Мој пријател беше отиден пред две години, на своја рака, на работа во Грција. Значи си отидоа на еден остров, незнам кој и си најдоа сами работа во некое хотелче. Беше релативно задоволен, вика да работел по многу саати, заработил просечно, но и онака вика овде немав работа па ок заработив нешто. Но него проблемот му настанал кога сакал наредното лето пак да оди. На граница бел задржан, и држен цел ден во една просторија. Објаснувањето од граничарите било штом толку месеци си бил во земјата сигурно си работел на црно и сега пак одиш за тоа. И после цел ден држење го вратиле назад, беше доста истрауматизиран. Затоа многу внимавајте на вакви моменти.
Моја другарка сака со дечкои да оди ова лето, иако јас и викам дека не е заработка како некогаш, имам пријатели во Грција и најдиректно знам каква е ситуацијата. Сепак, оние кои биле нека пишат кој период заминале и на кое место, и искуството од истото
И јас ова лето планирам да работам во Грција,но одам прв пат за работа па ако може девојки да кажете некое искуство, начин на кој аплицирате како може да се најде работа во Грција?
Девојки еве јас како жител на Грција можам да ви кажам дека ситуацијата моментално тука е од лоша полоша, работа нема, штрајкови секој ден, плати не даваат, 50% од жителите на Гр заминуваат во друга земја за работа, невработеноста е порасната мноооогу оваа година, така да јас искрено не би ви препорачала да доаѓате навака ако веќе планирате, подобро одете во некоја друга земја каде што е многу подобро, тука во Грција ситуацијата нема уште многу време да се оправи Беше толку дневницата, сега е намалена на пола од тоа и СИТЕ бараат работа, невработеноста е толку опадната во Грција и самите Грци се сложуваат на колку толку дневница отколку ништо. Еве јас лично да ти кажам, имаме кафич со мм и дневница плаќаме 15 евра на девојките, во 2 смени работат и се задоволни ама повеќе и не можеш да им плаќаш со оглед на трошоците кои ги имаме тука кои ги има премногу, сметки еден куп, секој ден се плаќа и плаќа и плаќа и на крај си во минус од работа и од се. Пред 2 години на пример кога беше сеуште добро, плаќавме 30,35 евра дневница, ако имаше многу работа плаќавме и повеќе ама денес и 15 евра се многу за дневница Пријателка моја работи во супермаркет овде во Грција и знаеш колку плата зема? 400 евра па сега ти види дали се понапредни Грците од нас, уште малку со оваа криза и бетер од нас ќе бидат
Апсолутно Калиас, се сложувам дека не е како порано, со пријателиве неминовен ни е муабетот за финансиските состојби на двете земји, ама сепак и покрај толкаво пореметување во буџетите и математиките кај Грците, неминовен е фактот што си пишала горе дека сега девојките за дневница кај тебе во кафич земаат по 15 евра, а јас ќе кажам дека моја познаничка зема дневница 7 евра во еден од попознати кафичи во центарот на Скопје, а верувај кај нас бакшишот е тенок. Дали 50 денари ќе собереш дневно... Ако една Кока Кола е 80, а си платил 100, 20 денати кусур се чека, такашто остануваат воглавном на таа дневница. Е во тој поглед пак повеќе се исплати да се работи таму, него тука. А конкретно за сезонската работа, мислам дека нема да се офајдат многу, не се дневниците како некогаш, туку сега со кризава ќе му дојде танте за танте, т.е колку да плаќаш кирија, јадење, пијачки и искачанки, односно да истераш неколку месеци на море, и 500 евра да си вратиш ќе е максимум, а тие 500 би биле оние кои си ги вложил и понел пред да тргнеш за карта, ситници од тука, кирија за прв месец... Такашто незнам дали ќе заработиш нешто од Грција.
Криза има, нормално, ама вие тука споредувате секојдневен бизнис (на калиас) со сезонски/туристички. Туристи пак одат на одмор во Грција, цените не гледам нешто да паѓаат, напротив, така да за сезонска работа се` уште мислам дека се исплаќа. Можеби не е како порано, ама сигурна сум 100% дека не е 15евра дневница на Санторини (пример).
Секојдневниот и сезонскиот бизнис се тука некаде, нема некоја голема разлика, ако споредуваш ти Санторини за место за заработка, охх тогаш ако не 15 евра ајде да е 25 евра дневница, плус стан да плакаш, плус јадење и пиење на островите е дупло и тродупло поскапо од еден обичен град во Грција и на крај кога ќе израчунаш си повеќе во минус отколку што можеш да спечалиш
Јас работев сезонски, во град кој живее само за сезона, и заработив затоа што не плаќав спиење, а ни јадење (се ми беше вклучено на работното место). Обично и генерално, тие што заминуваат на договорена работа од тука, имаат и договорено сместување, така да не мислам дека е исто како секојдневна работа
И јас работев во сезонски град 12 години и заработував добро, сместување немав ама живеев со моите родители тогаш,си делевме трошоци, зборувам за пред 4 години, кога тогаш немаше сеуште ни К од криза во Грција и беа добри времиња тогаш, но денес секој ден е се полошо, сезонските места се мааалку подобри од другите градови ама не се тоа што беа порано, а за сместување како што кажуваш ти Моира, не се сите работи и со смештај, дали 20% од некоја работа ти дава и сместување, ретко, не им се исплаќа да ти плаќаат и стан и плус плата
Јас работев 2005, работата као требаше да биде преку агенција од (мислам) Кавадарци, нешто „Александрос“ имаше во името, ама тие ништо не ми средија во основа. Кога стигнав во местото, газдата каде што требаше да работам се изненади зошто тој си барал човек само за викенди, а не цело време, и така останав со куфер, во туѓа држава, сама, ама желна за работа и авантура Тој истиот го викна мојот (иден) шеф, за да се договориме ако него му треба некој, и така почнав кај вториот - во бар на плажа. И` кажав и на goordfem, јас ќе го исконтактирам човекот каде што работев јас и ќе го прашам дали му требаат девојки за оваа сезона. Ако да, ќе ви пишам, ако сакате заедно да заминете. Ако не, ќе му кажам да се распраша да не случајно на некој друг му требаат луѓе за ова лето.... Мој совет ви е да си одберете прво место каде сакате да одите, изгуглајте хотели, најдете им инфо мејл и контактирајте лично. Од 10, сигурно 5 ќе ви одговорат, а доволно е со само 1 да се договорите Калиас, газдата мој си имаше изнајмено апартмани во куќа за цела година, и таму спиевме сите што работевме. Богами, и му се исплаќаше, зошто и лани, и пред таа година (значи за време на криза), истото го практикуваше, а знам зошто секоја година сум кај него на гости. Јас сите што ги знам што заминаа, заминаа со средено сместување. Ти ако знаеш 20% - ОК, ти верувам, ама моите бројки не се такви. Како и да е, распрашајте се добро пред да заминете - сместување - храна (има/нема), дневница, работни саати, слободни денови. И најдобро е мислам во хотел, затоа и ви препорачав таква опција, зошто кај нив секогаш има сместување за вработените
Devojki da ne iamte nekoja nova informacija za rabota vo Grcija ve molam pisete i jas sakam da rabotam vo grcija da ne znaete nekoja agencija ili slicno ????
значи , секакви има луѓе по форумов , сакам да одам да работам некаде , ама поарно сама отколку со луѓе кои не ги знам , а се тука по форумов да се изиграваат со нас , оние кои сакаме да работиме ...и не знам никаква помош не добив , исто од лани сакав да идам , а бре луѓе , кој иде си иде , си иде преку луѓе иде и си тера работа , никој не пишува преку кого и што , за ништо тука тлапиме.... кажите па кажите..... доста ми е дека некој ќе каже ... фала им и на луѓето со добронамерно совети..... поздрав феминки...
Јас не сум била, ама другарка моја одеше порано, па колку што знам, ќе споделам. Прво, знам дека викаше дека е најнајосновно дозвола за работа да се извади . Никогаш не одеше на црно, си одеше по некој регуларен пат за да не се тресе од инспекции, бркања и сл. Знам дека се поднесуваше барање, мислам во конзулатот тука. За барање работа, таа најде преку роднина која претходно работела во тоа место. Може да се проба преку интернет, може и на лице место (што е понесигурно) или преку некој што бил веќе. Колку е поголемо местото каде што се оди, полесно е за работа, поголем избор би требало да има. Ама треба да се оди со време, најдоцна во предсезона. Знам исто дека ми кажуваше дека јуни е веќе доцна, таа од мај одеше.
Јас бев лани, оваа година планирам да идам пак но не на истото место од коешто се вратив со не толку позитивни импресии ради газдите. Според мене кај и да отидеш,како ќе поминеш најголемо влијание имаат газдите.
Сите оние кои погоре коментирале дека сакаат да одат да работат во Грција летово што направивте,до кај сте со барање работа/друштво за одење?