама тогаш бевме прв пат во Германија, ако некој се нашол некогаш во таква ситуација ќе ме разбере колку ми значеше мене, а да не зборувам на моите дома, некој да ти помогне.
Фала ви за исцрпните одговори, посебно на Елена. ќе ти пишам се што ме интересира, па одговори ми кога ќе можеш бидејки имам мн мн прашања, јас се распрашувам сега детално за се, па ќе ви кажам кога ќе аплицирам и каде Контекст или Еси. Фала на подршката, стварно ова многу значи да добиеш совети и искуства од лица кои се во Германија.
Здраво, ќе сакате ли да ги наведете страниците преки кои може да се аплицира за во Германија, за лица со македонски пасош каде што се нуди работа со и без познавање на јазикот? Благодарам.