Женски мене ме интересира во формуларот за виза за во амбасада кај делот за живеалиште дали доколку го оставам празно ќе ми прават нешто проблем за визата. Мојот работодавец не ми обезбедува смествување јас сама морам да си најдам, сега барам меѓутоа додека не одам таму и не се договорам нема да сум сигурна да знам точна адреса.
Јас немав ништо одговорено на тоа поле, а и на некои други нелогични прашања. Ми немат направено проблем. Подобро празно отколку грешка пополнето. Можеш само да им нагласиш, па тие ќе ти кажат дали е во ред или не.
Девојки, не знам дали има посоодветна тема. Подолго време го следам т.е читам форумов но ретко пишувам. Ако се двоумите за избор на агенција вие или некој близок, избегнете ја Венера Кемаловски. Подобро не аплицирајте отколку да им дадете пари. Јас сум една од измамените, периодов запознав повеќе луѓе со истата приказна. Термини за во амбасада закажани, поминати, никаде договори. Бидете претпазливи,можеби на некој ќе му се усреќи, но нели не е поентата на среќата да се надеваме туку на сигурна работа како што ветуваат. ВЕНЕРА НИКАКО!
Официјалниот формулар за редовен студент за ЛЕТО 2017. Последна можност за преубаво лето, заработка и авантура во ГЕРМАНИЈА - ЛЕТО 2017 (БЕСПЛАТНА АПЛИКАЦИЈА) Услови за пријавување: - Статус на редовен студент - CV на германски јазик (цена за изработка: 300ден.) - Познавање на Германски јазик Плаќањето се врши по добивањето на договорот и дозволата за работа. Контактирајте не во порака на следната фб страна: https://www.facebook.com/studentenjobsingermany/
Здраво Ми имаат кажано дека Grömitz е многу, многу убаво, туристичко место. Јас од слики што гледав навистина ми се допадна и во последно се трудам да си најдам работа за таму. Ако не ти е проблем да ми кажеш како аплицираше ти? Дали им пиша маил на ZAV, или им прати дирек документи таму? Ако пиша маил - дали ќе може да ми кажеш на кој меил им пиша, пошто мене сеуште не ми имаат одговорено. Ако им прати по пошта - кога ги прати документите и после колку време откако ги прати те исконтактираа/ти вратија повратен одговор. Фала ти.
Здраво најпрвен И мене ми го кажаја истото се надевам на добар провод Иако уште чекам потврда си викам ќе биди Вака инаку јас пуштив документи од факс, преку пошта во ZAV ама сега за пуштање документи ти е касно пошто е месец април јас ги пуштив некаде не се сеќавам точно февруари средината мислам дека беше, само датум не се сеќавам. А ме контактираја на 3 Април, и имав и интервју со газдарицата ваљда беше таа на телефон. Али пробај си ја среќата пушти си, или прати во групата на Фејсбук ако се бара за одма да најдиш работа. Со среќа
Zdravo,ako moze nekoj da mi prati link kaj moze da najdam stan za smestuvanje vo Germanija...odnapred blagodaram....
Zdravo, Eve eden link kade mozes da baras, samo navedi go mestoto. https://www.ebay-kleinanzeigen.de/s-immobilien/friedrichshafen/c195l9211
Априј,Мај,Јуни,никого не слушајте.Директно аплицирајте ви фирми праќајте CV и документ од факс и договарајте со работодавецот.Јас пратив во Аорил,за две недели добив договор.Со среќа
Дали би можела да ми кажиш е маил од работодавци..прв пат сакам да одам ова година па не можам баш да се снајдам
Здраво, дали некој има искуство, во апликацијата за потполнување на визата на нивната веб страната, еден пријател, има пропуштено една бројка во пишувањето на бројот на пасошот, дали ке му направат проблем, бидејки терминот за виза е во јуни? дали е можно тоа се промени ако се напише маил на амбасата?? Благодарам
Не се залетувај во Венера, има измамено многу луѓе. Не си го губи времето и парите со нив....Пријателски совет Дечки, слушнав информација демек ради политичката ситуација у Мк моментално во Германија е замрзната постапката за работни дозволи за македонците. Дали имате некое инфо околу ова?
Има некој одено преку Каузон да сподели искуство? Колкава цена се плајка? Дали ви обезбедуваат сместување и превоз? Што е вклучено во цената што се плајќа? Дали е задолжително да знаеш германски? Или само нс интервјуто треба да се преставиш на германски?
Здраво, ова ми е прва година во Германија. Одам преку Контекст. Ме интересира ако може да споделите некоја информација за отварање на сметка таму, која банка е најдобра, кои документи освен пасош се потребни за пријавување во општина, како се вади санитарна книшка. И ако ви текне нешто што можеби сум го пропуштила. Фала
За пријавување во општина освен пасошот мислам дека не треба друг документ. Која банка е најдобра не знам, гледај која ти е најблиску. Санитарна книшка се вади во институција нешто како здравен дом или не знам како се вика, со претходно закажан термин и се плаќа околу 30е.(зависи до местото)Инаку за отварањето сметка, прашај прво да не треба да се закаже термин, ако можеш тоа телефонски да не би морала да идеш 2 пати.
Повеќето студенти вадат во Шпаркасе сметка, само кажи им дека си студент и дека остануваш за на подолго за да ти биде бесплатна сметката. Инаку и ING DiBa ти е добра опција оти скоро се преку интернет си вршиш и исто нудат бесплатна сметка за студенти.