Очајот за материјална сигурност и подобра иднина, прави да бараме неконвенционални методи за вработување. Пишувам неконвенционални, за да истакнам дека се што прават овие наши агенции се коси со правила и закони. Впрочем, една од причините поради која се зачленив на форумов беше токму таа, да апелирам за една голема измама. Тоа што го пиша за лажните профили на форумов и за личности кои биле “презадоволни“ од некоја треткласна агенција, не е ништо ново и истото го имам и јас забележано и за други агенции. Штета е што некои луѓе паѓаат на лош маркетинг. Време е да се соочиме со фактот дека ова е бандитска држава и дека секој би те украл ако му дадеш шанса за тоа. Тие вработените во агенции се тешки лигави суштества, кои знаат дека работат противзаконски, ама си ја прифаќаат таа улога. Крадење и лажење е нормална ствар. Се надевам дека еден ден ќе се заострат законите, па тие таквите ќе си ги стават агенциите под клуч. А реално, многу од нив треба да платат високи казни. Девојче, ако го знаеш германскиот и имаш работно искуство барај сама работа. Сепак припазувај, затоа што и на нет има лажни огласи. Нема да биде лесно, ама барем ќе знаеш дека нема да зависиш од никого.
Ова ми беше буквално првпат да се обратам на агенција (воедно и последен пат). Секогаш на позитивните критики и реклами гледам со резерва, меѓутоа, бидејќи неколку мои колешки успешно заминаа на летна работа во Германија, си помислив, зошто и јас да не пробам. Затоа и не го очекував овој исход. Како и да е, од грешките се учи. Едно искуство повеќе. Веќе аплицирав сама и од првпат ми успеа, и секој ден очекувам да ми пристигнат документите. Целта со објавата ми беше да ги предупредам другите. Патем, ти благодарам за добронамерните зборови и секое добро. ☺
Здраво на сите имам едно прашајне дали некој бил во ситуација да чека подолго време работна виза за германија јас чекам и уште двајца мои колеги вејке три седмици а предходно што беа колегите истите визи ги добиваја за два до три денови ви благодарам
здраво сакам да прашам дали некој знае дали треба познавање германски јазик некое ниво за да ми одобрат работна виза?
Ne nikoj nebara vo ambasada poznavanje na jazik biten e dogovorot za rabota i sustimungot so potpolneti aplikacii samo prasanje kolku ke cekas jas cekam vejke tri sedmici
Сакам да прашам нешто...Гледав кои се потребни документи за поднесување на студентска виза за во Германија, меѓутоа бараат некое гарантно писмо...Јас имам роднини но не сакам да ги оптеретувам со тоа бидејќи ми е страв да не им ја блокираат сметката нивна...Во план имам и да учам и да работам таму бидејќи ми рекоа дека со студентска виза може да се работи колку-толку да си вадам за да си ги платам трошковите. Дали би можела јас во амбасада сама да си гарантирам за себе или некаква друга можност????????
пред се мораш да имаш документ каде одиш и каде ке престојуваш зависи за што ја бараш визата за студиранје или за работа доколку ја бараш за студии мора даги ангажираш твоите роднини да ти направат гарантно писмо дека ке бидеш сместена кај нив и дека можат дате издржуваат и тебе како член на семејство нека не стравуваат од блокиранје сметки тоа неможи дасе случи доколку е се во ред
Ќе престојувам во интернат а ми рекоа дека со студентска виза имам право да работам,па така планирам да си го плаќам интернатот и факултетот.Роднините би ми дале но дали треба да даваат нивна сметка сепак тоа е приватност не знам како да постапам не би сакала да ги ставам во незгодна ситуација заради мене...Се плашам да не им повлечат пари од сметката јас имам нешто настрана тргнато но бараат 8000евра на сметка
Најдобро би било мое мисленје да одите во мекдоналдс или бургер кинг каде што секогаш имаат потреба од персонал даја најдите прво работата па потоа да аплицирате за виза така да тогаш нема никаква сметка дави бараат
Како би и го прифатиле, кога студентска виза е една категорија која првично е наменета за студирање, а не за работење. Додека пак договорот е потребен при работна виза... За студентска виза не знам како без да прикаже средства би ја добила 3 поткатегории на студентската виза имаше, во зависност од намената. За јазични курсеви, за тие што се веќе прифатени на некој универзитет (писмо се приложува) и за оние кои се во потрага по универзитет(потешко се добива)
Да, може. 660 евра за месец беше последно(сега може има измени). 12 месеци •660евра треба да имаш на сметка. Тие се замрзнати, со тоа што месечни смееш да вадиш само 660. Они пресметале дека таа сума е минумум за да преживееш и мора да докажеш дека за секој месец од таа година кога ти дале виза имаш по 660 на располагање. И да ги извадиш и потрошиш за наредна виза, наредна година, е пак иста процедура. Се на се, без пари на сметка, која е замзрзната, нема виза. Како студент смееш да имаш мини џоб до 450 евра. Ама за тоа ти треба првен виза, а за виза ти требаат пари на сметка.
Не. Во темите за студии во Германија го имам споделено сопственото искуство и целосно ја имам опишано процедурата за матрикулурање на факултет.
Здраво дали некој има слушнато за оваа компанија и дали некој има аплицирано или се лаги со опашки?? https://vraboti.se/announcements/view/TGFIIGO-Vrabotuvanje-vo-Germanija
Здраво девојки, имам завршено средно медицинско и сакам да одам да работам во Германија(Медицинска сестра). Ќе може ли некој да ми ја објасни процедурата.
Јас ќе аплицирам октомври бидејќи сеуште учам германски јазик па сакав да ве прашам дали некој има искуство со еси
Средно медицинско тука учено во Македонија во Германија не се признава. За да работиш медицинска сестра во Германија мора да имаш најмалку Вишамедицинска школа бидејќи со средно ќе треба таму да учиш и да полагаш некој испити и мора да имаш Б2 степен на јазик, бидејќи без Б2 јазик немаш никакви шанси за работа како медицинска сестра