Работа во Германија

Дискусија во 'Барање работа' започната од happygirl, 3 ноември 2011.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    8.766
    Пол:
    Женски
    Зависи, ако брачниот другар е со БГ пасош нема потреба од серификат, ама треба други услови да бидат исполнети во Греманија, на пример: стабилна работа, обезбеден стан, здравствено осигурување..
    Ако сопругот ти е со МК пасош тогаш се оди со виза и ти теба јазичен сертификат.
     
  2. Baby♡

    Baby♡ Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки случајно ја видов темава и навистина ме заинтересира. Бев на интервју во Контекст и рекоа ќе ме известат. Конкурирав за работа во Хамбург, си прашав се што ме интересираше, но заборавив да прашам дали платата ја даваат како дневница(секој ден) или на крајот на месецот?
     
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Многу мои колеги лани заминаа да работат во Германија, годинава и јас би сакала да аплицирам...
    Некои заминуваат преку луѓе кои им ги посредуваат документите. Многу имаат негативни искуства, и некако ми е страв и мене...Германски не знам воопшто а со англиски сум добра. Е сега разбрав некоја информација демек овие што ти посредуваат им пишувале на работодавците во твое име и кога ти стигни договор за работа му плаќаш околу 200 евра и тоа е тоа, тука завршуват со тебе.. Е сега сакам да ве прашам дали постои можност сам некако да си најдеш работа , дали има некои огласи. Би сакала некој кој е поупатен да ми ги објасни овие работи...
     
  4. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Бараме со дечко ми работа за во Германија, за студенти.
    Најдовме некој на фб - Работа за студенти во Германија, и ни пушти нешто како потврда да потпишеме дека сме студенти, ама некако не е сигурен, не се открива кој е и не гарантира никако дека е сигурна работата. А има доста убави понуди, барем така кажа за собар/ка, помош во кујна и такви слични, без познавање јазик.
    Бевме во агенции Кузон и Контекст ни бараат јазик, па ќе имало тестирања, па ова, па она.
    Дајте некој нека каже искуства што бил преку некој човек или агенција, да не бараат јазик, и да се сигурни.
    Фала.
     
  5. Niki5

    Niki5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, јас сум нов член на форумов, па би сакала доколку и вие сакате да размените мислење и ваш став на оваа тема. Завршив средно медицинско при " СМУГС Панче Караѓозов " смер медицинска сестра , исто така завршив и висока школа "Уким Медицински факултет " - смер медицинска сестра . Имам голема желба и мотивација да отидам конкретно во Германија, пред све да не се лажеме затоа што е платено, потоа затоа што сметам дека има подобри услови за живот, затоа што таму професијата како медицинска сестра е далеку поценета и попризнаена од тука , затоа што пред све таму те третираат како човек а не роба итн. Имам познавање на Германски трет степен А2.1 и знам дека не е доволно но планирам да продолжам таму на курс затоа што и онака е задолжителен . Би сакала некој да сподели искуство доколку е таму , на пример кои документи се потребни , на кој начин или преку која агенција е отиден, како е со кирии , станови, колку време е обуката ... И секако доколку некоја феминка има слични планови како мене ќе ги удружиме силите па може и заедно да заминеме . Би ни било од помош и на двете. Се надевам дека ќе споделите мислење и искуство на оваа тема . Поздрав
     
    Последна измена: 24 декември 2017
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    А2 или Б1 мислам дека пошто веќе има и падежи таму и повеќе вокабулар и граматика.
     
  7. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.468
    Пол:
    Женски
    Плата месечна.

    Никој во Германија нема да те прими без да знаеш да гукнеш. Човек што не кажува кој е ви нуди работа. Ај жити се не се лажете, нема шанси.
    Иначе тестирањата не се воопшто сташни, не бараат да знаеш се туку основни работи. A и да отидеш како ќе се снајдеш таму?
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. female32

    female32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    здраво феминки дали некој знае колку време се чека виза од гер амбасада? терминот го закажавме на 3 ноември за 11 јануари сега нз колку време се чека изавањето на визата ако некој знае ве молам кажете ми битно ми е ве молам ..фала
     
  9. Bella15

    Bella15 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Drugar mi cekase dve nedeli.
     
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
  11. Perverzna&

    Perverzna& Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Здраво да ве прашам кога го проверуваат знаењето кои прашања најчесто ги поставуваат и дали имаат шанси повеќето од пријавените да им дозволат да идат.. Ваљда не бараат многу? И писмено или усно е? Нека објасни некој повеќе што знае
     
  12. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    567
    Здраво :)

    Сеа семестаров заминувам на Еразмус+ размена во Хрватска на 5 месеци и таму ќе сум со дозвола за престој.Прашањето ми е, дали ќе имам право да заминам летово Германија на работа, зошто нема да има поминато 3 месеци од мојот престој во Хрватска.
     
  13. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    16.921
    Пол:
    Женски
    Здраво.Да ве прашам во врска со пополнување на апликација за работна виза.Дали треба да е испринтана апликацијата и рачно пополнета или може и компјутерски да се пополни?
     
  14. Катинкче

    Катинкче Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите ми треба мала помош , добивме договор за 6 месеци и покана за работа од фирма во Германија, закажавме термин во Амбасада за виза на 6 месеци , даали некој во скоро време вадел и знае што се е потребно да се носи на интервјуто , ви благодарам
     
  15. StRoWbErrY

    StRoWbErrY Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Дали некој кој имал искуство со Контекст може да ми каже отприлика што прашања поставуваат,дали има писмен дел или усно е интервјуто.
    Ви благодарам:)
     
  16. Flamur

    Flamur Нов член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите
    Јас веќе имам виза за 3 година ме интересира дали може да сменам фирма или треба повторно да аплицирам ?
     
  17. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Братучетка ми се вработи скоро беше без јазик со мк пасош преку некој дечко од струмица. Знам дека дечкото бесплатно посредувал за интервју во некоја Германска агенција. Единствено што наплаќа е за превозот до Германија. Големо браво за вакви луѓе бидејќи најискрено ни роднина не би го направил тоа да те шета од таму до таму за да аплицираш и да те врати дома.
     
  18. meli mon

    meli mon Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    здраво феминки сакав да прашам некое време се врти еден оглас за работа во германија па решивме да аплицираме со мажот ми ама некако не ни нешто сигурно , дали го има некоја видено огласот , нема мејл за аплицирање само некој германски viber број!!!!! ве молам за помош!! тхк.

    https://vraboti.se/announcements/view/TGGONON-Magacinski-Rabotnik
     
  19. Инннана

    Инннана Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво да прашам како да си го вратам данокот од Германија што работев како студент,некој да ми пише каде да поднесам документи
     
  20. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Знаете ли што понуди имаат Каузон за работа во Европа како студент, само да не е Германија и доколку некој бил како е задоволен?