Ако има договор од работодавец треба да закаже термин за работна виза во германска амбасада. Се чека за термин по неколку месеци. Од документи треба договорот за работа, дозвола за работа од ZAV, пополнета апликација, копија од пасош и две слики (види подетално на страната на германска амбасада).
Нема од тоа ништо. Спинови. Ако Германија ги отвори вратите тоа ќе значи миниум 10 милиони Балканци кај нив и европски плати во Македонија пошто ќе нема кој да работи
јас во една група прочитав дека овој предлог закон бил предложен во партијата на Меркел и останува да се види дали сето тоа ќе биде прифатено.
Може ли да ми кажете како оди то со данок на државата што се плаќа од платата? То е месечно или годишно ?
https://vraboti.se/mobile/view/TGGFLHL-Magacioner Што мислите за огласов? Ве молам повеќе мислења,би ми биле многу од помош.Другарка и братучедтка сакаат да идат.Човекот им се јавил им рекол со превоз да отидат во Софија понатака он ќе ги презел.Иделе од Скопје 30 луѓе.Секој совет плус би ми бил од помош!!!
Лага еее ги има на групата Македонци во Германија на Фејсбук многу излажале , ги однесле во Германија и немале ни смештај ни работа.
Гледав сега некои огласи на Пазар 3, има објавено за работа во Германија, едниот контакт оставен е под името Меркур, а другото Космос, не сум се јавила сеуште, сакав да ве прашам вас за мислење на ваквите огласи ?
Студентка сум, и заинтересирана сум летово да работам во Германија. Кои се добри агенции во Скопје да ми препорачате? Ако има некој/а што веќе бил/а за подетално може во ЛП. Благодарам
Знае ли некој дали факултетот Кирил и Методиј го признаваат во Германија? Јас студирам биологија, ама дечко ми работи во Германија подолго време, па се прашувам ако го завршам тука факултетот дали би можела таму да се вработам нешто со биологија? Инаку знам германски солидно да се каже плус сега ќе одам на курс за да го усовршам
Признаваат знаење во Германија. Ако им се покажеш и ако им требаш не им е битно од кој универзитет си.
Здраво, ова лето сакам да работам во Германија, ме интересираат некои работи за кои што прочитав наназад повеќе страници, ама што повеќе читав се понејасно ми стануваше. Имам неколку прашања и доколку некој одвои време да ми одговори ќе бидам премногу благодарна. 1. Дали можам да работам 90 дена без виза или за работа задолжителна е визата? 2. Доколку е задолжителна дали најпрво се наоѓа работа, па потоа се оди во амбасадата? 3. Дали работодавците те пријавуваат во ZAV или го правиш тоа самиот? 4. Дали таму се отвора сметка за исплата или тоа се прави тука? 5. Дали можи да се оди без агенција и кои документи би ми требале за целата постапка? Доколку некој смета дека има некоја важна информација што би можела да ми се најде, ќе бидам бескрајно благодарна.
Одговор : 1. Да, мора да имаш виза според европските закони на територија на Ey. 2.Договор за работа како основ за добивање виза(не сум 100%) 3..Зависно од способноста на правната служба на фирмата. 4.Се разбира дека таму, освен доколку сакате тука да си ги оданочите парите и да контрибуирате за нашиот пензиски и здраствен систем(личен избор) 5. .....Немам одговор