Скоро и да ги познавам Сашка и Христина како ги тука опишувате. Anashtip и сама признаваш дека има лоши и добри искуства од секаде, ама хипокритично многу да го наоѓаш само доброто во таа агенција што си ја сакаш и да се лутиш кога некое девојче нешто каже против, а ваму бетер од гомно ја направи другата девојка/агенција што не ја сакаш. Не ги знам ни едната ни другата девојка/агенција, ниедна не величам, напаѓам или бранам, ама како очекуваш некој да ти ги земе препоракиве за агенцијата што ти си ја сакаш кога вака се однесуваш на темата? Да не те тепа параноја, не сум ни јас таа Христина
За оваа Христина збориш? Дечките што отидоа вчера, денес се назад дома. Меѓу кои беа и неколку мои пријатели. Знам дека одеа преку некоја Христина која им држеше и курсеви. Да, им организираше и лет до Дизелдорф. Внимавајте со кој си имате работа, не сте свесни што преживеале овие студенти за овие 24часа. http://www.fakulteti.mk/news/12-05-31/s ... ldorf.aspx
Не е агенција, само една девојка е кој знае дали воопшто има регистрирано нешто како фирма. Им зборев цело време додека "аплицираа" ама тоа е. Им даде некакви договори демек да потпишат пред 2 недели и им кажа кога заминуваат. На аеродромот им кажале дека немаат потпис од работодателот на договорот и не ги пуштиле. Им барале 2000евра да прикажат за да ги пуштат како туристи. Летот евтин им беше, да, ама скапа прошетката до Дизелдорф. Ги третирале небаре со потерница ги бараат. Ги испрашувале сите. Умешност е да излажеш 35 души. Не е фино што ќе го кажам ова, ама да сакаш да работиш во Германија без да знаеш јазик, па макар и за во сендвичара, треба да си многу смел. Еве ја Америка, бар таму се знае ако не го поминеш интервјуто на англиски во амбасадата нема да отидеш. Не се полакомувајте за помали трошоци, секако помалце пари ќе земете од Германија.
Ц ц ц, свашта еј! Што се може да се случи. Имаше и една феминка што требаше да оди преку Полиглот, т.е. Кристина. Да не е и таа меѓу вратените? Инаку, не се лакомиме сите заради помалите трошоци да одиме во Германија. Едноставно, не сите студенти имаат доволно пари за да отидат во Америка. Не секој може без проблем да даде околу 2000евра за да ја види Америка. И затоа ако може барем до Германија да отидат, зошто да не. Ама не вака со лаги и превари како погоре наведеното.
Женски јас сакам да одам, но не преку агенција ама зборче не знам Германски Имам некакви шанси за работа? Или за секое работно место треба да се знае јазикот?
Се надевам дека сега ми разбираш која ми беше намерата кога ти пишав минатиот пат. Се надевам не си пошла и ти со нив.
Јас сега ќе ви кажам што точно се случи, затоа што случајно се погодив тогаш во нејзината агенција, кога почнаа фркиве да се дешаваат. Значи во тој момент се јави еден од студентите кај неа, дека не ги пуштаат. Знаете зошто?? ЗНачи изреволтирана сум од ова што го пишале во медиумите зошто не е точно! Некој паметен кога стигнале на аеродромот и кога ги покажуваат пасошите, овој господинот кретен го ставил и договорот во пасошот!! На договорт немало печат, им били ветено од страна на работодавците дека кога ќе стигнат ќе им удрат печат. Во моментот бев во агенцијата баш се погодив кога се дешаваше ова, значи никој не бара договор по граници или на аеродром!!! Јас бев лани, ние имавме само копии од договорот, и никој не ни не праша што барам во Германија, имам 3 месеци право да престојувам во друга држава!!! Работодавецот тргнал за на лице место да им стави печати, ама веќе му кажале дека се депортирани. Крив е идиотот што ги зафркнал на сите што го ставил договорот. И нормално се посомневале, гледаат деца што им викаат еј дојдовме да работаме. Па кај го има тоа? И од Контекст нека не јадат многу трици, затоа што лани имаше во нашата група дете што го пушти со нас да иде без договор, демек не му бил стигнат договорот и ке му го даделе таму. Тикви. Месец и пол седеше без да работи, договорот му го дадоја 2 недели пред да си заминеме. Ете точно беше вака, зошто бев сведок, јас и една колешка Какви работни визи и бакраче пишале уште, ни од контекст не прават работни визи затоа што имаме право 3 месеци да бидеме надвор од државава, освен ако не се работи за Америка таму бараат визи. Кои глупости им се случиле затоа што се сами криви. Што кажуваш на германци без да те прашаат зошто си таму. На шетање одам, имам право. Катастрофа. Ги пуштила а не знаеле германски? Па дечки, САшка од Контекст исто така пушта студенти што абер немаат. Ви кажувам лани во групата од 15 души, само 3-4 знаевме германски!! Сашка пушта илјадници студенти, што, сите илјадници знаат германски? Абе како да не. И јас не знам како одам без да знаат јазик, ама сами на ризик се ставаат. Работодавецот може во секој мо мент да ти каже да си ги спакуваш куферите ако не знаеш А да кажеш. И потпишана и е агенцијата како фирма, легална е, нас ни ги покажуваше документите. Полиглот се вика.
Инаку за во Америка не сакам ни да коментирам, колку се жалат од таму со мали плати и скапи се сместувањта. Во Германија земеш плата по 1800-2000 евра месечно, а за смештај плаќаш месечно до 200 евра. Па сега ти види за каде ти се исплаќа повеќе. Како што рече хепигрл, немаат сите можности да одат во Америка зошто по 2000 евра отприлика плаќаат на агенциите, а патот колку е, 1000 долари? Сместувањата скапи....И дали ќе можеш да ги вратиш парите прашање. Јас знам германски студирам на германски, и секако дека би отишла во Германија отколку во Америка. А дека пуштаат од двете страни студенти што не знаат германски пуштаат, не е само тука. Си одат на свој ризик, зошто работодавецот може во секој момент да ти рече да си ги спакуваш куферите, зависи каков ќе ти се погоди. И тоа што ги депортирале не е за неколку години да не смеат да влезат од Германија, туку дека ја напуштаат државата. Некои од нив сакаат пак да одат летово, зошто не е крива агенцијата.
А бе што се расправате кој е арен кој не е. Најубава работа аплицирај си директно преку ZAV , со еден смотан курс па знаев да ги пополнам документите. И ти кажуваат одиш, не одиш, ако не одиш здравје повеке срека следниот пат. Мислев дека предноста кога одиш преку наша агенција е што можеш со друштво да одиш на исто место, ама ете ние тројца во исто плико ни рекоа да пуштиме документи преку ZAV и пак сме на исто место. А преку Контекс има деца што одат само со еден степен курс што поминале како мене, макар што и тоа е доволно јас како што знам нема ние таму на рецепција да работиме којзнае колку да ни треба јазик. Е сега не чини па и да не знаеш да пекнеш, јас така не би отишла.
Ова ми е последен пат да коментирам на форумов, ама морам уште ова да го кажам... Девојко дали знаеш што зборуваш???? Како може работодавачот да им удри печат на лице место???? Ова е веќе смешно... Розевите листови прво ги пополнува рабортодавачот, удира потпис и печат и ги праќа во ZAV на одобрување. Значи печатот од ZAV е амин... Откако тие ќе удрат печат се смета дека е се готово... Кој те лаже дека работодавачот сакал да отиде на аеродром и да им удри печат... Алооооооооо.... Грешката е фатална, немој те молам да се обидуваш да ја оправдаш... Ама и на студентите исто така... Каде тргнуваат без работна дозвола??? Во оваа работа нема ветувања, извини... Да, точно е дека може да се оди со копија од договор, секој студент има број, штом покажеш дека имаш било каков доказ со себе што ќе правиш во Германија, никој нема да те врати. Ова е почетничка грешка и нема никакво оправдување. Велиш дека бил глуп студентот што го ставил договорот во пасошот, а каде треба да го стави? Па тој и оди во Германија врз основа на тој договор, и треба да го покаже на граница... Барале или не договор на граница ти си должен да го имаш.. Студентите немале воопшто розеви листови со себе... Алоооо !!! Точка...
Anastip од авион се гледа дека работиш во Контекс или имаш некој профит. Кој ти вика дека работодавачот не може таму да ти удри печат? еве мене ми стигна маил од фирмата дека таму ке го пополнам договорот. Второ, премногу си информирана за да бидеш само обична пријателка на Контекс, од кај го знаеш Ивица кога кај него десетина луге само аплицираат па ретко кој го знае. Значи мора да се бавиш со таа работа за толку добро да знаеш преку кој и како се аплицира.
Анушке од Штип, лично јас ти потврдувам дека лани со нас имаше во групата студент, не му беше стигнат договорот, го пушти така му рече да оди таму се ќе се средело, а таму не било нешто во ред со договорот, така што студентот 2 мѐсеци си седеше во Германија чекајќи го договорот, и го доби 2 недели пред да си отиде. Во хотелот стоевме сите 15 души во соба кога беше состанокот, и ова му го кажаа, дека не смее да работи додека не го добие договорот. На која основа го пуштиле од Контекст да оди? Аха! Значи направиле грешка. Ок, се случува, ама признајте мајко му. А ваквите пропусти од Контекст не ги кажувате, така? Исто и на нас другите, ни кажа дека таму ќе ни ги даделе договорите, ние заминавме без договори, само копија некаква. Е ајде сега? Така да јас мила Ана, лани работав 2 месеци и не видов никаков договор лично во рацеве да го држам. Не ни ги видов!! А башка што не беше ништо според договорот, 8,55 од саат, а работевме по соби. Можеби ова било пропуст од некој друг, ама студентите ќе ја криват агенцијата нели? Многу ме нервира што не прифаќате конкуренција, ако е за така што да прават агенциите за Америка, ги има повеќе низ Македонија, да се испоубијат? Како не сте пуштале студенти што не знаат германски, кога во нашата група имаше што појма немаат? Барем бидете искрени, и не правете се 100% совршени, зошто и да сакате тоа не е можно во реалноста. Човечки е да се згреши, ама не, вие сакате да бидете богови. Епа нема. И да, не сум будала да покажувам договор на граница ако никој не ме прашал!! Што ќе беше ако тој студент погоре што го спомнав што го пуштивте без договор среден, што ако тој на граница кажеше "јас идам да работам, ама немам договор, таму ќе ми стигнел кога тогаш " -Со тоа ќе ви направеше огромен проблем во агенцијата , нормално. Зошто да кажувам дека одам да работам во Гермнија, кога знам дека нема да ме пуштат додека не проверат дали е легално???!! Зошто да се изложувам на такви тешкотии, да се чека на граници, па проверувања, стрес , јавувања... кога фино лепо давам пасош и чао. Евентуално ако прашаат што барам во Германија, фино лепо си кажувам одам на екскузија, одам на прошетка, одам кај тетка ми... ако сте рекле одам за работа, бидете спремни дека нема да ве пуштат додека не ве исцицаат и да го проверат секој можен податок. Ме нервира што се правите 100% совршени, а не сте , што е и нормално и човечки! Кажувате едно , а сте направиле друго. Као божем ние со договорите тргнавме лани, јеа мај ес, па сега ќе делите памет како заминале без договори??? А вие истото го направивте. Како оделе а не знаеле германски? И вие тоа го правите со 50% од студентите. А сигурна сум сега дека по ова, ни вие ни тие нема да пуштат студент без оригинал договор да тргне за Германија. Некој ќе научи од своја грешка, некој од туѓа, како вие.
Еве што се случи со 2 деца на една моја колешка. Студираат во Штип и преку некоја девојка која пар пати била во Германија и работела како студент повлекла канали од работодавци со надеж дека од овдека ќе регрутира студенти за работа таму. Значи ниту имала регистрирано фирма овдека ниту ништо. Сигурно е таа истата за која зборувате затоа што децата ги вратија од граница. Ги вратиле затоа што ги прашале за што одите и овие си кажале ,,за работа,, а со нив немале никакви договори ниту пак знаеле нешто да кажат на германски јазик. Како и да е, пазете што и како аплицирате има многу диви агенции што бог знаеш што се во позадина. Некои пак собираат само пари и метла никаде ги нема.
Koj rece deka ne rabotam za niv.... Non stop im prakjam studenti i tocno znam kako se odviva rabotata... Pa vekje kazav deka mi se mnooooguu bliski...
Хахаха не бе мила и ти ич не лажеш ти се сопира. Еве пред две страни си напишала дека не работиш за Контекс а сега инаку пишуваш. А каква си ти вработена таму кога ги нарекуваш студентите што доаѓаат сељачана еден куп . Никој овде нема ништо против Контекс а ти си се зачленила овде за да ги рекламираш. Е па да ти кажам тукушто им ја удри најлошата реклама на Контекс со своето ниско ниво на дискусија.
Познавам луѓе што не знаеја ништо од јазикот, другарка беше за чистење објекти, никогаш не учела германски ни на курс. Лани тие што беа со нас не знаеја, чистевме во хотел. Единствено за овие би можела, ама јас те советувам со вас да има некој што знае германски, не е само чистењето. Треба барање плус сати, треба пријавување во финанцамт таму дека сте работници, а за тау ви треба германски. Јас би те советувала да одиш на некаков курс барем неколку месеци пред да заминеш. И одиш на ризик, работодавецот може во секој момент да те избрка, зошто има причина, не им го знаеш јазикот. Кој како среќа ќе си има. Во мекдоналдс и бургеркинг и во старечки дома ти треба обавезно знаење јазик, и тоа подобро. За чистење објекти не баш, ама ти реков подобро посетувај курс неколку месеци, па потоа аплицирај си таман во Октомври преку агенција.
Од сите перипетии годинава, јас решив дека додека не шпрехам солидно германски, додека не ми пратат договор за работа со ПЕЧАТ, не најдам смештај од овде и тргнам со целосна документација која потврдува дека одам да РАБОТАМ а не како турист... Јас од овде не мрдам! Макар и по цена да си останам цело лето дома. Како што го читам ова, воопшто не ми се свиѓа! Зошто да тргнеме како туристи ако одиме да работиме? Со Германци ли ќе си играме мајтапи? Па еден ден од глава да ми се мавне тоа, па знаете ли какви процедури има за визи во другиве земји, Австралија, Канада, Америка, до ронче те проверуваат што и како. Па може и ќе ми дадат виза некој ден ако сум работела полу-легално во Германија. Како може во една организирана земја каде што се е со месеци унапред резервирано и организирано, ние Македонциве да сакаме да најдеме сместување недела-две однапред? Работава нече мочи така едноставно кај мене да пројде. Пак ќе речам, за илјада евра да ми испаднат низ нос, не фала. http://www.fakulteti.mk/news/12-06-02/r ... uruck.aspx Сега го читав ова, и јас заклучив дека е најпаметно да пробам да аплицирам сама преку ЗАВ. Не се разбирам како оди сето тоа, немам протарашкано, но ми се милион пати посигурно отколку која било друга македонска агенција.