Здраво, да ве прашам каде и преку што аплицирате, сакам да работам 3 месеци меѓутоа не сум студент.. Каква е процедурата знае некој ?
Прво да се пофалам дека денеска конечно ми стигна договорот за работа во Минхен. Летам на 31 јули Е сега ме интересира дали има на фејсбук некоја страница само за Македонци, кадешто можам да си најдам цимерка? Имам многу страници, ама со луѓе од цел свет...Првенствено сакам да барам девојчиња од Македонија..
Има ли некоj што е во Kulmbach / Bayreuth или поблиска околина? Ако има, слободно пишете Лп. Се гледаме таму.
Пробај во некоја од агенциите ако си за Мекдоналдс/Бургер Кинг. Инаку, вестите брзо се шират по социјалните мрежи. Деновиве запознав група кои аплицирале преку Венера, нова група измамени. Некои од нив иделе и на јазичен курс поради недоволно познавање германски, па дополнително плаќале..Внимавајте. Да не се повторува ова искуство во иднина, на сета сиромаштија некој ќе се богати..
Освен McDonalds i Burgerking, дали некој би можел да ми предложи други фирми каде би можела да аплицирам директно? Имам солидно познавање од германскиот јазик.
Лани другарка ми работеше во Häagen-Dazs како студент на три месеца ама неа и среди другарка. Можеш да се обидеш да аплицираш ама не знам дали се аплицира исто како во Бургер кинг и Мекдоналдс. Ако одиш преку агенција прашај таму, ако сакаш сама да си средуваш се, побарај некој меил да им пишеш на Häagen-Dazs или нешто слично.
Штом имаш солидно познавање на јазикот директно пишувај мејл на фирми. Студентски освен МКД/БК одат и во фирми за чистење објекти, друго не знам.
Здраво девојки, пред се да си ја споделам среќава со вас и да ви се пофалам дека го очекувам договорот (гарантно писмо) за рецепционерка за Германија. Дали некоја има искуство со оваа работа? Јас прв пат ќе го работам ова инаку претходно бев 1 год бебиситерка во кинеска фам. во Германија и се пријавив сама преку AuPair world. Плата женски од оваа работа нема но знаење на Германскиот јазик има. 250 евра џепарлак ти дава фамилијата, те праќа на курс по Германски, јадење и спиење во куќата, слободни денови имаш, децата или детето го гледаш дури се на работа и така. Јас прекрасно си поминав. Бев 1 год во Франкфурт во оваа кинеската фам. и запознајв мн Македонци а потоа 3 месеци во Хамбург во Германска фамилија.
Зависи за кој како.. На неколку мои другарки како студенти ќе одат преку нив. Ама имаш и др агенции Контекст, Еси за др нз
Можеби, но имам слушнато и за луѓе кои отишле до таму, и на лице место им било кажано дека немаат потреба од работници. Ако сте дел од групата Македонци во Германија деновиве има постови и коментари околу Бошко Васев. Сигурно сте слушнале за него. Не знаев ни јас. Пазете
Ќе одам Германија ова лето за работа на островот Балтрум па ме интересира дали некој бил до сега таму или ќе оди ова лето? Искуства нешто?
Decki edno prasanje... Dali ako si vraboten i plus student i apliciras kako student moze da imas problemi so viza vo ambasada?