Работа во Германија

Дискусија во 'Барање работа' започната од happygirl, 3 ноември 2011.

  1. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Имате ли некој совет, вие поискусните, за нас што прв пат одиме во Германија што би сакале вас да ви го дадат кога сте оделе прв пат? :D
     
  2. Eichhörnchen

    Eichhörnchen Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Не би требало да имаш никаков прогрем. Покрај тоа што си вработен ти си сепак и студент.
     
  3. Selinn

    Selinn Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам за работа студентски во Германија не ни требаше виза од амбасада туку само дозвола од ZAV, барем до лани така беше.
     
    На Arja и Eichhörnchen им се допаѓа ова.
  4. danniella

    danniella Нов член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    . Kade ke rabotis ?
     
  5. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Да така е, јас одам годинава на три месеци како студент и не ми требаше никаква виза туку само дозволата за работа. Е сега, како се стекнува истата не знам затоа што одам преку агенција и тие средуваат се.
     
  6. Selinn

    Selinn Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Самиот работодавец ја обезбедува дозволата јас веќе 3 години така одев.

    Да ве информирам сите кои наскоро имате термин за работна виза за Германија дека договорот за работа од работодавецот не треба да биде постар од 6 месеци кога ќе ги поднесувате документите. Јас денес бев во амбасада и сите документи ми беа Ок, но договорот ми беше од ноември па ми рекоа да им донесам договор со понов датум и тоа може копија. Мене среќа денес одма работодавецот ми прати нов договор по меил и средив. Самата службеничка на шалтер ми рече дека знае дека тоа се случува поради тоа што со месеци се чека за термин ама сепак дека мора да донесам нов договор. А јас 3 и пол месеци чекав за терминот :|
     
    Последна измена од модератор: 6 јуни 2017
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Дознав дека поставувале одредени прашања за здраствената состојба како дел од постапката за стекнување со санитарна книшка. Дали знаете кои прашања се отприлика? И дали секаде поставуваат или зависи од градот/подрачјето и сл.?
     
  8. Катинкче

    Катинкче Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    лагаа е ск

    ЛАГААА !!! нас не зафркна лани , Миле Костадинов стои од Радовиш , многу луге зезна лани и годинава

    ********************

    Здраво, кои автобуси ги препорачувате како најефтини , и дали можи да ми објасните како се отвора сметка , кои документи ти се потребнни? фала многу :)
     
    Последна измена од модератор: 6 јуни 2017
  9. Girl_Cat

    Girl_Cat Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Zdravo, pisi mi vo poraka ke ti pratam nekoj linkovi od prevoznici do germanija. Za banka dovolno e samo pasos, vednas ti ja otvaraat smetkata a kartickata i pinot ti stignuva na adresata kade sto si prijavena.
     
  10. kaRRma

    kaRRma Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    32
    Девојки дали мора да се има таа работна дозвола од ZAV? Бидејќи во известувањето за работна виза на нивната страна не е нигде напишана..
     
  11. Girl_Cat

    Girl_Cat Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво, некој да ми каже искуство од амбасадата кога се даваат документите. Јас имам договор за работа за 2 години во Mc Donalds, потполнети формулари, дозвола за работа од ZAV за 2 години, копии од пасош, сликички, диплома, договор за смештај. CV на германски јазик.
    дали прашуваат на германски и што прашања поставуваа?
    дали сигурно добивам виза со овие документи?
    Фала
     
  12. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Јас сум една од зезнатите преку овој.Да Миле Костадинов пред две години ни зема по 1000 ден да не средува документи и ништо требаше да одеме заедно со дечко ми.Не прелажа и тоа како така да преку овој никако.Мислам дека и оваа година ги има зезнато студентите
     
  13. Selinn

    Selinn Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство јас носев договор за смештај ама не треба ми рекоа, не ме прашуваа ништо на германски и покрај тоа што се погодив кај службеничка на шалтер која беше германка ме праша само дали може да ми зборува англиски зашто тешко и било македонски. Диплома никаква не ми побара и за 2 дена ми беше готова визата. Мислам дека нема воопшто да имаш никаков проблем и ќе ти дадат виза. Среќно :D
     
    На Girl_Cat му/ѝ се допаѓа ова.
  14. unicorne

    unicorne Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Јас годинава ќе одам да работам во Минхен од 01.07. но барањето на смештај оди многу тешко. Дали некој има контакт, бил пораново Минхен или годинава ќе оди да ми помогни.
    Благодарам
     
    На danniella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    12.723
    Пол:
    Женски
    И јас одам летово од 25 јули и едвај најдовме смештај..Имам многу групи на фејсбук кои би можеле да ти помогнат, ќе ти ги пратам покасно кога ќе си дојдам дома :)
     
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/rabota-vo-zara/48366
    Од Венера Кемаловски објавиле нов оглас за работа. Работата е во Зара, како што пишува на различни локации. Интересно е тоа што не бараат познавање на германски, туку само англиски јазик.
    Луѓенца, бил некој во Германија преку оваа агенција?
    Ваши искуства, впечатоци? :)
     
  17. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44


    Пишував и порано, ќе одговорам пак на постов. Заврти некоја страна наназад, не сум единствениот човек кој ќе ти каже СТОЈ ПОДАЛЕКУ ОД НИВ!!!! Значи, огласот го врти нон стоп, секој ден скоро. Демек нема доволно заинтересирани и не може да ги пополни местата?! Уште и нуди превоз до таму? Сомнително...
    Друга работа, не е потребно познавање на германски. Секој кој бил макар и само на летна работа во Германија, ќе ти каже дека германците си го ценат јазикот и на тебе ќе ти биде потешко доколку не знаеш германски. ;)
    Има и други агенции за работа во Германија, подобро обрати се кај нив. Со среќа :)
     
  18. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Знам дека и други имаат негативно искуство со нив. За конкретната работа, ми беше чудно и мене зошто не бараат германски јазик. Го симнав од нивната страна тој формуларот за пополнување, катастрофа од грешки имаше. Имам читано и на фб дека многу луѓе зезнале со смештај.
    А кога сме веќе за превара. Пред некој период, ми нудеа работа во мек доналдс преку посредник. Платата 900 евра, а се работеше за Источна Германија. Ми беше чудно, заради тоа што ми рекоа дека нема потреба од интервју, ниту познавање на Германски јазик. Единствен услов дека договорот за работа бил цела година.
    Вакви работи нормални се?
    Колегите од факс, на катедрата германски заминуваа преку агенции и услов беше познавањето на германскиот, барем основно ниво. Сега демек не требало... од вакви рекла-казала муабети си патиме.
     
  19. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    Грешки има дури и во објавите на фб :D, тоа е. Освен за смештај, има и луѓе кои дури и отишле таму и им било кажано од газдата дека нема потреба од работници. Кога бев во амбасада имаше пуштено луѓе со невалидни договори за работа, без печат/потпис. :^)

    Зошто плата 900евра кога тие што одат со виза,значи се осигурани, и земаат по 1100-1200? Како може да е фиксна кога таму си платен од изработени часови, а не секој месец ќе имаш исто изработено? Не е логично.

    Освен ако немаш таму некој роднина/сигурен пријател кој би ти помогнал со наоѓање сместување и слично, па да си бараш сам/а работа и да си ја бркаш цела процедура, иди преку агенција барем првиот пат. Сега веќе е касно за летната работа мислам. Можеш со виза, ако не студираш од есен. :)
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Па и ова беше со виза, ама визата демек траела цела година. Барале работници од Македонија, (читај евтина работна сила). Од тоа малку и непрецизно што ми го кажаа, као демек фиксната плата била 900 евра, ако работиш дополнително часови се покачувала. Знам дека е сега касно, мене ми беше сумљиво сето тоа и затоа не прифатив. Освен тоа, јас немам никакво познавање на германски јазик и не знам како би се снашла таму. :D
     
    На devojka54 му/ѝ се допаѓа ова.